







Роботчето именувано по еден од подобрите сф писатели на сите времиња стана и музички надарена личност. Додуша во очите на некои се намали почитта кон оние кои ја држат палката во свои раце. Уживајте! :)
Традиционални јапонски слатки се wagashi-тo, направени најчсто од шеќер, овошје и пире од азуки грав (azuki beans). Термички не се обработуваат, а и не се јадат во големи количини, обично како додаток на нешто друго (со matcha ит.н.), бидејќи и немаат некој особен вкус.
2. Glico Watering Kiss Mint Gum - Peach Mint Pink - бонбонќи кои подолго време се на јапонскиот пазар, а се за сите оние кои патат или мислат дека патат од "хроничен миришљав здив".
3. Meiji Chocori - Mild Chocolate - чоколатца во стилот "со чисти раце" затоа што се "лапни голтни".
4.Glico Breo - Peach Mint - таблетки кои наводно го чистеле јазикот "Freshens your breath and leaves your tongue so clean that you'll want to stick it out to show everyone like they do in the CM's "... Замислете
6.Meiji Takoyaki Shop Gummy - takoyaki (ама ова е со карамела) со упатство за употреба, односно за ад хок препарација на благцето.
7.Meiji Dice Caramel *New Package* - пакетов го нарекуваат "yummy taste from Japan's past". Карамелки во коцки...
8.Sakuma Drops Candy - овие се оние што се спомнуваат во "The grave of the fireflies"
9. Ramune Bottle Candy - бонбони со вкус на лимонада, кои се базираат на познатиот Ramune јапонски пијалок (или лимонада ако се преведе)
10. И за крај, Кit kat Sakura - нема потреба од објаснување... сакам ваквооооо... и тоа другото е ок... да нема забуни:)
На овој сајт може да ги видите сите актуелни слатки, па и снекчиња во Јапонија клик.
Оваа прилика ја користам да ги поздравам: Dorina чоколадата со бисквити, Топ кек со чоколадо, целокупниот асортиман на Kit Kаt производите, едни турски колаченца со М&М's одозгора, кои не знам како се викаат, ама се многу фини, Тwix-от и Bounti-то, Biskrem-от и Tutku-то и еурокремот на Swiss Lion (бившо Таково).
Ајде од утре диетка :P
ми не е. Станува збор за нова книга од Tiffany Godoy, креативен консултант, која решила да направи своевидна хроника за уличната мода во Токио, и тоа во делот кај Harajuku, или како што го нарекуваат "Токискиот стилски епицентар" - огромен лавиринт полн со бутици, продавници, кафулиња и луѓе. Намерата на ова дело е да му ја укаже на Harajuku должната почит кон неговиот придонес во
креирањето на јапонската и глобалната улична мода. Авторката насловот го објаснува со тоа дека големите скокови од стил во стил во овој дел се толку очигледни и дека тие не дозволуваат долго задржување на определен стил, туку тенденцијата е кон рапидно пребегнување кон и голема "жед" за се понови стилови.
уредник и како моден консултант и познавач, а во својата контакт листа дури ја има и Patricia Field. Книгата ја започнува со историски осврт на самиот дел, со соодветна мапа, па преку најпознатите стилисти и фризери, до тематските облеки на младите. Книгата изобилува и со фотографии на огромно задоволство на љубителите на уличната мода. Во посебен оддел даден е феноменот Gothic Lollita, каде Маriko Suzuki дава солиден опис за потеклото на истиот, како и за visual-kei и неговото значење и придонес.
Точно... од многу одамна ги користам како прибор за јадење, нормално, за наши јадења кои дозволуваат употреба на chopsticks. Посебно добро ми служат за шпагети, и во принцип, ако немам chopsticks тешко се решавам да јадам, затоа што искрено, никогаш не ми било јасно како се користат вилушката и лажицата во комбинација за "делкање" шпагети.
од чинијата (муи фрики, ај маст сеј)
и никако не смее да се забодуваат во ориз, бидејќи тоа се прави само на гробишта во чест на мртвите предци кога според будистичките обичаи, им се нуди ориз... Исто така не треба да се подава храна директно од hashi на hashi, затоа што еден друг погребен обичај подразбира подавање на изгорените коски од човек на човек, па си направиле несреќна паралела. И некултурно е да се покажува на нешто или кон нешто со hashi-то, а и не треба да се мавта во прзно со нив.Одамна немам пишано, ама оправдано е - немам интернет дома (Т_Т).
Така да и овој пат ќе биде на кратко.
Една работа поврзана со Јапонскиот менталитет, која повторно ме фасцинира и толку е идеална што се граничи со невозможност. Во некои од токиските железници постојат подвижни полици кои наликуваат на оние автомати за пијачки, храна или кафе, но се нешто поголеми и се за книги. Главната разлика од „vending machines“ на овие направи е тоа што книгите кои се наоѓаат внатре не се поставени позади некое стакло туку се достапни за секого и не се наплаќаат.
Финтата е во тоа што концептот на овие полици е книгите кои се внатре да бидат достапни за секого, така што секој кој ќе земе книга откако ќе ја прочита треба да ја врати на истото место. Замислете ова функционира. Тука од изворот прочитав дека некои луѓе кажуваат дека овој концепт се пробал и во Шпанија, но сите книги исчезнале и никогаш не се вратиле. Мислам дека слично би било и тука :)
Од сето ова мене ми се отвара прашање: што е тоа што всушност ги држи јапонците да не отстапуваат од принципите, па дури и кога постои голема шанса да не бидат казнети доколку не го прават тоа?
Доколку имате некои прашања, предлози или сакате да ни се придружите во креирањето на овој колаборативен блог пишете ни на