сабота, 21 мај 2011 г.

Гејша V.S. Оиран





Кога станува збор за професијата на Гејшите, многумина прават голема грешка представувајќи го терминот Гејша како синоним за проститутка. Всушност, проститутките од Едо ерата во Јапонија се нарекуваат Оиран. Иако физички изгледаат премногу слично, постојат суштински разлики.















Што е Гејша?

Терминот Гејша е скован од два канџи симобола, геи (уметност) и ша (личност), што во буквален превод би значело уметник.
Девојките кои што сакале да станат гејши го започнувале ствојот тренинг многу мали. Ученичката за гејша се нарекува Маико (што значи дете што танцува). Девојките постари од 21 годишна возраст се сметаат за премногу стари за Маико, но во Токио на пример, девојките почнуваат да учат на 18 годишна возраст. На некои други места пак, почнуваат на 3 или 5 годишна возраст, иако постојат и случаи кога девојките станале целосни Гејши без да поминуваат низ Маико стадиум. Маико го започнува своето формално тренирање како Минараи (ученичка што седи од страна, гледа и учи). На почетокот наоѓа постара „ сестра“, Гејша која ќе и биде ментор во текот на целиот тренинг. Воглавно, се што треба ученичката да прави е да набљудува што нејзината постара сестра прави, да учи како да послужува чај, и некои други основни техники како играње и разговор. Оваа фаза трае речиси цел месец, а потоа од Минараи преминува во Маико, кога ученичката почнува да учи да танцува, мора да ги знае сите начини за послужување на чај, учи да свири шамисен итн.

Постојат 5 различни фризури за Маико и секоја од нив ја одликува фазата во која таа се наоѓа за време на својот тренинг. Сестрата на Маико обично помага во избирањето на новото професионално име на идната Гејша. Кога Маико ќе наполни 20 години, таа станува целоста Гејша и наплаќа полна цена за нејзиното време.
Она што го работи Гејшата е софистицирано забавување на мажите, свирење на шамисен, пеење, танцување, служење чај, учествување во разговори.











Што е Оиран?

Оиран се „девојки за задоволство“, односно проститутки кои се појавуваат во Едо ерата (1600 – 1868). Во тоа време во Јапонија, законот ги ограничува борделите и ги изолира од градовите. Во близина на Кјото, најпознат бордел бил Шимабара, Шимачи близу Осака, а во Едо (денешно Токио) Јошивара. Овие места за многу кратко време се здобиле со голема популарност нудејќи разно разни услуги.
Во светот на Оиран постоела хиреархија според убавина, карактер, едукација и талент. Тају се сметале за највисок ранк на проститутки кои им биле достапни единствено на богатите.
За да ги забавуваат своите клиенти, Оиран требало да имаат познавање од танц, музика, поезија, калиграфија и да бидат способни да водат софистициран разговор, но за разлика од Гејшата, тука се вбројуваат и сексуалните услуги.
Подемот на Гејшата става крај на Оиран, за да се дојде до Оиран потребно било да се понудат повеќе пари отколку да се биде во друштво на Гејша. Затоа за многу кратко време Гејшите ја надминуваат популарноста на Оиран. Последната регистрирана Оиран била во 1761-та година.



Дополнителни разлики помеѓу Гејша и Оиран:

- Оиран ги продаваат своите тела, додека пак клиентот на Гејшата знае дека не може да очекува ништо повеќе од разговор. Гејшата поминува низ церемонија наречена мизуаге, што значи губење на невиноста со патрон како последен чекор до комплетно станување Гејша. Парите добиени за мизуагето вообичаено е голема сума и се користи за промовирање на Гејшата или нејзината окија-куќата во која живее. Мизуагето не се смета за проститутски акт.

- Сандалите на Оиран се највисоките платформи кои што можат да се замислат и се нарекуваат кома-гета. Чевлите на Гејшата се нарекуваат зори.














- Оиран го врзувале своето оби напред, на стомакот, за полесно одврзување, а Гејшите го врзувале позади, на грбот.

- За разлика од Оиран, Гејшите никогаш не би дозволиле да го покажат своето голо стапало и носеле чорапи наречени таби.



- Кимоното на Гејшата представува слика, композиција на прекрасни бои и дизајн, и најчесто има повеќе слоеви од кимоното на Оиран, кое што се одликува со јаки и впечатливи бои.

- Оиран, за разлика од Гејша, носат повеќе украси и чешли во косата.

7 коментари:

Gocho рече...

zakoon, super statija :)

Bi рече...

Вери мач лајк *-*

Datenshi Iru рече...

Glad you liked it ;)

Temari рече...

Ирма змајка! Мн е добро :D:D:D:D

Poljaff рече...

Таман го спремаме Сакуран за некоја наредна преокција :)
Појасни многу сега, пред филмот :)

Cool stuff! Go girl go!

Datenshi Iru рече...

Охоо а баш ќе го препочаував Сакуран. Значи постов таман дошол , мило ми е ^^

nanashi рече...

good post. арно наидов на него и го пточитав. не знаев дека мизуаге не го сметат за проститутски акт, затоа и не ми беше толку јасна разликата меѓу оиран и геиша... ххх
пред година две читав некаде дека има само уште една, последна Оиран која па не тренира веќе никого. постот за оиран би можел да биде поопширен.
be as it is i like it :)

пс. woman of pleasure ме потсети на некои интерпретации и симболизми околу Чихиро/(Spirited Away) кои се вртат по интернетот.