Здраво на сите. Ви ја претставуваме новата епизода на „Добредојдовте во НХК“. Овој пат тука ги имаме Love хотелите (не го врзуваме за Валентин), кои се специфични за Јапонија и претставуваат повторно една критична точка во функционирањето на јапонското општество. Критиката тука повторно е насочена кон празнината која луѓето сакаат да ја пополнат со правењето неразумни работи и неможноста таа толку едноставно да исчезне.
Може да ја прочитате на нашиот манга читач на овој линк, или да ја симнете во pdf тука.
Оваа епизода е спремна скоро два месеци, но обично одевме со распоредот однапред, односно имавме неколку епизоди спремни за да може да го фаќаме секој петок со нова епизода во 13 часот. Но како што забележавте, не ни оди баш најсјајно после паузата. Тимот е некако размекнат и не се турка :) 18 е преведен, исто одамна, ама ни фали тајпсетер. За 19 и натаму ни фалат преведувачи, само чистачите најдобро и најбрзо си ја завршуваат работата, па го имаме цел том ичистен.
Затоа ве повикувам сите, кои сакате сканлацијата на оваа манга да продолжи да ни се придружите во групата. Преведувачи и тајпсетери секогаш се добредојдени. Доколку не успееме, овој наш проект ќе остане недовршен. Но, ако имате желба за некој друг сканлациски проект, групата е тука. Слободно споделете ваши желби за работа. Сепак, како љубители на јапонската култура, убаво е да пробаме да се огледуваме на нив во навиките за напорна работа и постигнување на успех, и да не потпаѓаме кон македонската меланхолија и апатија на неработење и неуспех.
EDIT:
Направивме и cbz верзија, за секој случај ,)

Нема коментари:
Објави коментар