вторник, 11 септември 2012 г.
За великанот-Втор дел
Како што веќе наведов во претходниот дел Осаму Тезука напиша и нацрта околу 700 манга стрипови кои заедно ја надминуваат бројката од 150 000 страници.Невозможно е да ја прочитате целата негова збирка освен ако сакате да потрошите добар дел од вашите години само на еден автор па фокусот во втората половина ќе биде само на оние дела кои оставија најголем впечаток на домашната и светската стрип сцена (што на некој начин е неправедно бидејќи имам читано кратки нф и хорор раскази од Тезука кои како ремек дело можат да се рамнат со серијата The twilight zone).И, со која манга да го скршам мразот?
Tetsuwan Atom/Astroboy.Првото поглавје за авантурите на детето робот Астро излезе во 1952 г. и е приказна за еден свет каде луѓето и роботите жиеват заедно.Докторот Тенма,брилијантен научник раководи со министерството за наука на Јапонија и е надлежен за доста тајни проекти на владата,пред се со изработката на оружје од врвна технологија наменето за војската.Доктор Тенма прекинува со својата работа кога неговиот син ќе загине во сообраќајна несреќа.Скршен од оваа трагедија Тенма се решава да стори се што може да го врати синот во светот на живите па така создава робот по негов лик.Детето робот е неверојатна копија на син му,речиси е ист по физичкиот опис и карактер.Ама речиси.Доктор Тенма знае дека ова дете е само машина која го имитира однесувањето на неговиот син и не можејќи да се помири со фактот дека не може да го сака на ист начин како што го сакаше сопственото дете се одлучува да го продаде Астро на локалниот циркус.После долго време професор Очаномизу,новиот министер на местото на доктор Тенма го спасува Астро од мизерувањето во циркусот,го посвојува и го учи за добрините на човештвото.Добрината што старателот ја пренесува врз Астро е пресудна бидејќи токму таа ќе го обликува Астро како нешто повеќе од дете-робот; како пријател на човештвото,како помирувач помеѓу луѓето и роботите и како заштитник на светот од било какво зло.
Jungle Taitei/Kimba the white lion.Предмет на многу контроверзии поради сличноста на Кимба со The lion king на Дизни ова е приказна за белите лавови Панџа и Елиза кои живеат во џунгла недопрена од луѓето. Но нивниот мир престанува во моментот кога Панџа ќе биде убиен од ловокрадци,а трудната Елиза заробена и ставена во карго брод за Америка.Се пораѓа во својот кафез и на лавчето му го дава името Кимба.Нејзината утеха во синчето трае само еден месец кога бродот потонува поради бура,а само Кимба ќе преживее.Насукан на брег во место кое е далеку од неговиот дом тој ќе биде згрижен од луѓе,а нивната топлина ќе го увери Кимба во постоењето на добри и праведни луѓе кои на секое живо суштество гледаат со рамноправност и тоа ќе биде негов поттик да најде одговор на прашањето-можна ли е мирна коегзистенција помеѓу луѓето и животните,прашање на кое бара одговор додека се враќа во својата џунгла.
Buddha или поточно животот и учењето на Буда на начин како што Тезука го замислил.Древна Индија,време на расцепкани и завојувани кралства,кралства каде луѓето се поделени на касти (индиски класен систем) составен од брамани,воини,трговци,земјоделци,робови и прогонети,време на војни,суши,поплави,глад и болести.Кралот на Капилаватсу,Шудодана и неговата сопруга Маха Маја во својот сон добиваат пророштво од брамани дека ќе добијат син кој еден ден ќе стане најголемиот владетел на светот.Обајцата се пресреќни,но сопругата нема да го види лицето на своето новороденче бидејќи умира на пораѓање.Кралот со тек на време ја лечи тагата додека истовремено го подготвува своето дете Сидарта за кралските должности што го очекуваат.Но судбината има друга намера за Сидарта па така момчето кое знае само за луксузен живот во палатата ја напушта без знаење на другите за да види што има надвор од кралските зидини.Придружуван од бандитот Тата кој има моќ да ги контролира животните Сидарта гледа работи кои ја уништуваат неговата претстава за светот; угнетеноста на подредените касти,ропството,омразата и презирот на богатите спрема сиромавите,алчноста,негрижата,предавствата,болестите на луѓето и нивната смрт.Овие глетки ќе го натераат Сидарта да се запраша зошто има страдања,дали може да ги снема и дали човек може да се спаси од смртта?Барајќи совет од еден брамански свештеник што да прави понатаму браманецот му одговара дека Сидарта мора да го напушти своето семејство и да стане монах.Само на тој начин ќе дојде до своите одговори,а тие сознанија ќе ги предава на своите ученици.Сидарта е пред дилема-дали да седне на престолот како би управувал со своето мало кралство или да остави се зад себе во потрага по непознатото?
Black Jack или докторското алтер его на Осаму Тезука.Иако Тезука после завршувањето на своите медицински студии нема фатено ни скалпер во рака поради љубовта кон стрипот (тоа и стравот на Тезука од крв) тоа не го спречило да биде доктор на хартија.А неговото алтер его е неверојатно.Секогаш кога некој е тешко повреден или болен,а се наоѓа во состојба од која нема враќање докторите не се нафаќаат да го третираат таквиот тип на пациенти.Наместо тоа тие секогаш на помош го викаат докторот Блек Џек.Но повикувањето на Џек носи со себе проблеми-прво,тој не е повеќе регистриран доктор бидејќи лекарската комора му ја има одземено лиценцата поради судир на интереси со своите колеги,второ,докторот секогаш е облечен нетипично за доктор,односно има црн костим и црна наметка небаре е Дракула (кој нормален доктор би се облекувал така?) и трето,докторот секогаш бара висока сума на пари за своите услуги,независно дали пациентот е богат или сиромашен или дали е старец,трудна мајка или дете.Но сепак,сите го бараат за помош.Докторот сигурно изгледа како кретен само поради овој опис,но тоа е само ако го гледаме површински.Блек Џек е најдобриот хирург во Јапонија,способен е да спаси живот во невозможни ситуации,нешто што за другите доктори е необјасниво.Добро,но зошто наплатува милиони јени дури и ако пациентот нема пари?Од прва изгледа дека докторот е бескрупулозен,но неговите барање за надомест се всушност еден испит на моралност,човечност и доблесност.Преку неговото барање за наплата открива кој до каде се спремен да спаси свој или нечиј живот и дали е себичен за тоа.
На пример има едно поглавје каде по една бродска несреќа повредени се еден редок вид на дива мачка,бебенце и корумпиран пратеник.Докторот прегледувајќи ги го одредува распоредот за третман-прва е мачката како најтешко повредена,потоа бебето а на крај пратеникот.Мајката на бебето се сложува да почека додека пратеникот се заканува дека ќе го пикне Џек во затвор ако не биде прв.Џек ги игнорира неговите закани и завршува со пациентите.Пратеникот го носи пред суд,а Џек му вели дека му пронашол рак кој може да го спречи под услов пратеникот да ја повлече тужбата и да плати за бебето.A ако се прашувате дали Џек блефира за ракот одговорот е не.BURN!
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар