понеделник, 30 март 2009 г.
Cosplay
Cosplay (jap. コスプレ kosupure) опишува Маскен тренд , кој дојде за време на 90-те со Мангата , Аниме-Бумот од Јапонија до Америка и Европа. Зборот Cosplay е јапонската кратенка од англиските зборови costume и play.
Со Cosplay-от се претставува една фигура што пооригинално преку костимот и односот. Фигурата во тоа може да биде од Манга, Аниме , Видео игра или Филм. Тука може слободно да се шири креативноста и фантазијата без поставуванје граници, за да може костимите на учесниците да бидат од поголем квалитет. Најчесто учесниците во Cosplay-от се меѓу 15 до 25 години.
Исто така се одржуваат и Cosplay натпревари каде учесниците може да се истакнат преку мала драма, песна од серијата или групата што ја претставуваат и многу друго.
Најголемиот Cosplay фестивал е од јапонскиот тв-канал TV Aichi организираниот World Cosplay Summit, кој се одржува годишно во Нагоја и на кој учествуваат Cosplay-ери од целиот свет.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
6 коментари:
Значи за месец и пол ми истекува рокот за учество на косплеј :P)
Стварно се убави на око косплеерите, навистина посветуваат многу внимание на секој детал :)
Ај и ние да посветиме малку време :))) Или некој ќе се костумира за прив април? Само, не е исто...
А бе јас сум за косплеј, макар и тројца само да си го правиме. Шо велите да договориме датум и да се фрлиме на припреми? :)
Ај и тројца да сме, заедно да шиеме костими :) и фризури ќе треба да си прајме едни на други, а после не мора да шетаме низ град, фото-шут ќе напрајме само (интерен). Се познава одма дека се смеам веќе нели? Предлог за рок само, бидејќи јас само под притисок знам да работам :))
LOL и јас, смао притисок.
Ај прво средба една да закажеме и на тоа ќе се договориме.
Шо велите?
Јас сум ЗА , и без притисок.
Објави коментар