понеделник, 14 март 2011 г.

Go, Igo, WeiQi, Baduk - Дали сте слушнале за оваа игра што е популарна во Јапонија?

Го е древна азиска игра. По легенда, Го се појавил во Кина пред 4000 години. Во секој случај, факт е дека е најстара игра на табла која се игра со непроменети правила.

Го се игра на дрвена табла („Гобан“) на која се наоѓа мрежа од 19 хоризонтални и 19 вертикални линии. Фигурите се викаат „камења“, а сите се еднакви и за секој од нив важат истите правила. Просечна партија трае околу 250 потези. Временски може да трае од 15 мин до повеќе месеци. Постои категоризација по јачина од 30 kyu па се до 1 kyu, после него доаѓа 1 dan итн. до 7 dan.

Го денес е најпопуларна во Кина под името „WeiQi“, Јужна Кореја „Baduk“ и Јапонија „Igo“.

Бидејќи во просечна позиција во една партија играчот имат голем број можни потези - играчите немаат доволно време да размислуваат за секој од нив и затоа најчесто се игра интуитивно. Поради тоа Го е посебно тежок проблем за програмерите кои пробуваат да испрограмираат совршен програм. Најакиот програм денес има категорија 7 kyu.

Споредба на Го со Шах

Двете игри Го и Шах се стратешки игри. Обете се вредни да се научат и играат. Го е поедноставна од Шах но и многу посложена. Поедноставна бидејќи сите фигури се исти, само црни и бели, и во Го фигурите не се движат на таблата.

Шахот е хиерархиска игра каде целта е да се фати лидерот. Го е империјална игра каде секој играч треба да обезбеди повеќе територија на таблата отколку неговиот непријател.

Го има добро балансиран хендикеп систем кој дозволува појак играч да игра со послаб игра и да биде целосен предизвик. Со точен хендикеп секој играч ќе има еднакви можности за победа.

Како прв потег во Шахот можни се 20 различни движења. Во Го на почетокот се можни 361 различен потег. Овој широк опсег на можности продолжува во текот на играта.

Кога е измислена играта?
Шах: Околу 455 н.е
Го: Околу 2000 п.н.е

Каде е измислена?
Шах: Веројатно во Индија (Историчарите не се сигурни за местото на потекло.)
Го: Во Кина.

Дали правилата се едноставни?
Шах: Да.
Го: Да.

Што е целта на играта?
Шах: Да се матира Кралот.
Го: Да се заземе повеќе територија отколку непријателот.

Како изгледа таблата?
Шах: 8 на 8 различни црни и бели полиња.
Го: 19 на 19 мрежа.

Какви видови на фигури има?
Шах: Крал, Кралица, Ловец, Коњ, Топ и Пиун.
Го: Сите фигури се исти.

Како изгледаат фигурите?
Шах: Различна репрезентација на крал, кралица, ловец, коњ, топ и пиун.
Го: Биконвексни дискови наречени „камења“ црни и бели.

Каде се поставуваат фигурите?
Шах: Во квадрат.
Го: На празен пресек (пресек на вертикалните и хоризонталните линии)

Можат ли да се движат фигурите?
Шах: Да.
Го: Не.

Како изгледа таблата на почеток на игра?
Шах: На таблата се наоѓаат сите фигури.
Го: Празна.

Кој игра прв?
Шах: Белиот.
Го: Црниот.

Кои сили се присутни во играта?
Шах: Деструктивна.
Го: Креативна и деструктивна.

Кои ментални вештини се вежбаат кога личноста ја игра оваа игра?
Шах: Аналитичка; ја користи левата хемисфера од мозокот.
Го: Интуитивна и аналитичка; ги користи двете хемисфери.

Што би бил воен еквивалент на играта?
Шах: Една борба.
Го: Цела војна; симултано повеќе борби.

Што би бил економски еквивалент на играта?
Шах: Уништување на кокуренцијата.
Го: Натпревар за поголем дел од пазарот.

Аналогија на политички систем?
Шах: Монархија.
Го: Демократија; сите фигури се еднакви.

Која е агендата на играчот?
Шах: Тотална доминација; уништи го непријателот.
Го: Натпревар за поголем дел од територијата; коегзистенција, но биди подобар од другиот играч.

Кој е заинтересиран да ја научи играва може многу лесно на оваа страна: http://playgo.to/iwtg/en/

Многу брзо се учи, но е потребно време за усовршување.

Текстот е објавен на ѕид на FB од Филип Паскали со надеж дека еден ден ќе стане и кај нас популарна.

BTW, Филип ни дава и предлог за манга со тематиката на овој пост
Hikaru no Go

1 коментар:

Zoran Josifovski рече...

Zdravo,

Jas sum Zoran Josifovski od Skopje..
ne sum clen na vasata grupa ili pak nikoe drugo zdruzenie, slucajno pred nekoja godina ja najdov ovaa strana, pa nakoe vreme dobivav po mail nekoi izvestuvanja.
Jas ja sakam Japonija premnogu, bev tamu dva pati do saga...

Bi sakal da prasam koga nekoj ke pocne da organizira nesto vo vrska so ova sto se slucuva vo Japonija ili pak vie kako nekoja grupa ljubiteli na Japonija???
znam deka ima i edno drugo zdruzenie na prijatelstvo pomegu mk i jp , tamu ima i dosta popoznati luge, no nikoj da napravi nisto, za zemjata koja im dala mnogu prethodno.

Ili pak nasiot "drag" konzul Kosta Balabanov, go nema nigde, ni so nekoja inicijativa, ni so nisto.. navistiva katastrofa.

sega go posetiv i vasiot blog Japan.mk, luge vo celiot svet pisuvaat za ovaa katastrofa, baraat nacin da pomognat. vie na vasiot blog si pisuvate za manga, za go igra, ili sto bilo kako nisto da ne se slucilo :(

ako nisto poveke barem mozevte ova da go stavite

Средствата можат да се уплатат во Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија на жиро сметка: 300000001327966, даночен број 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака за настраданото население во Јапонија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви: 070 143-400, 075 143-400 и 077 143-400.

pa makar i 5 ili 10 luge da vidat pak e ok, za manga ima vreme kolku sto sakate.
no za zal mnogu luge me razocaraa so nivnata reakcija po se ova sto se sluci, nisto podobri ne ste i vie,

znam ova pismo ke navredi mnogu luge, no ne mi odgovarajte mene, se nadevam ke prevzemete nesto poveke.
jas sum Zoran Josifovski, i ne se krijam, ke se obidam da napravam i nesto pogolemo i sam, bez ostanati takanareceni ljubiteli na Japonija ili nekoi zdruzenija..
sekoja cest
Pozdrav
Zoran Josifovski