Го се игра на дрвена табла („Гобан“) на која се наоѓа мрежа од 19 хоризонтални и 19 вертикални линии. Фигурите се викаат „камења“, а сите се еднакви и за секој од нив важат истите правила. Просечна партија трае околу 250 потези. Временски може да трае од 15 мин до повеќе месеци. Постои категоризација по јачина од 30 kyu па се до 1 kyu, после него доаѓа 1 dan итн. до 7 dan.
Го денес е најпопуларна во Кина под името „WeiQi“, Јужна Кореја „Baduk“ и Јапонија „Igo“.

Споредба на Го со Шах
Двете игри Го и Шах се стратешки игри. Обете се вредни да се научат и играат. Го е поедноставна од Шах но и многу посложена. Поедноставна бидејќи сите фигури се исти, само црни и бели, и во Го фигурите не се движат на таблата.
Шахот е хиерархиска игра каде целта е да се фати лидерот. Го е империјална игра каде секој играч треба да обезбеди повеќе територија на таблата отколку неговиот непријател.
Го има добро балансиран хендикеп систем кој дозволува појак играч да игра со послаб игра и да биде целосен предизвик. Со точен хендикеп секој играч ќе има еднакви можности за победа.
Како прв потег во Шахот можни се 20 различни движења. Во Го на почетокот се можни 361 различен потег. Овој широк опсег на можности продолжува во текот на играта.

Шах: Околу 455 н.е
Го: Околу 2000 п.н.е
Каде е измислена?
Шах: Веројатно во Индија (Историчарите не се сигурни за местото на потекло.)
Го: Во Кина.
Дали правилата се едноставни?
Шах: Да.
Го: Да.
Што е целта на играта?
Шах: Да се матира Кралот.
Го: Да се заземе повеќе територија отколку непријателот.
Како изгледа таблата?
Шах: 8 на 8 различни црни и бели полиња.
Го: 19 на 19 мрежа.
Какви видови на фигури има?
Шах: Крал, Кралица, Ловец, Коњ, Топ и Пиун.
Го: Сите фигури се исти.

Шах: Различна репрезентација на крал, кралица, ловец, коњ, топ и пиун.
Го: Биконвексни дискови наречени „камења“ црни и бели.
Каде се поставуваат фигурите?
Шах: Во квадрат.
Го: На празен пресек (пресек на вертикалните и хоризонталните линии)
Можат ли да се движат фигурите?
Шах: Да.
Го: Не.
Како изгледа таблата на почеток на игра?
Шах: На таблата се наоѓаат сите фигури.
Го: Празна.
Кој игра прв?
Шах: Белиот.
Го: Црниот.
Кои сили се присутни во играта?
Шах: Деструктивна.
Го: Креативна и деструктивна.
Кои ментални вештини се вежбаат кога личноста ја игра оваа игра?
Шах: Аналитичка; ја користи левата хемисфера од мозокот.
Го: Интуитивна и аналитичка; ги користи двете хемисфери.
Што би бил воен еквивалент на играта?
Шах: Една борба.
Го: Цела војна; симултано повеќе борби.

Шах: Уништување на кокуренцијата.
Го: Натпревар за поголем дел од пазарот.
Аналогија на политички систем?
Шах: Монархија.
Го: Демократија; сите фигури се еднакви.
Која е агендата на играчот?
Шах: Тотална доминација; уништи го непријателот.
Го: Натпревар за поголем дел од територијата; коегзистенција, но биди подобар од другиот играч.
Кој е заинтересиран да ја научи играва може многу лесно на оваа страна: http://playgo.to/iwtg/en/
Многу брзо се учи, но е потребно време за усовршување.
Текстот е објавен на ѕид на FB од Филип Паскали со надеж дека еден ден ќе стане и кај нас популарна.
BTW, Филип ни дава и предлог за манга со тематиката на овој пост
Hikaru no Go