сабота, 23 мај 2009 г.

Јапонското куче - симболот на лојалност, храброст и достоинство

Инспирирана од постот на Би за мачките, јас се обидов да направам еден осврт кон кучињата (Inu) во Јапонија, пред сé поради мојата приврзаност кон кучињата воопшто.
Историјатот на кучињата во Јапонија започнува во т.н.
Jōmon период (7.000 години п.н.е) и укажува на фактот дека кучињата коегзистираат со луѓето дури од каменото доба. Модерното јапонско куче, пак, е настанато со постојана селекција и мешање на азиските видови под влијание на миграциите на античките раси. Во Nihon Shoki (Јапонските хроники, кои претставуваат најстариот историски запис во Јапонија), но и во други историски записи, постои фактот дека уште од дамини на кучињата им биле давани имиња и на луѓето им служеле за на лов и како кучиња чувари во поновата историја. По завршувањето на Токугава периодот (1603-1867), кучињата кои оригинирале од Јапонија постепено започнале да ги мешаат со западните видови на кучиња кои биле увезувани и биле многу ценети. Така , оригиналните јапонски видови биле на работ на исчезнување, и затоа групи на фанови на јапонските видови, како и Министерството за образование покренале иницијативи за зачувување на чистокрвните јапонски примероци, па дури и се прогласени за вредна јапонска сопственост. Еден таков пример е и Morie Sawataishi, кој својот живот го посветил за оваа цел.
Историјата на јапонското куче има и мошне мрачни делови, како на пример фактот дека служеле како храна на јапонското
население за време на војната (II светска војна), или пак кампањата на властите по војната за јавно уништување на кучињата во борбата против беснило, која Јапонците ја имаат како лош спомен од минатото. Така, полека народот во Јапонија станал фобичен, и во принцип и генерално за кучињата и кај нас владее мислење дека сé што знаат да прават е да гризат.
Да се вратим
е на јапонските видови на кучиња. Тие се калсифицираат по големина и место на потекло (освен Shiba Inu, на сликата подолу) и на следниот линк може да се прочита повеќе околу тоа. Претежно спаѓаат во генералната категорија на шпицови (освен Tosa Inu), а варираат по боја и големина, но со типични карактеристики. За јапонските кучиња важи мислењето дека имаат посебен вид на карактеристики на послушност, лојалност и храброст, но и дух. По темперамент се смирени и обзирни, со голема доза на достоинственост.
Лојалноста на јапонските кучи
ња е опишана во приказната за Hachiko, Akita inu-то (на првата слика), кое секое утро го испраќало својот господар на Tokyo station, и се брзало да го пречека навечер кога се враќал од работа. Кога неговиот господар ненадејно починал, Hachiko не престанал да оди и да се враќа од станицата, се додека и самиот не угинал од старост. За него е подигнат споменик на Shibuya station, како сведок на неговата лојалност и приврзаност кон господарот.
Дека кучињата се популарни, без разлика на расата, сведочи тенденцијата во последно време, во Јапонија, да се заменува чувањето на децата со кучиња. Повеќе на следниот линк, а има и ред други сајтови на кои може да се разгледа оваа состојба. Но, иако сум голем љубите
л на кучиња, сепак, според мене ова е бизарно, и мислам дека нема ништо лошо во тоа да се има и дете и куче во исто време. Замислете, кучињата во 2006 година го надминале бројот на десетгодишните деца.
Сепак, кучето било и ќе остане едно од најомилените домашни миленици, без разлика на сé
. Покрај лојалноста и приврзаноста, причината поради која посебно ги сакам кучињата е и тоа дека тие навистина имаат фацијална експресија со која демонстрираат различни душевни состојби и се ретки животинки кои можат да го направат тоа. Листата на имиња за кучиња е на овој линк, и ако имам ново куче, покрај Дино, би си го крстила Хоши, што во превод значи ѕвезда. Кликнете на сликата за да видите повеќе форографии од Yuki, кученце од видот Јапонски шпиц.

1 коментар:

Bi рече...

Хеј колку си брза :)
знаеш дека овие Шиба кучињата се сметаа за насмеани кучиња, поради специфичниот изглед на нивната муцка, која изгледа како постојано да е насмеана.
А ти текнува ли дека Нана црната ја викаше малата Нана(седум) Хачико, по познатото куче, а потоа тој надимак беше скратен на Хачи (осум) :)))