Хараџуку е познат регион во Токио каде што се собираат сите љубители на алтернативен стил на облекување како и косплејери.
Сите кои побарале Harajuku на Google Images ги имаат видено овие личности.
Замислата дека модата што се гледа таму е релативно нова и нема корења во минатото е до одреден процент неточна поради тоа што на светло излегуваат стилови инспирирани од модата во 19тиот век во Британија. Викторијанската мода зема силен замав и на истокот и покрај тоа што "спие" веќе два века.
Покрај веќе добро познатиот лолита стил се појавува и нејзиниот машки еквивалент наречен кодона.
Кодона потекнува од два јапонски збора: (こども) кодомо што значи дете и (おとな) отона што значи возрасен.
Се карактеризира со елегантен изглед кој го имале аристократските деца во викторијанската доба, но и не е ограничен со конкретен шаблон или со ограничени бои.
Од едноставен до сложен, овој стил остава огромен простор за креативност и интересно е што е лесно изводлив и на нашите простори.
Од лично искуство можам да кажам дека со малку пари и малку време може да се оформи еден достоен кодона комплет.
Со овие три слики се претставени неколку варијанти на изгледот. Како што можете да забележите не е ни фиксиран со полови граници. Исто така 90% од тоа што го гледате на сликите може да се купи и во нашите трговски центри, но еден од најкарактеристичните елементи на изгледот – краватата може да се изработи на шнајдер или доколку знаете можете и сами, а доколку сакате поедноставно можете и да искористите обична кравата.
Друг карактеристичен елемент се 3/4 панталоните и чорапи во риги. За среќа и двете можат лесно да се најдат, а и стандардни црни панталони се ОК.
Капутите се најчесто од памук или чоја и еден сличен капут ќе чини околу 2800 денари, но доколку имате нешто слично употребливо е.
Капите што се користат во овој изглед се цилиндар шешири (tophats), качкети и федори за машки и мали шешири (mini tophat/ lolita hat) за женски. Овој дел од облеката и не е обавезен, но сепак дава поелегантна и викторијанска нишка на изгледот.
Маици со испринтан дизајн се користат во изгледот но само во втората варијанта каде е даден punk kodona изгледот, а во секој друг се користат претежно бели или црни кошули.
Ова се фундаменталните делови на кодона комплет, останатото останува на Вас и вашата креативност. Доколку сакате повеќе информации за тоа како да се облакате во кодона стил побарајте на Google и ќе најдете информации и слики кои ќе Ви помогнат во изборот.
Нема коментари:
Објави коментар