Крајот на мај и почетокот на јуни е сезона на светулките во Јапонија. Нивното набљудување (hotaru-gari),
проследено во голема тишина е дел од долговековната традиција на
Јапонија и еден од типичните детали на јапонските лета. Додека во многу култури, светулките се мрачни предвесници, во јапонската,
светулките или hotaru имаат позитивна, големa и повеќезначна вредност.
Нам, на љубителите на анимето, познати ни се моќните сцени од Inuyasha, Mushishi, Hotaru no Haka (Grave of the Fireflies) и слични, каде во мирната атмосфера и тишината покрај брегот на реката, во лето, светулките лебдат во големи роеви. Всушност, тоа се сцени инспирирани од реалните глетки во летните денови покрај реките во Јапонија.
Светулките најчесто се поврзуваат со Hitodama - легендарно битие од јапонскиот фолклор, кое е опишано како зеленкасто-сина огнена лебдечка топка со тeнок опаш, која се претвора во илјада црни бубачки или парченца јаглен штом ја допре земјата. Hitodama се всушност душите на неодамна починатите кои го бараат својот мирен премин. Ова е само една од симболиките кои ги носат светулките во Hotaru no Haka. Во Inuyasha на пример, имаат друга симболика, онаа на страствената љубов, каква што е опишувана во јапонската поезија уште од Man'you-shu односно, антологијата на 8-от век.
Светулките се нежни суштества чии ларви бараат чисти реки или оризови полиња богати со минерали, што значи дека нивната пријатна светлина е ретка во урбаната средина. Сепак, тоа не спречило генерации на жители во јапонските градови да ги идеализираат инсектите, а особено во последните години дури и да конструираат настани на нивно набљудување во бетонската џунгла на главниот град. Денес може да се набљудуваат светилките во Токио во Шибуја, во Фуреаи ботаничката градина или пак да се посети Центарот за одгледување на светулки во Итабаши. Постојат повеќе резервати и ботанички центри, па дури и хотели кои нудат туристички посети и уживање во стаклени градини каде може да се погледнат светулките. Тоа веројатно би биле добра станица за секој што ја посетува Јапонија во периодот на мај и јуни.
Интересно, оваа година, градот Токио изведе и времено светлечко шоу во реката Сумида, како дел од Хотару фестивалот на светулките. Илјада пластични топки, од која секоја содржи по една светло сина LED, беа пуштени по текот на реката како посвета на светулките кои во минатото во голем број ја населуваа реката Сумида. Дизајнот на топките беше ориентиран кон заштита на околината со LED кои се полнат на сончева светлина, со таква големина која нема да им дозволи да бидат изедени од рибите, како и со план да бидат повторно собрани понатаму по текот на реката. Топките неформално беа наречени “молитвени ѕвезди“ алудирајќи на културната вредност на реката како средство за мирен премин на душите, што мене многу ме потсети на Тourou Nagashi. Но за тоа во некој нареден пост.

Нема коментари:
Објави коментар