понеделник, 13 јуни 2011 г.

Манга за летно уживање

Моно но аваре (物の哀れ Mono no aware), буквално „патосот на нештата“, исто така се преведува како „емпатија кон нештата“ или „осетливост за ефемерното“ е јапонски термин кој означува свесност за непостојаноста, или минливост на нештата и нежна тага кон нивното поминување. Смислен е во осумнаесетти век од страна на Мотори Норинага и од тогаш претставува незаменлив дел од јапонската литература и традиција.
Ова е уште еден од јапонските концепти кои се достојни за восхит и кои длабоко се всадиле во јапонската култура и живеење. Слично како и вабисаби и овој естетски поим е нешто што не можете толку лесно да го дофатите или опишете, но единствено може да го доживеете. Посматрањето на цветот на јапонските цреши (Сакура) е само еден од начините преку кои јапонците го насетуваат недофатното, минливоста на времето и трансцедентноста на работите. А едно од попознатите литературни дела во светот од јапонски автори, кои го опфаќаат ова чувство е „Норвешка Шума“ на Муриками.
на Хитоши Ашинано е манга
преку која највистински може да го доживеете „моно но аваре“
концептот со сета негова силина. Оваа манга раскжува за 'животот' на една девојка робот,
која живее во едно оддалечено пусто место грижејќи се за кафиќот „Алфа“, каде што ретко кој поминува. Таа останува иста, а работите поминуваат и се менуваат, тивко. Времето е во самракот на светот, откако голем дел од земјата е поплавена под вода и луѓето потполно го промениле начинот на живот. Сè е некако релаксирано и опуштено. Луѓето живеат пензионерски, без непотребно напрегање и возбудувања. Целото чувствошто го оддава мангата потсеќа на лето од детството. Измешано чувство на носталгија, меланхолија и возбуда. Чувство што предизвикува зависност и едноставно не можете да му се науживате. Поради тоа оваа манга предобро легнува за читање во лето. На плажа или по дома, не е важно, поради тоа што успева да ве однесе во некој друг време-простор од кој не сакате да се вратите.Интересно е што авторот ја пишувал и објавувал оваа манга цели 11 години, и со тоа уште повеќе го нагласил „моно но аваре“ концептот, но тргнувајќи од себе, знам дека не би можела да ви предложам и вас да го направите истото при читањето.
Мангата може да ја најдете на некој од попознатите манга ридери, но еве ви еден линк за секој случај. Удобно читање:


Се надевам во некои подобри времиња Манганација ќе може да ја сканлира и оваа манга :)

петок, 10 јуни 2011 г.

Добредојдовте во рајот (Добредојдовте во НХК 10)

Уште еден петок, овој пат неработен. И се разбира тука е НХК, овој пат со разгледување на феноменот на офлајн средба за самоубиство, што претставува загрижувачка појава во јапонското општество.

Па, како и досега, следете ги линковте.

.cbz форматот за читање стриипови и
мејнстрим .pdf форматот, кој послужува и за печатење.

Се гледаме во следниот том, ова е последната епизода од вториот.

петок, 3 јуни 2011 г.

Добредојдовте на офлајн средбата (Добредојдовте во НХК 09)

Ете сме пак. И пак на време. Со надеж дека постојат луѓе кои нè очекуваат секој петок од 13:00 часот за да ја прочитаат новата еписода на Добредојдовте во НХК на македонски :)

Па еве ги линковите.

На онлајн ридерот веќе го знаете, само треба да ја смените последната цифра од претходниот пат :) http://manganacija.com/NHK/009/
Но тука се и таа за печатење по дома: pdf верзијата
и онаа за корисниците на комик ридери: cbz.


See U laterz aligaterz

четврток, 2 јуни 2011 г.

Јапанорама 20 - 13 Assassins


Оваа сабота 04. јуни во 20.00 часот, во веќе познатите простории на Клуб на новинари во Скопје, за прв пат оваа сезона ќе презентираме игран филм, по избор на нашите членови.
Станува збор за последниот филм на Такаши Миике - 13 Убијци (Jûsan-nin no shikaku), епска самурајска приказна, полна со карактери, а истовремено многу едноставна.

Во Едо периодот на Јапонија, кога веќе не постојат самураи, еден веќе стар самураи мастер добива задача да го убие бескруполозниот, суров и мазохистички Лорд од кланот на Шогунот, пред тој да стане повлијателен на политичко поле во Јапонија. За таа цел, искусниот самурај собира 12 убијци, докажани и недокажани самураи, на очигледно самоубиствена мисија против малата армија од војници на Лордот.

Филмот е донекаде омаж на, на сите нас добро познатите дела на Акира Куросава, но со насилство типично за самиот Миике (иако не до границите на Ichi the Killer, сепак не е за оние со слаб стомак)

Се гледаме во сабота!