петок, 29 април 2011 г.

Добредојдовте во училницата (Добредојдовте во НХК #04)

Се надевам веќе почнува да ви преминува во навика да го посетувате нашиот блог за петочните апдејти на мангата „Добредојдовте во Н.Х.К.“

Овој петок, претпразнично Манганација ви ја претставува најновата, 4-та епизода „Добредојдовте во училницата“. Се надеваме дека ќе уживате и во неа.


За онлајн читање можете да ја најдете овде.

И како и секогаш pdf и cbz верзиите за симнување.

Среќни празници!

четврток, 21 април 2011 г.

Добредојдовте во новиот свет (Добредојдовте во НХК 3)


Продолжуваме со третата преведена епизода на манга серијата „Добредојдовте во НХК“.
Оваа недела порано, во четврток, зашто од петок почнуваат празниците, па решивме да ве почестиме.

Pdf верзијата за симнување тука
CBZ стрипџиите можат да ја симнат тука

И за онлајн читање на истото место кај што се и претходните.

Среќни Велигденски празници!

петок, 15 април 2011 г.

Добредојдовте во НХК 2

Додека сеуште е во припрема посебен сајт, постовите со објава на новиот проект на групата за сканлација ќе се објавуваат на нашиот блог.


Како што ви ветивме, секој петок Манганација објавува по една епизода од проектот „Добредојдовте во НХК“. Денес, ја објавуваме втората епизода „Добредојдовте во Лолита“.

Може да ја симнете
- во pdf верзија
- во cbz верзија

А можете и онлајн да ја читате тука

Уште еднаш ги повикуваме сите заинтересирани да ни се придружат во подготовка на овој или некој нареден проект на Манганација . Групата е отворена, па повелете приклучете се.

понеделник, 11 април 2011 г.

Со Самурај X и Јапанорама 17 на Сакура 2011

Традиционално пратејќи ја Сакура, фестивалот на цветање на црешите, кој се слави на улица Максим Горки во организација на Самураj Доџото од Скопје, Јапа.нет.мк се придружува со нова проекција на Јапанорама.
Фестивалот за Ханами, традициналнo гледање на црешовите цветови, во Јапонија е поврзан со почетокот на школската и фискалната година, па така и новата Јапанорама е прва годинава, а седумнаесетта по ред воопшто. Овој пат сме во нов простор, во Клубот на новинари на 16.04.2011 (сабота) во 20.00 часот ќе уживате во драматичната, трагична и едноставно прекрасна приказна: Samurai X: Trust & Betrayal (или Rurouni Kenshin: Tsuiokuhen), оригинална видео анимација (OVA/OAV) составена од 4 полчасовни епизоди.
Ова е измислена сторија поставена во историската рамка на Bakumatsu периодот во Јапонија. Анимето раскажува за Химура Кеншин, за детето кое беше, бесчуствителниот убиец кој мораше да стане и за гревовите за кои подоцна се искупува носејќи го својот sakabatō (мечот со превртено сечило). За тоа како стана легендарниот Battōsai и како ја носи својата лузна со форма на Х на лицето (оттука, самураи Х).
Ликовите се впечатливи и привлечни елементи кои ја дополнуваат грандиозноста на целата анимација. Наспроти нивното споро градење низ текот на анимето, прикажани се крвави и брзи сцени на борби со мечеви во реалистичната техника. Ова аниме успева воодушевувачки успешно да го искомбинира насилството и динамиката на борбите со трагичните ликови и приказната која ги поврзува.

Се надеваме дека автентичниот приказ на Јапонија и историскиот период во кој се одвива дејството ќе бидат доволни интересни да ви го задржат вниманието во двочасовната проекција за отварање на новата сезона на проекции на Јапанорама.