вторник, 5 јули 2011 г.

Синдром #5: Сканлација –Манганација By Jokoc

Голем поздрав до момците од Македонски Стрип Форум, а особено до Раста за поддршката :)


Ова е текстот кој излезе во последниот број на Синдром. Jokoc со задоцнување денес ни го прати, за членовите на Манганација и на Јапа.нет.мк. Повелете ,)



Како што спомнавме во третиот број од „Синдром“, проблемите со популаризирање на мангата
биле во неможноста за читање манга на сопствениот јазик. Токму како резултат на ова се појавиле групи на луѓе кои го познавале јапонскиот јазик и кои својата љубов кон мангата ја пренесле на другите преведувајќи ги мангите на домашниот јазик. Од 70-те, кога прв пат се појавиле овие групи, денес се прераснати во цели тимови чија активност покрај превод вклучува скенирање и уредување на манга. Денес, целиот овој процес го добива името сканлација. Иако сканлацијата денес се однесува воопшто на стрипови, нејзините почетоци се токму во прилагодување на манга.

Од неодамна кај нас почна да функционира првата група за сканлација на манга на македонски
јазик –„Манганација“. Целата иницијатива за формирање на групата започна од луѓето кои го
долго време и активно го водат блогот japmk.blogspot.com. Иницијативата започна во средината
на февруари преку нивната страна на fb (групата japa.net.mk), како дискусија за формирање на
група за сканлација. Откако се пријавивме повеќе заинтересирани луѓе за преземање на одредени одговорности, а потоа и потврдивме дека сме сериозно заинтересирани, следеше бреимсторминг за името на групата. И така настана „Манганација“.

Првиот тест проект беше one shot мангата „Кошмарот на измислици“, официјално објавен на 11 март. После успешното функционирање на групата на овој проект, одлуката падна наредниот проект да биде култната манга „Добредојдовте во Н.Х.К.“. Набрзо обврските беа распределени и на 8ми април излезе првиот дел од НХК. Успешното функционирање на групата беше потврдено во исполнување на ветеното –секој петок нов дел од оваа манга.

Групата брои 22 членови, од кои 13 члена имаат активно учество во сканлацијата. Bi е координатор и одговорна за проверка на квалитет (QC), poljaff проверува, преведува звуци, тејпсетира и објавува на веб, Asami чисти и тејпсетира, Nasadigital и Razex чистат, Ref тејпсетира, превод –Nana, Sonshi, jokoc и Hosegawa, проверка на текстови Goaty, Bane the jester –redraw, Ecchi (обезбедува домејн, ридер и фтп). Секој кој сака да се придружи и да помогне во работата на Манганација едобредојден и може да ги побара на groups.google.com како manganacija, а доколку сакате само да го следите нивниот труд тогаш посетете ги на manganacija.com.


Во меѓувреме ни се приклучија и Imenka и Boy, а u240b е постојано со нас за техничка помош.
Само напомена, сајтот manganacija.com e сеуште во фаза на изработка. :)

Нема коментари: