Додека средновековните Европјани на змејовите гледале како на злобни и застрашувачки суштества, кои блујат оган, сеат страв и трепет кај народот и крадат злато и драги камења кои ги трупаат како свое богатство, далеку на истокот се развива сосема поинакво гледиште за овие прекрасни митолошки суштества. Како и во останатите Азиски земји, и во Јапонија змејот го има заслужено своето место во митологијата како величенствено суштество, кое е носител на среќа, успех и хармонија, на мудрост и просперитет.
Змејот (ryū или ryō) е змијовидно суштество, кое има глава на камила, еленски рогови, очи на зајак, крлушки на крап, тигарски шепи и канџи кои потсеќаат на орелски канџи. Имаат и мустаќи и драг камен под брадата, а често може да се видат претставени и со крилја. Според легендите, змејовите може да завземаат човечка форма и да имаат деца со луѓе. Нивен најголем непријател е фениксот, како и човекот птица наречен Karura. Она по кое се разликува од останатите азиски змејови е во бројот на канџите. Јапонскиот змеј има 3 канџи. Според јапонското гледиште за бројот на канџите, змејот потекнува од Јапонија, и како се оддалечувал кон другите азиски земји, добивал по една канџа плус, за да ако се оддалечи премногу од Јапонија, не може да продолжи понатаму ради преголемиот број на прсти со канџи. Во Кина се тргнува од спротивното гледиште.
Змејовите се врзуваат на водената димензија, и често може да се видат претставени опкружени со вода или облаци. Јапонските легенди укажуваат на постоење на 4 вида на змејови, четирите змејови - кралеви кои владеат со четирите мориња (оригинално се настанати како суштества чувари): небесни змејови кои го чуваат живелаиштето на боговите, спиритуалните змејови кои владеат со ветрот и дождот, и поплавите, земјените змејови кои ги пречистуваат реките и ги продлабочуваат океаните и змејовите-чувари на богатствата кои се заштитници на благородните метали и драгите камења.
Најпознат змеј во јапонската митологија покрај погоре спомантите кралеви е и Ryu Jin или Ryo Wo, кој потекнува од Шинто религијата и се смета дека е змејот крал на змијовидните луѓе кои живеат во морето. Исто така, мошне познате е и Fuku Riu - змејот на среќата, кој најчесто е прикажуван во позиција на искачување кон небото, што во азиските земји е показател на среќа. Понекогаш, змејовите може да се и показатели на некои немили настани, како на промер O-Goncho, кој се смет како предвесник на глад, или пак злобните Ubiwami кој се хранел со луѓе и животни и Yofune-nushi, кој ги принудувал локалните селани секоја година, на 13ти Јуни да му жртваат по една девица, што ако не се случело, им се заканувал со уништување на нивните рибарски бродови. На овој линк може да прочитате повеќе и за останатите познати змејови, а овде и по некоја занимлива митолошка приказна.
Денес змејовите претставуваат украс на ѕидовите на многу храмови, постојат голем број на резби со мотив на змеј, карактеристични за храмовите на Зен Будизмот. Змејовите живеат и на телата на луѓето, претставени преку голем број на импозантни тетоважи.
Нема коментари:
Објави коментар