Shigurui(превод:Лудило по смртта,Смртоносен транс)
Манга
Автор:Јамагучи Тадајуки
Жанр:Историски,драма,трагедија
Наменето за возрасна публика
Број на танкобони:15
"...бидејќи самурајот не беше господар на својот живот.Кога воин влегува во службата на својот господар,нема поголема чест од онаа да си го даде животот за него.Феудалното општество,во својот совршен облик беше сочинувано од мал број садисти и голем број мазохисти.”
“ Турнирот во замокот Суруга”
од Норио Нанѓоу
Во 1629 година јапонскиот народ живее во време на мир.Господарот на провиницијата Суруга Токугава Таданага,брат на шогунот Иемицу,организира турнир во мечување во неговиот замок.Овој турнир предизвикува големо чудење бидејќи борбите не се водат со дрвени мечови(бокени) туку со вистински челични мечови(катани).И покрај приговорите на неговите советници,никој не го спречува одржувањето на турнирот на кој се поканети 22 најдобри мечувалци.За чудењето да биде уште поголемо првиот двобој се одвива помеѓу еднорак самурај по име Геносуке Фуџики додека на другата страна го предизвикува слеп самурај по име Ирако Сеиген.И како што се одбројуваат последните минути од почетокот на овој двобој така откриваме дека овие самураи не се случајно одбрани од самиот господар Токугава-имено и двајцата делат заедничко минато како ученици на најдобриот мечувалец во тоа време Ивамото Коган.
Shigurui не е типична самурајска манга-во неа се прикажува поинаква слика за начинот на живот на самураите.Во неа нема да се најде ни трага храброст,доблест благородништво и чест на овие воини,одлики кои ги среќаваме во филмовите на Акира Куросава,делата на Мијамото Мусаши или стриповите во стилот на Химура Кеншин.Овде тие се претставени како блудничари,социопати,декадентни и дегенерици,а самурајскиот живот како можност слободно да си ги канализираат своите прикриени желби,додека обичниот народ нема многу избор освен понизно да си ја прифати судбината.
Главни ликови и двигатели на Shigurui се Ирако Сеиген(таинствен и харизматичен патник кој добива шанса да биде ученик на Ивамото Коган) и Геносуке Фуџики(кој од мали нозе е обучуван под будното око на Ивамото Коган и чија слепа послушност е ненадминлива дури и за најпокорните поданици).Како што постепено со секое поминато поглавје се откриваат нивните побуди за учество на турнирот,така се губи секоја можност да се идентификувате со било кој од нив,бидејќи користољубието,омразата и слепата амбиција длабоко се засадени во душите на овие антихерои.
Голема пофалба оди на сметка на цртежот.Големо внимание е обрнато на деталното и естетското прикажување на градовите,селата и замоците,ликовите се нацртани сосема реалистично(овде нема да сретнете големи очи,тенки вратови и бизарни фризури),а воедно голем плус е и тоа што Shigurui ги има можеби најубаво нацртаните секс сцени кои некогаш сум ги видел во манга.
Како заштитен знак се издвојува насилството.Shigurui е една од најбруталните манги на сите времиња и знае честопати да предизвика чувстсво на гадење бидејќи има многу реален,графичи и експлицитен пристап кон сцените со насилство.Овде ќе видите сцени на отсекување на раце,нозе,глави,истурање на црева по подот,но сето тоа е прикажано елегантно и стилизирано,небаре станува збор за бизарен вид на уметност.
Оваа манга не е за секого.Има моменти кога ќе ви стане одбивна и ќе ве одврати од понатамошно читање,но ако не ви смета експлицитен секс и насилство и ако сакате поинаква и понеобична приказна за животот на самураите ова е манга за вас.
2 коментари:
Честито прв пост на блогот. Нека ти се множат :)
Fala :)
Објави коментар