вторник, 20 март 2012

Манганација 0003 Кучиња (Увертира еп.01)

Во пауза од работа, воглавно, а и со желба да направиме нешто ново, ви го претставуваме новиот проект на Манганација #0003 - Кучиња (Dogs). 

Кучиња е одлична акциона манга дури и за оние кои не го сакаат многу тој жанр. Покрај флуидните и ангажирачки акциони сцени, мангата има одлична приказна и интересни и добро изградени ликови. Како за почеток ви ја презентираме Увертирата, составена од 4 приказни за 4-те главни ликови Михаи, Бадо, Наото и Хаине. Тоа е една книга од шест епизоди и епилог, кои ви ги презентираме почнувајќи од денес, се надеваме, паралелно и исто толку често како и НХК. Секоја приказна може да стои и самостојно, но сите заедно, прават еден од најбрилијантните уводи во една од најпопуларните манги - Кучиња: куршуми и кланица (Dogs: Bullets & Carnage). Инаку, Увертирата е адаптирана и во аниме од 4 епизоди, ако некој е заинтересиран да го погледне има препорака од мене.

Првата приказна која ја презентираме денес е Плачливиот стар убиец. Низ флешбекови, епизодата ја раскажува трагичната приказна на Михаи, за нас освежувачки лик, кој со оглед на годините и средината, ги нема проблемите на тинејџерите од  НХК.

Првата епизода може да ја прочитате овде. Припремени се и pdf i cbz верзија, ако некој е заинтересиран да ја добие во таков формат, нека ни пише имејл или коментар на постов. Се надеваме дека ќе уживате ,)

Нема коментари: