среда, 21 март 2012

Добредојдовте во саможртвувањето (Добредојдовте во НХК епизода 19)

Како што ви ветивме, за кратко време ви ја презентираме и новата епизода на Добредојдовте во НХК - Добредојдовте во саможртвувањето, уште една забавна епизода од секојдневието на нашите тинејџери полно со проблеми.

Играта на Мисаки и Сато продолжува - Сато го потпиша договорот и вети дека ќе и’ ги исполнува сите желби на Мисаки, а Мисаки е решена дека ќе му врати за неговото флертување со Кашива, па си игра со него влечејќи го насекаде за да ги исполнува сите нејзини хирови. Но до кога, или до каде, ќе оди сета таа игра? И какви се вистинските чувства на Сато?

Овде можете да ја прочитате онлајн верзијата. Pdf и cbz верзиите може да се добијат на барање во коментар.
Очекувајте не’ наскоро со нови епизоди.

вторник, 20 март 2012

Манганација 0003 Кучиња (Увертира еп.01)

Во пауза од работа, воглавно, а и со желба да направиме нешто ново, ви го претставуваме новиот проект на Манганација #0003 - Кучиња (Dogs). 

Кучиња е одлична акциона манга дури и за оние кои не го сакаат многу тој жанр. Покрај флуидните и ангажирачки акциони сцени, мангата има одлична приказна и интересни и добро изградени ликови. Како за почеток ви ја презентираме Увертирата, составена од 4 приказни за 4-те главни ликови Михаи, Бадо, Наото и Хаине. Тоа е една книга од шест епизоди и епилог, кои ви ги презентираме почнувајќи од денес, се надеваме, паралелно и исто толку често како и НХК. Секоја приказна може да стои и самостојно, но сите заедно, прават еден од најбрилијантните уводи во една од најпопуларните манги - Кучиња: куршуми и кланица (Dogs: Bullets & Carnage). Инаку, Увертирата е адаптирана и во аниме од 4 епизоди, ако некој е заинтересиран да го погледне има препорака од мене.

Првата приказна која ја презентираме денес е Плачливиот стар убиец. Низ флешбекови, епизодата ја раскажува трагичната приказна на Михаи, за нас освежувачки лик, кој со оглед на годините и средината, ги нема проблемите на тинејџерите од  НХК.

Првата епизода може да ја прочитате овде. Припремени се и pdf i cbz верзија, ако некој е заинтересиран да ја добие во таков формат, нека ни пише имејл или коментар на постов. Се надеваме дека ќе уживате ,)

среда, 07 март 2012

Добредојдовте во замката (Добредојдовте во НХК епизода 18)

За денес ви подготвивме изненадување, па jа објавуваме порано (или многу подоцна) од петок 18-тата глава на „Добродојдовте во НХК“. Сe’ уште во потрага на ентузијасти и редовни членови на тимот, неколкумина од нас се снаоѓаат временски да го исполнат рокот.. Моментално се припремаат и другите две глави од 4-тата книга, со што би стигнале до половина од приказната. И тие ќе бидат објавени наскоро, зашто ги работевме паралелно, а се надевам вие и понатаму ќе бидете трпеливи и ќе се радувате на секое наше издание. ;)

Мисаки не се откажува од Сато, и понатаму се обидува да го извлече од статусот „хики“. Оваа епизода раскажува дел од приказната на Мисаки, но мора да се запрашате што е вистина а што не, кога епизодата носи наслов „Добредојдовте во замката“. Како и да е, уште едно кратко уживање од нас за вас.

Онлајн верзијата како и секогаш овде, а нормално, и pdf и cbz верзиите се спремни за симнување.