После толку романтика и музика на болгов, еве уште нешто „романтично“. Јас лично, потполно се изненадив кога го видов ова, колку е „impersonal“. GPS технологија, овој пат за телефони кои ја имаат таа функција, и тоа..за забележување на згодни девојки или момци.
На пример, сте виделе некого симпатичен пред некоја продавница, сте биле срамежливи да им пријдете, па во апликацијата го запишувате времето, локацијата, и дали било момче или девојче. Да речеме дека е момче. Ако и тоа ја внесе истата информација (дека забележало згодно девојче т.е. вас), телефонот / апликацијата ќе ве извести за тоа, сте се поклопиле, па нема место за срам. Меѓутоа, пазете се, зашто апликацијата ќе ви каже и ако имате ривали за истата личност, на пример, другарката што била со вас.
Апликацијата се вика Hitomebo и е бесплатна. Името доаѓа од Hitomebore што може да се преведе како “љубов на прв поглед“, а апликацијата е дело на компанијата за развој на апликации за мобилни телефони YourMind. Наводно, идеата произлегла од личното искуство на еден од директорите кој упорно тврди дека ова не е апликација за лични контакти, односно dating site, веројатно затоа што во Јапонија постојат посебни регулативи за таквите сајтови.
Момци и девојки, бидете директни! Не потпаѓајте под влијанијата на новите технологии. Секогаш е подобро личен пристап, отколку апликација да ви каже дека си одговарате со некого, верувајте :)
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
8 коментари:
хехе, лудило, многу јака работа. Што све не ќе им текне бе.
Ама знаеш, за советот, можеби си во право, но вака без лично пристапување е многу поромантично ^_^
Хехе, порано се допишуеле преку гОлУб писмоносец, ние на времето кисневме по телефони, сеa младинава нешо љубаФ преку скајп, мајп, ово оно, а јапанциве ќе се бендисуваат преку мобилен! Ахахахахахахахаааааа
До кај стигна светов :)))))))))
Уште да се наплаќа као велју едед срвис пер бендисување, охохохооо еве приход за бонуси ;)))))
Кажете ама сум романтична :P))))))))))))))
Хахаха, мене ми е слатка апликацијава ако замислиш деца од 15-16 години. Замисли директор на огромна фирма за развој на апликаци, да го користи ова...посебно знаејќи дека нема шанси некој на 20 години да е директор во Јапонија :))))) Замисли бабички и дедовци во Јапонија да користат ваква апликација :))) Тоа ми беше најсмешно, нели?
Де па ти poljaff, за љубАФ никад не е касно :P))))) Баш на сингл бабичките и деденцата им е најпотребна. :))))))))))))
А директорот, па се знае, вака на дискретен начин ќе начека некаде некоја спонзоруша (пинк продакшн цура) :)))))))
А може и некоја *супер бабичка* :D
Да, да сигурно... :)))))
Идеш комбинација: Директорот--> бабичката, бабичката--> спортски градениот младич, младичот--> цурата од пред продавницата, цурата--> друга цура што поминуе, другата цура--> ќелавиот батка у БееМВето, батката --> спонзорушата... иц ол бат д сејм, сите патишта водат до спонзорушата ;)))))))))
Леле, спонзорушата, хахаха
Барање на “спонзорство“ преку дејтинг апликација
ХАХАХА!
Плус рецесија е ... per aspera ad спонзора :)
Објави коментар