сабота, 4 април 2009

MyAnimeList.net

MyAnimeList.net е еден од линковите на нашиот блог, десно, под насловот Други Јапонски Сајтови. Тоа е бесплатен портал за аниме и манга фановите. Креиран е од нула за корисниците да имаат брз и едноставен начин да ги каталогизираат своите манга и аниме колекции. Над 13.000 корисници секој ден се вклучуваат на сајтот да ја потпомогнат, дополнат или развијат најголемата социјална заедница на фанови и дата база на аниме и манга. Базата постојано се надополнува, а особено со оние кои се најавени за иднина - одлично за пополнување на Plan to watch/read листата. Базата е креирана и активно ја одржува (со исклучок на проблемите одвреме на време со хостирањето, повторно да напоменам -бесплатен портал!), значи активно ја одржува господин Garrett Gyssler, на MAL познат како Xinil, а заедницата е водена од модератори и корисници од целиот свет.


Сите корисници имаат свој профил, на кој се претставуваат себеси, своите омилени анимеа и манги, карактери од истите и личности - творци, режисери, цртачи, seiyuu (актери на гласовите), автори на музика и сл. Секој корисник има своја аниме и манга листа, во која забележува што гледал/читал, што планира, што оставил за некогаш, а што засекогаш. На листата можете да дадете своја оценка за анимето/мангата, да ставите таг/ознака, да запишете кога сте го гледале, на што сте го гледале (ТВ, ДВД), од коjа fansub група и сл. Можете да пишувате свој блог, да креирате пријателства, да ги споредувате своите аниме/манга листи и компатабилност во вкусовите со пријателите, да ги гледате нивните последни апдејти на листата; да членувате во клубови и разни клупски активности, да пишувате критики, споредби, да разменувате мислења, да читате разни новости од индустријата и светот на анимето и мангата, и секако, да читате и пишувате постови на прилично обемниот форум под најразличните теми. Дури имате и апликација на се’ попопуларниот Facebook, на која вашите пријатели можат да ги видат последните апдејти на вашата листа.

Еве на пример како изгледа страницата на популарниот Death Note

Секое аниме и манга имаат своја страница со комплетни детали за приказната, ликовите, актерите, авторите, слики, критики, препораки, линкови до оригиналните страници, AnimeDataBase, Wikipedia и AnimeNewsNetwork страниците. Секој лик, актер или автор имаат своја страница со краток опис. Вие ја имате таа слобода да додавате манга, аниме, карактери, актери и автори, до модераторите, кои по проверката на веродостојноста ги внесуваат во датотека.


Додека не ја креирате својата листа, а и откако ќе ја креирате, еве неколку примери на листи и профили на некои наши членови: Bi, poljaff, Еден дечко (Sveznajko), Marya (Astartha)... Пробајте, бесплатно е, информативно, а има навистина голем избор на податоци, па и активности. Има голема заедница на фанови од Балканот, зошто да не ја дополниме со нас од Македонија, кога очигледно не’ има многу, нели?

"Never before has it been this easy to share your anime or manga tastes and to discover new series. Welcome to MyAnimeList!"

6 коментари:

Marivche рече...

Браво poljaff, супер што ти текнало вака јавно да го претствиш сајтов :)

Poljaff рече...

Нели? Идејата е на Би, а мене не ме мрзеше да куцкам :)))) Плус, бидејќи сум нон-стоп на MAL, нема шо не сум видела и чепнала :)))

Random nobody рече...

Колку должам за рекламата?

Bi рече...

Ептен е добар постов. стварно требаше вакво нешто. Не стигнав вчера, ама ќе го пријавам на кајмакот денес.

Poljaff рече...

Слушај, во последно време, само ние 4-ца се вртиме на блогов + некои нови деца :)) Заслуживме бесплатна реклама, шо мислиш? :)))

Marivche рече...

Се осеќам експонирано! :D
Енд ај лајк ит :P)))))