вторник, 3 мај 2011 г.

Јапанорама 18 - Wicked city - Патување во 80тите

За осумнаесеттото издание на Јапанорама, патуваме назад во 1987 та година. Изборот падна на анимето "Wicked city", класифицирано како анимиран neo-noir хорор, режирано од страна на Yoshiaki Kawajiri, а изработено според истоименото книжевно дело на Hideyuki Kikuchi.

Дејството се случува на крајот на 20тиот век, каде се разврзува приказната за можната коегзистенција на човечкото и опшетството на демоните. Со голем број на хорор, акциони, роамнтични, но и порно сцени, ова е едно мошне интересно остварување, кое секој аниме љубител мора да го има во неговата листа.


Во Сабота, 07ми Мај 2011 година, Јапа.нет.мк во соработка со Клубот на новинари - Скопје, ви нуди една убава можност да погледнете солидно аниме во добро друштво и со македонски превод.

2 коментари:

Mižimakov рече...

Let's do some time-warping! :D

Bi рече...

Мене не ми е гледан. Многу сакам да дојдам, само да најдам некој Нана да ми ја почува.