сабота, 6 март 2010 г.

Tokyo Sky Tree

"Tokyo Sky Tree" се гради во Narihirabashi/Oshiage област во Sumida, Tokyo. Со своите 634m, кулата ќе биде една од највисоките во светот. Овој месец се завршија 300м од изградбата, а кулата треба да биде званично отворена во април 2012.



Кулата е цел на потполна дигитализација на јапонската телевизија во која се вклучени 6 големи TV станици, меѓу кои и NHK. Исто така, со неа ќе се подобри и достапноста на дигиталната ТВ емисија за мобилните апарати во Јапонија, која е започната пред скоро 4 години. Со својата висина, кулата ја надминува „шумата“ од супер-високи облакодери на Tokyo, а за нејзино непречено функционирање околу неа се гради „град“ во радиус од 400м.



Претпоставувам дека на сите ви е добро позната кулата на Tokyo, висока 333м, која моментално испраќа 14 аналогни и 10 дигитални сигнали и претставува туристичка атракција уште од 1958 година. Искрено се надевам, покрај својот помлад брат, Tokyo Tower нема да ја изгуби популарноста меѓу јапонските и странските туристи.

сабота, 24 октомври 2009 г.

Sapporo Yuki-matsuri - земја на соништата од кристален лед и бел снег

Секој Февруари во Сапоро, Хокаидо, се оддржува Фестивалот на снегот или Sapporo Yuki Matsuri. Историјата на фестивалот започнува во 1950-тата година, кога неколку средношколци направиле шест сататуи од снег во паркот Одори (大通公園, Ōdōri Kōen). Во 1955-тата година Јапонските сили за самоодбрана од локалната база Makomanai ги направиле првите масивни снежни статуи, по кои подоцна ќе стане познат овој фестивал. Интересно е и, што во услови на помало количество на наврнат снег во Сапоро, силите за самоодбрана носат снег надвор од Сапоро, а тоа ним им се смета како вежба.
Во денешницата, за време на овој фестивал Сапоро е посетен од страна на 2 милиони туристи од целиот свет. Се оддржува на три локации во рамки на градот: Одори паркот, Сусукино и Тсудоме.
Фестивалот е од натпрева-рувачки карактер (од 1974) на тимови од цел свет, а центар на збиднувањата е секако, паркот Одори. Тој е лоциран во срцето на Сапоро, долге е 1,5 km, а во него се поставени огромните снежни статуи, кои често знаат да достигнат и 15 m висина и 25 m ширина. Често тие служат како импровизирани бини на кои се оддржуваат и концерти. Покрај џиновските статуи, тука се наоѓаат и помали статуи, а најубав поглед на пракот има од ТВ кулата на Сапоро.
Локацијата Сусукино, која важи за red-light district на Сапоро, исто така има статуи и се наоѓа недалеку од паркот Одори. Тука се организира натпреварот во правење на статуи од лед (すすきの氷の祭典, Susuki no Kōri no Saiten). Исто така на оваа локација има годишен избор на Снежна кралица. (мис рУмска лепотица XD)
Tsudome, пак е локација која се наоѓа малку понастрана од центарот, и која е во функција на фамилијарна забава. Тука, на снежни лизгалки и лавиринти, snow-rafting, како и на голф на снег може да се забавуваат сите посетители на фестивалот, како и да уживаат во регионални кулинарски специјалитети.
61виот фестивал на снегот ќе се оддржи од 5ти до 11ти Февруари 2о1о. Иако овие статуи кратко траат, сепак тие се тивок показател на човечката творечка моќ. Кој знае, можеби еден ден, и ние ќе бидеме дел од зимската приказна од бел снег и кристален лед ;)

вторник, 9 јуни 2009 г.

Дали аниме карактерите се стварно јапонци?

Одсекогаш ме нервирале оние глупави заклучоци на луѓето, пред се добиени од премалку податоци и размислување, дека карактерите во аниме филмовите се бели (во смисол кавказијанци, white people), и не изгледаат јапонски. Но всушност ова многу кажува колку нивниот заклучок се заснова на стереотипната слика што тие ја имаат во својата глава за тоа како изгледаат јапонците.

На некого ова му го пукнало филмот, па решил детално и визуелно да објасни колку всушност аниме ликовите се типични јапонци, креирајќи го ова видео.

Мислам дека чашата ја претекол нечиј академски труд на темава. ЛОЛ