На 27 Март 2009 година (ако се земат в предвид и тренинзите) официјално започна овогодинешната сезона на Формула 1 во Австралија. Но она кое ќе биде од интерес во овој пост се јапонските стази за Ф1, "Fuji Speedway" и "Suzuka", иако Гран При-то на Јапонија за оваа сезона е сеуште далеку, односно е закажанo за 4 Октомври.
Тркачката историја во Ф1 Јапонија започнува во 1976 година, на "Fuji Speedway" , стаза долга 4.563 km, со капацитет од 22.288 гледачи, лоцирана на околу 40 km од Yokohama. Но тркачката "традиција" била прекината веќе во 1977, поради сударот на Жил Вилнев и Рони Петерсон, како и смртта на двајца гледачи кои Вилнев ги "поткачил" со своето Ферари. Инаку, историјата на "Fuji Speedway" започнува во 1963 година, но поради недостаток на средства, било отсатпено од оригиналната замисла за изградбата на стазата според планираното. Подоцна таа преминува во сопственост на "Mitsubishi Estate Co.", поради инвестициите на компанијата во траката. Во 1965 била конвертирана во обичен пат (road course), но поради закосената кривина, била прогласена за опасна, бидејќи на неа се случувале често сообраќајни несреќи. Веќе во 1967 година, стазата е доградена за да се избегнат овие несреќни случаеви, што се покажало успешно, а во '76 започнала првата Ф1 сезона во Јапонија.
По погоре споменатиот несреќен случај предизвикан од Вилнев, Ф1 трките во Јапонија се враќаат по 10 години, во 1987 година, и тоа на 5.807 km долгата "Suzuka", која се наоѓа во Нагоја, а има капацитет од околу 100.000 гледачи. Оригинално била замислена како тест стаза на "Honda", а дизајнирана од страна на John Hugenholtz. Таа е една од поретките стази која има форма на 8 (figure 8 layout), а решението за вкрстувачките интерсекции е во конструкција на соодветен мост (overpass). Како една од најстарите стази на светот, таа била место каде се оддржувале едни од највозбудливите трки, а дури 9 пати на "Suzuka" бил одлучуван и победникот во Формула 1.
По најавата на FIA, на 24 Март 2006, било одлучено во 2007 година "Suzuka" да биде напуштена за Ф1 трки, во корист на "Fuji Speedway" која е во сопственост на "Toyota", но останува да биде стаза на која се одржуваат други тркачки настани. Ф1 трките две години по ред (2007 и 2008) се одржуваа на реконструираната "Fuji Speedway", но на 8 Септември 2007 донесена е одлука "Suzuka" повторно да биде вратена во игра. Бидејќи самата одлука за нејзино исфрлање од Ф1 била дочекана со незадовлство, што од фановите, што од возачите, на кои на многумина таа им била омилена, враќањето на "Suzuka" е дочекано со големо задоволство. Од сега па натаму, стазите ќе се менуваат.
Спонзор на Јапонското Гран При е Телевизијата Фуџи, а на следниве линкови може се информирате за сите Јапонци кои учествувале во Формула 1 трките (прв дел/втор дел), како и преглед на историјатот на јапонски Ф1 тимови во комбинација со нивни возачи . Најбрзиот круг на "Suzuka" го има постигнато Ралф Шумахер во 2001 година, 1 мин, и 14,448 сек, додека рекордот на "Fuji Speedway" датира од 1977 година, постигнат од страна на јужноафриканскиот возач Џоди Шектер од 1мин и 14,300 сек. На "Suzuka"се возат 53, додека на "Fuji Speedway" 67 круга.
Според мое мислење, "Suzuka" е визуелно најатрактивната стаза во светот, мошне комплексна, но и со солидни можности за претекнување.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
2 коментари:
Фан на Ф1? И јас, ама штета, не сум фан на јапонските возачи :)) Ај, на зима ќе напишам пост за ски-скокачите :)) И нив ги сакам ептен :))
Оу јеа, јас од пред некоја година сум фан на Џенсон Батон. Иначе, порано Дејмон Хил ми беше фаворит под рука со Жак Вилнев. Јапански возачи не, ама Сузука ми е слабост од детињство :D
Него, супер ти е тоа за ски скокачите, од зимските спортови само тоа гледам :D
Објави коментар