Уште еден значаен културен летен настан за Јапонија е O-bon или само Bon будистичкиот фестивал, еден од трите големи фестивали на лантерните во Јапонија. Тогаш се оддава почит на душите на починатите - еднаш во годината душите се враќаат во своите родни места и заедно со сите членови на својата фамилија се радуваат на животот, минат и сегашен. Трите летни денови не се национален празник, но вообичаено тогаш се земаат слободни денови како летен одмор и целата фамилија се собира во родните куќи, се чистат и средуваат гробовите на претците и се молат за душите на претците кои повторно ги посетуваат семејните олтари.
Името Bon потекнува од санскрит зборот Ullambana (или urabon'e) што означува големо патење. Потекнува од приказната за Мокурен, ученикот на Буда, чија мајка, кога починала, паднала во Царството на Гладните Души, а тој ја избавил од таму принесувaјќи подароци на многуте будистички свештеници кои молеле за нејзината душа. Денес се слави како потсетување на благодарноста која треба да ја чувствуваме кон нашите претци.
Овoj фестивал со 500 годишна традиција, вообичаено започнувал на 15тиот ден од седмиот лунарен месец и така се’ уште се слави само на Окинава, додека во другите региони започнува околу 15 јули или 15 август.
Пред да започне Бон фестивалот потребни се припреми, како чистење и средување на гробовите и фамилијарните олтари. На првиот ден на Бон фестивалот се пречекуваат за прв пат душите на оние кои починале во последната година - mukae-bon. Се носат цвеќиња и понади до гробовите и се палат лантерните кои ги земаат душите и ги носат до фамилијарните олтари, а некаде пред влезовите на куќите се палат и огнови. Наредните денови се изрекуваат сутри и цело семејство се моли, и се оди на гости кај роднините и кај оние кон кои се чувствува голема благодарност, а притоа за мртвите се зборува се’ најдобро и пофално. Последниот ден лантерните и огновите повторно се палат за да ги вратат душите во гробовите, односно okuri-bon.
Еден особено значаен елемент е Bon Odori или танцувањето за време на Бон фестивалот, зашто се верува дека душите играат заедно со саканите, во хармоничен и мирен танц. Оригиналниот религиско значење со тек на времето исчезнало, а денес најчесто се поврзува со летото. Секој може да се вклучи во играњето, машко, женско, младо и старо. Секој регион си има посебен танц, со посебно значење и приказна и различна музика, но секогаш во традионални елементи, со традиционални облеки и со таико тапани.
Уште една значајна традиција на Бон фестивалот е Tourou Nagashi - луѓето палат свеќички во хартиени лантерни и ги испраќаат душите пуштајќи ги лантерните долж течението на реките. Со фестивалот на лантерните се означува и крајот на сезоната на ханаби (огнометите) со кои се заплашуваат душите кои можеби залутале во близина на реките.
Бон фестивалот, како будистички фестивал се слави и во Кина, Хаваи, Малезија, како и во Аргентина, САД и Канада.

Нема коментари:
Објави коментар