петок, 27 март 2009

Црешов Цвет - Sakura

Црешовиот Цвет (Sakura) е еден од најважните симболи во Јапонската култура.

Секоја година во периодот на цутењето на црешовиот цвет (средина или крај на Март се’ до почеток на Мај) јапонците заедно со нивното семејство, пријатели или колеги се облекуваат традиционално во кимоно и одат на пикник во парк под црешовите дрва.

Црешовиот цвет е симбол на нежната убавина на жената. Затоа, ако во периодот на црешовиот цвет се роди женско дете тоа ќе го носи името Sakura .
edit:
Да се надеваме и на овогодишно успешно празнување на Сакура - јапонскиот фестивал на црешите и во Скопје како и ланската година. Мислам дека сите едвај чекаме да уживаме под јапонските цреши на ул. Максим Горки.

3 коментари:

Random nobody рече...

Наводно коа паѓале ливчињата , паѓале со средна брзина од 5 сантиметри у секунда :)

Poljaff рече...

Еј, финтата на Тokyo Babylon - Зошто биле розови ливчињата? - Тие се бели во суштина, ама под секоја цреша закопано е по некое тело, па црешата ја цица крвта од телата и нејзините цветови стануваат розови од крвта на луѓето. Муахахахахаха!!!!!! :)))

Marivche рече...

Не ме држете за збор, ама мислам дека имаше и во XXX Holic во некоја од епизодите еден ваков момент со обајснување на бојата на Сакура ливчињата како што вика poljaff :)