Аниме светот е голем. Не зборувам за бројот на наслови кои излегуваат секоја година, а поради кои Јапонија се смета за анимиран Боливуд поради квантитетот на аниме наслови, туку поради широкиот спектар на жанрови опфатен од нив - во основа, нема ограничување на можностите. Во последните неколку текстови посветив внимание претежно на научно фантастични серии, па сега е добро време да се заменат футуристичките хај тек уреди со малку магија и мечување.
Guin Saga. Сите знаеме за Толкин и неговото епохално дело „Господарот на прстените.“ Голем број знае за Џорџ Мартин и неговата „Песна за мразот и огнот.“ Солиден број знае за Роберт Џордан и неговото „Тркало на времето.“ Но само мал број знае за Каору Куримото, односно Имаока Сумијо. Сумијо е писателката на „Сагата на Гвин“, најголемиот серијал на книги од областа на епската фантастика. А кога мислам на „голем“, мислам на 126 книги објавувани во временски распон од најмалку 30 години. Во 2009 година беше направен аниме серијал од 26 епизоди во продукција на Satelight Studios. Guin Saga започнува со инвазијата на кралството Монгаул врз кралството Перос. Под превезот на ноќта војските на Монгаул го освојуваат слабото кралство, војската на Перос е уништена, кралот и кралицата убиени, а само нивните деца, Линда и Ремус се спасени од масакр. Изгубени во дивина, без засолниште и храна, тие се лесен плен за опасните sверови кои демнат во мракот. Но во последен момент се спасени од воин вешт во начините на мечување. Кога опасноста ќе биде расчистена децата гледаат дека воинот има глава на леопард. Но тоа не е единствената необичност - воинот не се сеќава на ништо до моментот кога ги среќава децата, освен тоа дека се вика Гвин, дека е одличен мечувалец и во главата му се врти зборот Aurra. Гвин се нуди да им помогне на децата во намерата да си го вратат назад изгубениот дом од окупаторите, а во многуте патешествија Гвин ќе открие многу работи за својот живот, како на пример познавањето на јазиците и обичаите кај многу народи и раси и неговите стратешки способности во справувањето со четите на Монгаул, поставувајќи го прашањето - дали Гвин бил нешто повеќе од обичен воин пред да го изгуби сеќавањето?
Тhe Twelve Kingdoms. Базирана на истоимената лајт новела, „Дванаесетте кралства“ е приказна за Јоко Накаѓима, обична средношколка која еден ден ќе биде нападната од чудни суштества, но во исто време ќе биде заштитена од мистериозен лик кој ќе и се претстави како Кеики, истовремено заколнувајќи и се на верност, а ќе и помогне да помине низ портал кој ја води нејзе и неколку нејзини пријатели во непознат свет. А тој свет нема топло да ги пречека - ќе бидат гонети од војници и чудни sверови, народот во секое село и град зборува на непознат јазик, но работите се менуваат кога Јоко ќе биде доведена во дворецот на човек кој го зборува нејзиниот јазик. Тој се вика Шорију, и тој како и Јоко потекнува од Земјата, во другиот свет позната како Каикјаку. Шорију и објаснува на Јоко дека овој свет има 12 острови, а секој од нив има кралство. Секое кралство има свој крал со кирин, суштества кои служат како заштитници на кралевите. После смртта на кралот, кирините одат во потрага по лица кои треба да седнат на тронот, и само кирините знаат кого треба да одберат. Еден од кирините е токму Кеики и во тој момент Јоко дознава каков товар судбината и става на нејзините плеќи. Серијалот е епска фантастика, но наместо од Толкин или други западни автори, овој серијал е инспириран од кинеската митологија.
Moribito: Guardian of the Spirit. Moribito е уште еден серијал на книги, овојпат од Нахоко Уехаши, а IP Productions кое стои зад Ghost in the Shell: SAC направи серија од 26 епизоди. Moribito ја следи приказната на Балса, жена копјаник која лебот го заработува како телохранител. Еден ден ќе намине во империјата Јого барајќи ковач кој може да и го среди копјето. Таа е сведок на една несреќа кога принцот на кралството, Чагум, ќе падне во реката додека е придружуван од кралската поворка. Балса го спасува детето и ќе биде поканета од втората царица на прием во палатата како знак на благодарност. Сепак Балса увидува дека втората царица имала скриена намера со приемот - имено таа ќе побара од Балса да го земе Чагум со себе и да го штити од лицата на полицијата и администрацијата бидејќи царот тајно наложил Чагум да биде погубен. Иако на почеток Балса се противи на оваа идеја, сепак на крајот легнува на брашното и го зема Чагум под своја заштита иако добро знае дека царот нема да ја остави на мира и дека ќе нареди секое дрво и камен да се преврти до крајот на светот прашувајќи се - зошто царот сака да посегне по животот на своето дете?
Bastard!! Замислете дека сакате да напишете дело во кое можете да ги вметнете работите кои ги сакате како главни елементи во приказната. Тоа му појде од рака на Казуши Хагивара, страствен играч на Dungeons and Dragons и љубител на хеви металот. Резултатот од спојката на овие две нешта се вика Bastard!!, манга серијал од 1988 година кој за жал сеуште нема добиено епилог. Во Bastard!! Јавачите на Хаосот го напаѓаат замокот Металикана бидејќи таму е заробена божицата на злото, Антракс. Свештениците се свесни дека ниту една војска или волшебник може да ги спречи да го освојат замокот, па така главниот свештеник се решава на очајнички чекор - мора да го ослободи Дарк Шнајдер, најмоќниот волшебник кој е заробен во телото на малото момче Луше. Но за да биде ослободен од заточеништвото, Луше мора да биде бакнат од девица, а единствената девица во замокот е ќерката на главниот свештеник, Јоко. Извршувајќи ја својата должност, Јоко го бакнува Луше, не знаејќи дека нејзината скриена симпатија се претвора во едно дрско, арогантно магаре со огромно его наречено Дарк Шнајдер. Волшебникот лесно ги уништува војските на јавачите на Хаосот, но свештениците се исплашени - и тоа со право. 15 години пред неговото заробување, Дарк Шнајдер бил генералот на Јавачите на Хаосот и водач на огромна војска на војници и волшебници во обид да го покори светот. Но Шнајдер сега нема интерес да биде владетел откако ќе увиди дека Јавачите имаат нов водач и се свртени против него. Сега Шнајдер мора да се соочи со неговите поранешни соборци - секси елфицата Аршес Неи, воинот Кал-Су, нинџа мајсторот Гаара и мрачниот свештеник Абигејл. Мангата не делува многу сериозно и има доста смешни моменти (на пример Дарк Шнајдер, кој е одличен шармер сака да ја заведе Јоко облечен како Дедо Мраз) и ситуации на breaking the fourth wall (Шнајдер ќе му објасни на Гаара дека тој е главниот херој, а сите споредни негативци се предодредени да загинат).
1 коментар:
Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои се мачат во нивните односи бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите 2 деца за друга жена на 3 години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па направив истражување на интернет и наидов на веб-локација каде видов дека д-р Елен, која работи на магија, може да ти помогне да ги вратиш љубовниците. Ја контактирав и таа ми кажа посебна молитва и магии. На мое изненадување, по 2 дена мојот сопруг се врати дома. Така се собравме и имаше толку многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да стапите во контакт со д-р Елен, моќен асистент за решенија
1) придобијте го вашето поранешно момче
2) Соберете ги мажот и жената
3) престанете да ги повторувате кошмарите
4) Хербален лек за ХИВ и рак
5) Моќен магичен прстен
6) среќен шарм
7) Кршење на опсесии
8) Проблеми со породувањето и бременоста Контактирајте го преку EMAIL: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да Whatsapp +2349074881619
Објави коментар