вторник, 31 јули 2012 г.

Hara Hachi Bu и на тебе

Јапонците својата мудрост ја имаат вклопено во секој сегмент од животот, па така и во начинот на кој се хранат. Принципот Hara Hachi Bu доаѓа како вредна лекција од Окинава, која укажува на метод на себевоздржување и умереност, првенствено во исхраната, но и во другите сегменти од животот. Потврдата за ефикасноста на овој принцип се има преточено во долговечноста и одличното здравје на населението.

Принципот Hara Hachi Bu е едноставен и буквално значи "стомак 80%", односно, да се јаде додека не се наполни желудникот 80%. Акцентот во начинот на исхрана според овој принцип се става на зеленчук, овошје, житарки, соини производи, како и риба, и на многу минимален дел на немасно месо. Сето ова е во функција не само на редукција на ризиците од кардиоваскуларни болсти и дебелината, туку и намалување на количината на слободни радикали, кои се директни причинители на оштетувањата на клеточно ниво на организмот.
Со помош на Hara Hachi Bu, на свовиден начин се регулира временското закаснување на информацијата за ситост, што настапува 20 минути откако ќе се внесе храната. Осумдесетпроцентното полнење на стомакот е добра стратегија за редукција на дебелината без изгладнување, во комбинација со храна која е базирана претежно на храна од растително потекло (чипс :P)).
Секако, ова не значи дека треба да се остава 20% од храната на чинијата, туку умешноста е во изнаоѓањето на дозата која го сочинува принципот. Покрај храната од претежно растително потекло, се препорачува риба и производи од соја како извор на протеини, како и редовна блага физичка активност како таи чи, јога, прошетки или пак едноставно работа по дома или во двор. 
Убавината во целото ова е што, доколку се разбере и прифати принципот, останува за цел живот. Повеќе инфо тука.

3 коментари:

Анонимен рече...

Почитувани, мораме вака да се обратиме и да ја нарушиме хармонијата на просторот бидејќи не гледам поставен мејл, имено го бараме г-динот Б. Николовски бидејќи го препорачаа како преведувач од јапонски и корејски, дали имате каков било контакт, бидејќи планираме да преведеме книга од јапонски.

Marivche рече...

За жал јас немам контакт од него...

Анонимен рече...

Јас сум заинтересиран веќе некое време за курс по Јапонски јазик . се прашувам дали има во Скопје . До сега барав на интернет, но не најдов ништо ниту пак моите познаници знаат нешто. Би бил среќен кога би добил од вас некоја информација околу тоа во поскоро време и ако постои таков курс би сакал да партиципирам во најбрзо време . Однапред благодарам, Поздрав :))