Уште една заедничка опсесија која ја имам со јапонците, но се разбира тешко е да се натпреваруваш со нив. Одамна сакам да напишам ваков тип на пост каде што ќе соберам повеќе податоци од различни извори, поврзани со еден аспект од јапонската култура, па еве дојде редот на мачките =^_^= (неко)
Значи чим почнав со ова се подразбира дека јапонците ги сакаат мачките и тоа може да се види во неколку аспекти од нивната култура.
Генерално јапонците мачките се сметаат за поволни, такоречи благопријатни :)) што носат среќа, а исто така се доста популарни и сакани миленичиња. Во поодамнешното минато постоело и верување дека мачките можат да се претворат во демонски чудовишта, но за разлика од нашите суеверија, кај нив се сметало дека несреќа може да те прати седум генерации, ако убиеш мачка. Кај нас нели несреќата е ако мачка ти премине преку патот, па затоа подобро да ја убиеш.
Во јапонската уметност се забележуваат мачките како популарен субјект во јапонските принтови, уште од Едо периодот(1603-1868), па до денешен ден. Некои уметници биле и познати по тоа што правеле портрети на мачки. Слично и уметниците на зборот, старите хаику мајстори во многу нивни песни ги опејуваат и мачките, a модерните хаику поети пишуваат хаику од гледна точка на своите мачки :) (за сите што чуваат или чувале маче, ова е доста интересно). Мачките неретко се спомнуваат и во старите јапонски народни поговорки - тука има неколку примери.
Maneki neko е доста познатата мачка со подигната шепа, поточно повикува со својата шепа). Сигурно ја имате сретнато на интернет, а можеби и во некое аниме. Во јапонија се смета дека носи среќа, па манеки неко скулптури се чуваат по домовите или во продавници и ресторани за да носат среќа и профит. Постојат многу легенди поврзани со оваа мачка, доколку сте заинтересирани можете да ги прочитате тука.
Но тука е и ултрапопуларната Hello Kitty, која уште од '74 па наваму постепено и сигурно го освојува светот, па сега можете да ја најдете во најразлични форми, почнувајќи од „аксесорис“, „геџети“, облека, игри, стрипови, бонбони, музика, фестивали, „тим“ паркови, тостери, храна, гитари, секакви типови на „гудис“ и скоро сè што може да ви падне на памет и може да се продава. Јапонците отидоа и дотаму што ја прогласија за официјален амбасадор на туризмот во Кина. Од 2004та и самата Hello Kitty има свои љубимци мачето Charmy Kitty и хрчакот Sugar кои и се подарок од татко и :)))
Колку всушност јапонците се луди по мачките можете да сфатите од неодамнешниот тренд во Јапонија на отворање на (како ова да го преведам соодветно) cat cafe-ња. Сигурно веднаш се прашувате за што се работи и нема веднаш да ви падне на памет вистинскиот одговор. Не се работи за кафиќи со фелин-тематика, нешто како wc рестораните, но ви доаѓа нешто послично со холандските кофи шопови или можеби уште поблиску до ред лајт дистрикт, без хентаи делот, но со изнајмување на друштво. Значи во овие кафиќи освен во кафето уживате (и нормално ви се наплаќа за тоа) во друштвото на мачката која ќе си ја изберете. Значи "no strings attached" совршена миленик- човек врска за презафетените јапонци. Моментално во Токио има вакви триесетина кафиќи и бестрашно и одлеваат на рецесијата. Одличен бизнис за реони каде што луѓето не мкожат да си дозволат уште една обавеза, но сакаат да го имаат задоволството што таа го носи со себе. Доколку сакате да дознаете попрецизно за што се работи, а можеби и сте заинтересирани за развивање на сличен бизнис тука, прочитајте повеќе.
А дека стварно јапонците си ги сакаат мачките е познато и по тоа што една од попопуларните активности на јапонските пожарникари е симнување на мачки од дрво :) Е сега Јапонија немаше да е Јапонија, ако немаше и ваков случај, каде што пожарникарите не можејќи поинаку да ја симнат исплашената мачка од врвот на високото дрво, морале да го пресечат дрвото. Ако не ми веруватe, на линкот имате и видео. Се разбира, при падот мачката се повредила, но е на земја и жива и во прегратките на своите луѓе :)
Уште еден јапонски феномен поврзан со мачките, кој ми се виде интересен е neko bus. Инспирирани од карактер во мијзакиовиот „Мојот сосед Тоторо“ некои се обиделе да го оживеат претворајќи го своето комбе или автобус во некобус. Погледнете некои од успешните реализации.
За крај, за сите јапанофили љубители на мачки, еве ви листа на јапонски имиња за вашето ново маче и едно видео со слатко јапонско маче кое сака да е човек :)
Funny Japanese Cat - Click here for more free videos
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
2 коментари:
Супер е постов, иако јас преферирам кучиња за домашен миленик, али у принцип сакам се што може да се чува по дома (јас чувам куче (составено од две раси), а моја лепша половина сијамец (така ни се поделени децата :P ))))))):)
Постов ме инспирираше да пишам за кучињата во Јапонија, а пред некој ден најдов слики од мал Јапонски шпиц, и мислам дека у живот не сум видела послатко кученце (добро освен Дино :D)
А за Хелоу Кити муабет да не правиме :) Срцко! Имам телефон во нејзини облик, и си го чувам така за успомен и дуго сечање, како и други тракатанци со неа :D
Објави коментар