петок, 8 април 2011

Добредојдовте во НХК 1

Манганација продолжи со работа и веќе го започна својот втор посериозен проект, кој веќе го најавивме, а тоа е сканализацијата на серијата „Добредојдовте во НХК“.
Од денес, петок 8 април 2011, секој петок ќе излегува нова преведена епизода од серијата. Доколку имаме некое прескокнување, поради празник или слично, ќе биде најавено тука на блогот. Денес ја објавуваме првата епизода со наслов „Добредојдовте во проектот“.


Инаку „Добредојдовте во НХК“ е манга базирана врз истоимена новела на авторот Тацушико Такимото. Приказната се развива околу дваесет и две годишен хикикомори и претставува еден вид критика на болестите на модерното јапонско општество. Хикикомори претставува социјално повлекување и потполно затворање од светот, а во последнава декада во Јапонија станува сериозен општествен проблем поради распространетоста и зачестеноста. Покрај овој феномен во мангата се обработени и други општествени феномени на јапонското општество како: лолита комплекс или лоликон(рорикон), интернет самоубиство, како и голем дел од отаку субкултурата.

Скратеницата НХК во Јапонија се однесува на јапонската национална телевизија (Nippon Hōsō Kyōkai), но во мангата е заменета со параноичната идеја на главниот лик за организацијата која создава хикикомори (Nihon Hikikomori Kyōkai), повторно алудирајќи на телевизијата и целата отаку аниме култура.


Можеби ова на многумина ќе им се види како нешто далечно, но ќе се изненадите колкав дел од овие феномени стануваат реалност и во нашето општество и како по еден хикикомори лежи во секој од нас.

Ова е колку да ве воведам, а развојот на приказната ќе го доживеете сами читајќи ја мангата на македонски секој петок.

Сега може да ја симнете

2 коментари:

Анонимен рече...

CBZ verzijata e temporary unavaliable

Poljaff рече...

temporary being the key word
мене ми е ок