вторник, 17 јуни 2008



ОК, следниве неколку параграфи се посветени на мојата голема љубов - чајот, и јапонската церемонија на служење на истиот :-) Станува збор за мошне опширна и проучувана тема, па овој пост е само кус вовед кој би требало да биде продолжен со уште неколку постови.


јапонски естетски форми...

Ќе почнам сосема далеку од практичното изведување на церемонијата, имено од некои јапонски естетски концепти. Овие се претставени преку учењето на повеќе јапонски традиционални уметнички форми именувани: Chado (Начинот на Чајот), Kado (Начинот на Цветот), Shodo (Начинот на Калиграфијата), Sodo (Начинот на Кимоното), Kodo (Начинот на Мирисот) и Kado (Начинот на Поезијата). Претпоставувам приметивте дека обете Начинот на Цвеќето и Начинот на Поезијата се именувани Kado; со темава ќе се позанимавам некој друг пат, а ако некој веќе знае зошто двете се истоименувани - чекам коментар :-) Приметувате и дека јапонските термини завршуваат на “do” кој додаден на било кој друг самостоен збор дава до знаење дека станува збор за одредена јапонска традиционална уметност. Суфиксот “do” го акцентуира постојаниот духовен стремеж да се искуси есенцијата на уметноста. А како што есенцијата на уметноста се наоѓа во духовниот и практичниот стремеж, во сите јапонски традиционални уметност процесот станува позначаен од финалниот резултат бидејќи нуди непроценливо искуство, додека резултатот се смета за логичен, можеби и тривијален крај кој зависи само од процесот.


патот на чајот од Кина во Јапонија...

Традицијата вели дека јапонскиот монах Ајсеи (Eisai, 1141-1215) во 1168та донел семчиња на чајна грмушка од Кина. Нив ги засадил во дворот на неговиот храм. Се смета дека оттогаш Начинот на Чајот се поврзува со т.н. ринѕаи (Rinzai) учење кое го промовирал Ајсеи (едно од учењата на зен - директен огранок на Ch'an будизмот од Кина). Во тој период во Јапонија чајот се сметал за дел од кинеската култура трансформиран од страна на ринѕаи учењето, бидејќи истото било мошне поврзано со кинеската култура. Во истото доба Кинезите веќе знаеле дека чајот ги хармонизира функциите на човечкото тело, иако не секогаш пиењето на чајот била исклучиво духовна дејност. Во Јапонија пак се прочуло дека чајот е олицетворение на зен. Таму било познато дека ринѕаи зен учењето се стреми кон развивање на спонтана форма на сатори (satori, јапонскиот еквивалент на зборот просветлување). Зен учењето немало само влијание на церемонијата на служење на чајот, туку и на калиграфијата, како и Начинот на Уредување на јапонската градина.



Начинот на Чајот во 16тиот век...

Како што е забележано во писмените извори, Sen Rikyu, најпрочуениот познавач на чајот во 16тиот век, рекол дека чајот ги претставува четирите највисоки идеали – состојбата на хармонија, почитта, девственоста (во смисла на неприсуство на излишното, нечистото, она што расипува) и состојбата на смиреност и сосредоточеност.

Основниот архитектонски концепт за јапонската градина и просторот во кој се изведува служењето на чајот се поврзуваат токму со него.

Како некои од најзначајните елементи во Начинот на Чајот во 16тиот век се промовираат сервирањето и примањето на сад со чај како симболи на искреност и внимание. Ова е поврзано со концептот ichigo, ichie (еден живот, една можност) давајќи до знаење дека токму таа една можност треба да се искористи за да се постигне висок квалитет на живеење кој во јапонската култура се поврзува со духовниот развој. Духовниот развој пак, самиот по себе го промовира концептот на давање на убави нешта и способноста истите да бидат соодветно примени.

Преку Начинот на Чајот секојдневните активности како аранжирање, чистење, сервирање, пиење и споделување биле подигнати на едно сосема друго ниво од она кога ним не им се обраќа посебно внимание – ниво на естетска ритуализација која во јапонската култура и денес го потхранува духовниот развој и претставува една од основите на квалитетното живеење.

***

Пиењето на чај го има задржано својот статус во Јапонија како “воодушевување од убавото во прозаичното секојдневно живеење”. Сепак, чајните куќи имаат помалку и помалку посетители од помладите генерации, кои по откривањето на кафето, го преферираат кофеинот наместо танинот :( Но, надежта не е изгубена! Секогаш ќе има луѓе кои по прoбување на кафето, стануваат уште поубедени во чајот како финален избор (count me here, please :-)

5 коментари:

Marivche рече...

Епа ајде една чајанка да направиме... Ајс ти со малце коњаче... некоја коцкица лед... ко шо би рекол брат ми помалиот : mhmhmh :))))))))))))))))))

kiwi рече...

да да!!! :)) чајанка! ајс ти или стандарден зелен или бел чај (црн некако не ми оди кога е стварно топло :Р со рум, или коњаче или млекце.. или клот :))

FiGi рече...

абе ја чај пијам само коа сум болен,дури ни тогаш не пијам многу...
но секоаш сум расположен за читање стручна литература ^_^

kiwi рече...

@figi: well.. u don´t know what ya missin´ ;) да пробаш еднаш добро направен црн или зелен чај .. mmmmm :Р

Random nobody рече...

На задњава јапанорама се виде дека чајче is for wussies :)) . Одсеа само double espresso , и чаша вода за цвеќето :))