Современите јапонски архитекти секојдневно изненадуваат со интересни и оригинални решенија со кои се справуваат со малите и тесни локации во пренаселените градови. Еден од последните примери е Куќата О на Хидејуки Накајама, пренагласена и во форма и во простор.
Лоцирана е во прекрасна зона на стариот дел од градот Кјото и е изградена како лепенка на главната двокатна куќа. Волуменот на новоизградениот објект делува како замок или како кула, зависно од аголот од кој ја гледате.
Името го добила по централниот простор околу кој, како синусоида се распоредени просториите на челични платформи на различни нивои и со невообичаени меѓуодноси. За да се стигне до вториот кат на кој се наоѓаат спалните, треба да се пројде низ целиот приземен дел на објектот до почетокот на скалиштето од задната страна кон дворот.
Со тоа се „доаѓа дома“ наместо да се „доаѓа до спалната соба“.
Проѕирниот калкан кон улицата, обработен во стакло, доловува слика на „куќа за кукли“ во која приватноста се контролира со единствена завеса преку двата ката. Со тоа духовито се внесени внатре сликата и животот на градот и изложени кон него активностите во куќата.
Мора да се признае дека архитектот му дал невообичаена шанса на четиричленото семејство на уредникот на dezain.net - Еизо Окада низ секојдневниот живот во овој додаток на куќата, да ја трансформира во простор за живеење и/или во градски простор.
3 коментари:
Малце ми е чудно што ниски луѓе како јапонците прават објекти со толку високи тавани :)
видеово е лудница! wabi sabi во секој смисол. Особено ми се допаѓа форматот. Потсеќа на тие јапонските вертикални слики.
@Mr. Nobody: dude, it's all about being special.
Објави коментар