петок, 16 декември 2011 г.

NHK се враќа дома


После летната пауза која стигна до зима, Манганација се враќа со нова епизода на сатиричната манга серија „Добредојдовте во НХК“.

Тие што читаа до сега се сеќаваат дека серијата го следи животот на еден хикикомори Сато Тацухиро. Тој е човек на околу дваесетина години, повлечен од социјалниот живот и општеството, затворен во својот дом без никаква визија за себе и својата иднина. Го напуштил факултетот и живее со позајмици од родителите, кои и самите запаѓаат во криза, ја лажи мајка му дека има девојка и работа, а со својот отаку комшија Јамазаки, кој е слично толку забеган, си замислуваат дека ќе направат еротска видео игра, од која ќе заработат многу пари. Тука е и девојката Мисаки, која ги избегнува училишните обврски и се занимава со „лекување“ на болеста на Сато и повозрасната соученичка на Сато Кашива семпаи, која е зависна од лекови за смирување.

Авторот преку различни доживувања на главниот лик Сато низ различни епизоди на серијата не запознава со болестите на јапонското општество и замките во кои паѓаат младите луѓе нарачени NEET (не работат, не се едуцираат и немаат друга обврска). Така што се запознаваме со различни општествени појави и девијации, претставени на комичен и саркастичен начин: хикикомори, отаку, лолита комплекс, интернет самоубиство, зависност од компјутерски On-line игри со играње на улоги (MMORPG), задолжување преку мултилевел продажби базирани на измама и т.н.

Се надваме сека серијата ви се допаѓа и дека ќе продолжите да ја читате, па ви ја претѕставувме новат епизода 16, со почеток на нов том и нови доживувања на Сато и неговите „пријатели“.

Читајте ја новата епизода on-line тука, или симнете си ја во pdf или cbz верзија од Magaupload.
За тие што не читале до сега, сите досегашни епизоди може да се најдат тука.

Нема коментари: