четврток, 5 јуни 2008

Јапонска крвава нарација која длабоко го критикува општеството

Петок, 06ти Јуни 2008 од 21:00ч во Културниот Центар Точка, проекција на јапонски
филм.

Овој јуни „Јапанорама" ќе го започне со проекција на еден од најконтравернзите јапонски филмови „Царска борба" на јапонскиот режисер Кинџи Фукасаки.

„Царска борба" (Batoru rowaiaru) е филмска адаптација на истоимената, и исто толку контроверзна книга од јапонскиот автор Кошун Таками.
За оваа сторија се вели дека американците никогаш не би се нафататиле да ја режираат, но бруталната и сурова приказна за младите јапонски бунтовници го привлече вниманието не само на публиката во Јапонија, туку и на онаа од Запад.


Дејствието во филмот се одвива во Јапонија и ја пренесува приказната на јапонската влада која презема екстремни мерки за справување со младата деликвенција во земјата.

Недисциплинираните ученици се испратени на пуст остров каде мора да се борат за своите животи.
Со оружје и храна во рака, нивната задача е едноставно да се убиваат едни со други.
Оној кој останува жив, се враќа во општеството.

Преку кравави и провокативни сцени, насилство и непрекината напнатост, филмот упатува јасна критика на политичката и социјалната состојба во денешна Јапонија.

Филмот е добитник на 7 филмски награди меѓу кои и наградата за најдобар филм од Јапонската филмска академија.
Поради големата популарност, во 2003 снимен е и втор дел под наслов "Battle Royale II: Requiem", а постојат и гласини дека американците спремаат римејк.

Тука погледнете го трејлерот

Овозможено од Japan@mk во соработка со Точка

11 коментари:

Bistra Kumbaroska рече...

не можев да ставам и слика
не ми аплоуд
:(

FiGi рече...

и? као филмо?
ја го иам глеано и многу ми е доар,ко аниме ми е :D

Poljaff рече...

Јас не видов ни K од контраверзно. Инаку, ме интересира како изгледа вториот дел... Ако сака доволен дел од публиката може и вториот дел да го даваме...
*rolling on the floor laughing*

goaty рече...

Не фала.

"Јапонска крвава нарација која длабоко го критикува општеството"

More like: "Јапонска крвава ретардација која длабоко си го критикува обидот да НЕ направи срање филм"
Најлошите 114 минути поминати во мојот живот.

Poljaff рече...

@goaty... еј, немој толку грубо... :(... не беше толку лошо... Плус, знаеме дека не сакаш live-action...па, овој твој коментар ќе го рачунаме за пристрасен ;)

goaty рече...

Еј, чим филмот беше предвиден да биде хорор, а испадна цела публика се ПУКНА од смеење, I can't be far off.

Fun trivia: did you know that that yellow-haired dangerous-looking dude in the movie got this year's Oscar for "Worst Aiming With A Machine Gun While Your Target Is Two Feet Away From You"?

FiGi рече...

не јади вафли goaty,ако не ти се свиѓа јебига,хејтот чувај си го за себе :P

shooter рече...

Барем тие шо не им се свиѓал може да напишат зашто. И каква контраверзност очекувале. Баш ме интересира како го доживеавте филмот сите вие шо го гледавте, што е она што ви се допадна а што не.

goaty рече...

@figi Не верувам дека некој е засегнат од мојот „хејт“, а мене ми е досадно на моменти па попунувам време :)

BTW - can I have some more waffle please?

Jovan рече...

Сеир.. Закон :)
Енихау.. повеќе контраверзија на наредната проекција. Да не коментирам многу да не рипне некој со коментар како тоа го дескриминирам чајот од липа во Зимбабве.

Bi рече...

Филмот беше супер и баш како што очекував. Ф'штење крвој и хилариус сцени. Се умрев од смеење.
Сега ми е јасно од кај се инспирирал Тарантино.