вторник, 6 мај 2008 г.

Девојчето кое скокна низ времето - незаборавно аниме кое ќе ви го стопли срцето

Четврток, 08.05.2008, 21 часот во К.Ц.Точка

(Слушај музика од филмот)

Ги знаете ли оние филмови по чие гледање се чувствувате како да сте биле на долго и прекрасно патување, а тоа чувство не ве напушта неколку дена?
„Девојчето кое скокна низ времето" е еден таков филм, во кој може да ги пронајдете вашите најдлабоки, скоро архетипски, спомени за некое долго убаво лето.
Покрај визуелната магија на постојано синото небо прошарано со огромни меки кумулонимбуси и носталгичната музика, филмот ни прикажува една постојано интересна и непредвидлива приказна со многу пресврти и силни емоции. Иако името сугерира научна фантастика, главниот двигател е личноста на девојчето (Макото) заплетканo во комплексниот развој на пријателството и љубовта во самракот на детството.



Филмот има освоено многу награди на повеќе јапонски и интернационални фестивали,
од кои можеби најзначајни се оние кои го прогласиле за анимиран филм на годината,
а најпрестижна е онаа која ја доделува јапонската академија (еквивалентна на американскиот оскар).
Базиран е на новела за возрасни од шеесетите, но преработена и прилагодена според модерните навики.



Овој филм ќе го гледате во рамките на првата епизода од македонската Јапанорама во четврток на 8ми Мај 2008 од 21 часот.
Овозможено од Japan@mk во соработка со К.Ц. Точка, а поддржано од Метаморфозис.

Режисер: Хосода Мамору
Анимација / Јапонија / 2006 / 98 мин

Погледнете го трејлерот

И официјалниот сајт на филмот

понеделник, 5 мај 2008 г.

L

Само што дознав дека во февруари излегол нов филм поврзан со манга серијата Death Note, а го обработува најкул ликот L (се чита: еру). Филмот се вика L: Change the WorLd и колку што разбрав има сосем различна фабула и ликови од тој со нотесот.



Јас се заљубив во оваа серија (Death Note) уште на првите страници на мангата и на сите што ја немате прочитано, а отсекогаш сте сакале Шерок Холмс причици, логички загатки и задачи, топло ви ја препорачувам. On line може да ја читате тука.
Откако ја прочитав мангата го симнав и анимето (ако ја чувам листата на епизоди на рапидшер, после ќе ви ја прикачам) и исто беше супер. Боите и сенките му даваат нова димензија, а музиката и режијата се сосем на место.

Знам дека има и live action movie во два дела, ама според инсертите што ги гледав на јутјуб не ме врза. Но откако прочитав дека плотот е малку изменет и работите се малку повеќе како што ни одговараат ;) решив еден ден да го гледам. Може тоа да биде и во Точка на јапанорама, ако некој го има да го споедели.

Како и да е, постов е за најновиот Death Note сиквел, кој не е поврзан со главната приказна, но според изгледот на трејлерите ќе е нешто супер. Особено ме радува што е за L и само за L и го нема Раито :)). И особено ми се допаѓа тоа што овој L (живиот) ептен личи на цртаниот L.

Авантурите на Јутаро

Многу слатка и откачена јапонска приказна раскажана низ слики во стар јапонски стил.
Оваа подолу баш личи на бранот на Хокусаи.



За да ја прочитате целата приказна кликнете тука.

петок, 2 мај 2008 г.

World's End Girlfriend

World's End Girlfriend, или скратено WEG, е едно од моите понови музички откритија годинава (океј, ве молам сеа немој да почнете со тоа дека WEG е passe, и дека вие со години ги слушате по дома, што ви здосадиле веќе).

Ни самиот не знам како дојдов WEG. И не знам како би ја опишал музиката на типов, Katsuhiko Maeda. And since writing about music is like dancing about architecture, еве еден клип па доколку ви се бендиса, прочепкајте по нетов, торенти и симнете што сакате.