петок, 24 јуни 2011 г.

Добредојдовте во заклучената соба (Добредојдовте во НХК 12)


Еве уште една недела. Овој пат горештините настапуваат кај нас, а со Сато Тацухиро се случуваат работи зад заклулена врата.

Во оваа епизода имаме: врзување со лисици и S&M моменти, се разбира во комична конотација, и посериозното разгледување на ефектите на социјалното повлекување (хикикомори синдромот од кој пати Сато): невработеност, трошење пари од родителите и целосна паразитска зависност од нив.

Новата епизода може да ја симнете од тука:

ONLINE READER - Читај тука!

петок, 17 јуни 2011 г.

Добредојдовте онлајн (Добредојдовте во НХК 11)

Успешно завршивме 2 книги од проектот Добредојдовте во Н.Х.К. и денес почнуваме со третата. Работите стануваат се’ повозбудливи, нели? :)

Новата епизода го носи насловот „Добредојдовте онлајн!“ и раскажува за зависноста од игрите. Претпоставуваме некои од вас ќе се препознаат себеси, бар малку. ,) Речиси целата во „гејмерски“ жаргон на MMORPG игрите, но лесно и забавно е раскажана, па и оние на кои онлајн игрите им се непознати ќе уживаат во неа.

За онлајн читање ја имате овде
А повторно ги имате и верзиите за симнување во pdf и cbz формат

среда, 15 јуни 2011 г.

Јапанорама 21- Summer Wars

Кога станува збор за аниме посебно за оние филмови кои се наменети за целото семејство, ретко кој може да му го преземе приматот на фантастичниот Miyazaki. Но, има неколку режисери кои би можеле да се борат за неговиот трон. Во случајов, Hosoda Mamoru, кој нам ни е познат по Toki wo Kakeru Shoujo (The Girl Who Lept Through Time), а можеби и по филмовите на Dragonball и Digimon.

Оваа Јапанорама бр. 21 ви го претставуваме неговото последно дело - Летни Војни (Sama Wozu), долгометражен анимиран филм од 2009-та, кој уште од своето појавување доживеа одлични критики.
Филмот содржи доста познати елементи, но и богатсво од карактери и нивни забавни меѓуодноси. Мошне свежо ни го прикажува и имагинарниот и виртуелен свет ОЗ, чија анимација може да се спореди со уметничките дела на Murakami Takashi. Летни Војни на места е мелодраматичен, во разглобувањето на фамилијарните врски и меѓучовечките односи, но и возбудлив, во прикажувањето на позитивните страни на социјалните мрежи на глобалниот Интернет и потенцијалната опасност од погрешното користење на вештачката интелегенција и виртуелните авторитети.

Ве очекуваме, во сабота 18.06.2011 во 20.00 часот во просториите на Клуб на новинари.

P.S. Преводот е на македонски, а влезот е бесплатен. ;)

понеделник, 13 јуни 2011 г.

Манга за летно уживање

Моно но аваре (物の哀れ Mono no aware), буквално „патосот на нештата“, исто така се преведува како „емпатија кон нештата“ или „осетливост за ефемерното“ е јапонски термин кој означува свесност за непостојаноста, или минливост на нештата и нежна тага кон нивното поминување. Смислен е во осумнаесетти век од страна на Мотори Норинага и од тогаш претставува незаменлив дел од јапонската литература и традиција.
Ова е уште еден од јапонските концепти кои се достојни за восхит и кои длабоко се всадиле во јапонската култура и живеење. Слично како и вабисаби и овој естетски поим е нешто што не можете толку лесно да го дофатите или опишете, но единствено може да го доживеете. Посматрањето на цветот на јапонските цреши (Сакура) е само еден од начините преку кои јапонците го насетуваат недофатното, минливоста на времето и трансцедентноста на работите. А едно од попознатите литературни дела во светот од јапонски автори, кои го опфаќаат ова чувство е „Норвешка Шума“ на Муриками.
на Хитоши Ашинано е манга
преку која највистински може да го доживеете „моно но аваре“
концептот со сета негова силина. Оваа манга раскжува за 'животот' на една девојка робот,
која живее во едно оддалечено пусто место грижејќи се за кафиќот „Алфа“, каде што ретко кој поминува. Таа останува иста, а работите поминуваат и се менуваат, тивко. Времето е во самракот на светот, откако голем дел од земјата е поплавена под вода и луѓето потполно го промениле начинот на живот. Сè е некако релаксирано и опуштено. Луѓето живеат пензионерски, без непотребно напрегање и возбудувања. Целото чувствошто го оддава мангата потсеќа на лето од детството. Измешано чувство на носталгија, меланхолија и возбуда. Чувство што предизвикува зависност и едноставно не можете да му се науживате. Поради тоа оваа манга предобро легнува за читање во лето. На плажа или по дома, не е важно, поради тоа што успева да ве однесе во некој друг време-простор од кој не сакате да се вратите.Интересно е што авторот ја пишувал и објавувал оваа манга цели 11 години, и со тоа уште повеќе го нагласил „моно но аваре“ концептот, но тргнувајќи од себе, знам дека не би можела да ви предложам и вас да го направите истото при читањето.
Мангата може да ја најдете на некој од попознатите манга ридери, но еве ви еден линк за секој случај. Удобно читање:


Се надевам во некои подобри времиња Манганација ќе може да ја сканлира и оваа манга :)