На последната Јапанорама, која се оддржа во Клубот на новинари, на 07 Мај, ја имав можноста да запознаам наш член, Марјан Болтевски, од кого во краткиот разговор по завршувањето на проекцијата, осознав дека присуствувал на фестивалот Јапанизам во Белград во 2009тата година, во организација на Сакурабана. Тука накратко низ збор и слика ќе пренесеме дел од неговото искуство.
Марјан вели: "Мојата дружба со Сакурабана и БГ-аниме (и двете организации се споени) од Србија почнува некаде во 2007та. Како аниме и манга фан некое време барав македонски сајтови кои зборуваат општо за аниме/манга, јапонска уметност, филмови ит.н. Не можев да најдам македонски сајтови, а од балканските, само Сакурабана имаше поизразена активност. Се решив да станам нивен член и беа доста изненадени што Македонец им се придружил, ама одлично ме прифатија и супер се вклопив. Што се однесува до моето присуство на Јапанизам 2009, после две години дружба се случуваа дејства за собирање на средства за Јапанизам. Една другарка од Ниш, која беше меѓу главните за организирање на Косплеј забавата ме запраша дали ќе бидам таму. Иако немав во план да одам за Белград во тоа време, од различни причини, по неколку дена убадување од страна на членовите и организаторите, и по нејзината изјава дека "ќе плачеш што не си бил со нас", прифатив да одам. И не зажалив.
Еден од главните активисти на БГ-аниме беше мој домаќин и таму бев сместен за времетраење на целата манифестација, која траеше 5 дена. Првиот ден беше резервиран за отворањето на Јапанизам со говор на Јапонскиот амбасадор, па модна ревија на goth модели, изложба на манга цртежи. Послуга на пијалоци вршеа девојки облечени како French maids и на крајот на денот го даваа "20th century boys". Вториот ден имаше промоција на гејминг новитети од Јапонија, манга работилница, како и дискусија за тоа што е подобро, мангата или анимето. Хајлајт на денот беше едночасовната демонстрација на кендо. Тогаш за прв пат имав можност да видам кендо "up close", а денот се заокружи со прикажувањето на "The wings of Honneamise". Треттиот ден беше резервиран за дискусијата за табу теми кои се јавуваат во мангата/анимето и првобитната реакција на публиката, а на крајот на денот се проектираше "Tales from Earthsea". Претпоследниот ден имаше трибина на тема "Грешни задоволства" на тема hentai/ecchi, појаснување на термините и денот се заврши со настап на Gothic. За на крај беше оставена премиерата на "Ayakashi: classic Japanese horror", како и косплеј забавата.
Косплејот беше организиран на многу високо ниво, и траеше неколку саати. Немав замерка на ниту еден костим, а доминираат Naruto и Bleach косплеерите. Главната награда ја доби L од Death Note, но мои лични фаворити беа Sagara (FMP) и Spike (Cowboy bebop). Така заврши и петтиот, последен ден.
Се' на се' премногу сум задоволен од тоа како си поминав, и се надевам дека повторно ќе присуствувам на Јапанизам, како повеќе од гостин."
Занимлив потфат нема што, нешто што може и другите да го направиме. Секоја чест за потфатот и на Сакурабана и БГ-аниме, и им посакуваме долгогодишна и успешна организација на манифестацијата.
Нема коментари:
Објави коментар