петок, 16 декември 2011 г.

NHK се враќа дома


После летната пауза која стигна до зима, Манганација се враќа со нова епизода на сатиричната манга серија „Добредојдовте во НХК“.

Тие што читаа до сега се сеќаваат дека серијата го следи животот на еден хикикомори Сато Тацухиро. Тој е човек на околу дваесетина години, повлечен од социјалниот живот и општеството, затворен во својот дом без никаква визија за себе и својата иднина. Го напуштил факултетот и живее со позајмици од родителите, кои и самите запаѓаат во криза, ја лажи мајка му дека има девојка и работа, а со својот отаку комшија Јамазаки, кој е слично толку забеган, си замислуваат дека ќе направат еротска видео игра, од која ќе заработат многу пари. Тука е и девојката Мисаки, која ги избегнува училишните обврски и се занимава со „лекување“ на болеста на Сато и повозрасната соученичка на Сато Кашива семпаи, која е зависна од лекови за смирување.

Авторот преку различни доживувања на главниот лик Сато низ различни епизоди на серијата не запознава со болестите на јапонското општество и замките во кои паѓаат младите луѓе нарачени NEET (не работат, не се едуцираат и немаат друга обврска). Така што се запознаваме со различни општествени појави и девијации, претставени на комичен и саркастичен начин: хикикомори, отаку, лолита комплекс, интернет самоубиство, зависност од компјутерски On-line игри со играње на улоги (MMORPG), задолжување преку мултилевел продажби базирани на измама и т.н.

Се надваме сека серијата ви се допаѓа и дека ќе продолжите да ја читате, па ви ја претѕставувме новат епизода 16, со почеток на нов том и нови доживувања на Сато и неговите „пријатели“.

Читајте ја новата епизода on-line тука, или симнете си ја во pdf или cbz верзија од Magaupload.
За тие што не читале до сега, сите досегашни епизоди може да се најдат тука.

понеделник, 12 декември 2011 г.

Светот на несамураите

Сите ние кои читаме манги досега сме имале можност во нашите раце(или пред нашите монитори) да ни се најде најмалку една манга со приказна од одреден период од историјата на Јапонија,а тоа воглавно е Едо периодот.Нормално во таквите приказни централни ликови се самураите,прикажани во сета нивна благородност и чест(Rurouni Kenshin),одмаздништво(Lone wolf and cub) или извитопереност(Shigurui).Сакам самурајски манги,некои од нив ми се меѓу најдобрите што сум ги прочитал како Rurouni Kenshin и Shigurui,но како што не е убаво секој ден да јадеш едно исто така испадна полека да губам интерес за овој жанр,прашувајќи се дали во Јапонија има дела со приказни за историски настани кои не се случуваат во Едо периодот и опфаќаат некоја друга земја.Одговорот дојде од Макото Јукимура,авторот на Vinland saga,еп за освојувањето на средовековна Англија од викинзите,добитник на наградата за најдобра манга на Japan Media Arts awards во 2009 г.Ова признание покажа дека има автори кои посветуваат внимание на историски случувања кои не се дел од јапонската историја,само што се запоставени од издавачките компании од западот па се популарни само во земјата на изгрејсонцето.Па,кои личности и настани им се мили на јапонците за да ги овековечат со мастило на хартија?

Kingdom(Кралство).Сместен во 245 година пред новата ера во Кина за време на периодот на завојуваните држави Kingdom е приказна за две момчиња,Шин и Пјао кои за живеачка слугуваат на едно семејство откако и обајцата ќе ги изгубат своите родители во војната.Еден ден додека спарингуваат со дрвени мечови ќе добијат посета од Венџун Ченг,министер во служба на принцот Шенг,иден владетел на државата Ќин.Ченг доаѓа со намера да го земе Пјао и да го вработи како воено лице,но само Пјао смее да дојде,а Шин останува кај своите господари.Еден месец подоцна Шин ќе го најде Пјао во својот двор,смртно ранет.Пјао му вели дека почнал државен удар против принцот и пред да умре бара од Шин да оди во соседното село Кокухи.Со солзи во очите Шин ја извршува последната желба на Пјао и стигнува во Кокухи каде е пречекан од бандити и професионално обучен асасин кои лесно ги победува.Кога ќе влезе во назначената куќичка Шин ќе се шокира кога ќе го види Пјао жив,но тоа е всушност принцот Шенг.Шенг му објаснува дека неговиот помал брат стои зад државниот удар,а Пјао глумел негов двојник за да го заштити принцот од евентуален атентат и бара помош од Шин по што Шин немајќи каде да оди му се заколнува на верност на принцот,не знаејќи дека од тој момент оди по пат кој ќе го доведе до тоа да стане еден од најголемите генерали во историјата на Кина.





Kingdom по опис на baka updates спаѓа во сеинен категорија,но по прочитаните први 7 поглавја(толку се преведени во моментов) има шмек на шонен манга.Прикзната почнува со мечтаењето на двајцата најдобри другари како најдобри кинески генерали,борбите се малку нереални,но не во смисла на претерувањата кои ги гледаме во шонените и дефинитивно не се правени по теркот на Hero,Crouching tiger итн,за сеинен наслов делува благ кога е во прашање бруталноста-некои шонени лесно го надминуваат по тоа прашање(Shingeki no kyojin како очигледен пример),некои од непријателите имаат непропорционална телесна форма,како и неизбежниот comic relief,поточно дете кое го запознаваме следејќи го Шин до Кохуки,давајќи поведар и авантуристички тон на ова долго патување.

Но оваа проценка се однесува само на почетокот,а почетокот ветува многу.Читатели кои се разбираат во канѓи најавуваат дека Kingdom изобилува со борби од епски размери,политички интриги и личности кои ќе остават значителна трага во историјата како генералот Сун Цу,писателот на "Уметноста на војувањето".Ваквите новости се охрабрувачки за оние кои не се разбираат во канѓи и се надеваат дека оваа манга нема да биде напуштена од scan тимовите.Kingdom излегува за Shonen jump magazine од 2006 година и има 23 книги.



Wolfsmund(Волчја уста).Швајцарија,14 век од новата ера.Период во кој кантонските области Ури,Унтервалден и Швајц се под контрола на Австрија и нејзиниот војвода Леополд.Народот во кантоните се бори за својата слобода организирајќи бунтови и востанија.Настаните се случуваат во мало место наречено Волчја уста,контролен пункт сместен во Швајцарските Алпи на денешната австриско-италијанска граница.Секој кој сакал да помине од Швајцарија во Италија и обратно ќе морал да помине низ тој пункт,а за тоа му требало одобрение за премин од управникот Волфрам.Управникот на прв поглед е мирен,сталожен и добро образуван човек,но под сите тие манири се крие лукав и доста вешт водач,надлежен да се погрижи ништо сомнително да му помине пред очи.Благодарение на Волфрам многу бунтовници се фатени и егзекутирани на лице место,а писма со информации витални за востаничкото движење пресретнати.





Оваа манга е несекојдневна-секое поглавје има различни протагонисти кои сакаат да ја поминат границата,се објаснува нивната позадина по што сочувствуваме со нив,прикажана е нивната доблест па навиваме да минат сигурно и безбедно само за на крај да бидат надушкани од управникот и нивните животи насилно одземени.Нашиот главен јунак е Волфрам кој не е јунак,не е ни антијунак во стил да прави нешто недозволиво ама се соочува со морални дилеми или внатрешна борба ала Кира од Death note,ова е негативец во права смисла на зборот-тип чиј дневен распоред вклучува рутинирано разоткривање на непријателите на Австрија и нема морал или сомнеж кој го спречува во тоа.Wolfsmund е нова манга,авторот е Мицухира Куѓи и не е изненадувачки што дебитира со приказна за средновековна Европа кога ќе дознаете дека работел како асистент за Кентаро Миура(Berserk).Само да се надеваме дека нема да застрани како Миура за времето на издавање на поглавјата.


Historie(Историјат).Александар Македонски во манга?It's more likely than you think.Комплетно направена од Хитоши Ивааки,популарен мангака на научнофантастични хорори(Parasyte),ова е негова прва манга од поинаков жанр.Додушa Historie иако е сместена во античкиот период  Александар и Филип имаат споредни улоги;sвездата во оваа приказна е Еуменес,момче израснато во едно од најбогатите семејства во Кардија чија судбина се менува преку ноќ со убиството на татко му,по што ќе биде обвинет за неговата смрт,а семејството ќе му го заврти грбот.Казната е ропство,но кога го пренесуваат во еден брод,бродот ќе биде уништен во бура,а само Еуменес ќе биде спасен од жителите на едно рибарско село.После две години Еуменес се враќа во Кардија само за да ја види опколена од македонската војска.Применувајќи неколку умешни трикови за да влезе во градот тој ќе го привлече вниманието на еден едноок трговец кој му нуди работа.Еуменес прифаќа и трговецот го носи во македонскиот камп каде го открива својот идентитет-пред него гордо исправен стои Филип Втори Македонски,кралот на Македонија.Еуменес наоѓа свое место покрај Филип како негов секретар,а подоцна и како генерал на македонската војска.





Најдоброто нешто во Historie е нарацијата.Вметнувајќи детални објаснувања од античкиот свет како тогашната филозофија,откритија,општествени и политички односи единственото нешто што може да смета е бавниот развој на приказната.Historie излегува веќе 8 години,а објавени се само 6 книги,па малиот број книги е главна причина зошто Historie не е позната надвор од Јапонија освен ако активно ги следите актуелните случувања на манга сцената.За подобро упатените во историјата приказната прогресира до моментот кога Филип веќе трга кон Атина. Друг downside-Ивааки се согласи да работи на нови поглавја на Jack Black,докторската икона на Осаму Тезука,па не е сигурно колку ќе претрпи Historie од ваквиот развој на настаните.


Vinland saga(Винландска сага).Ова е можеби моето најомилено историско дело во манга пакување.11 век,време кога Европа се најде под страшна закана од северот.Французите ги нарекуваа норманци,англичаните ги нарекуваа данци,византијците ги нарекуваа роси,но тие се нарекуваа викинзи.Ова е приказна за Торфин,млад човек кој плови на бродот на итриот заповедник Аскелад и под негова команда одат на места каде можат да се борат и пљачкаат богатства на непријателот.Торфин има поинакви мотиви за ова патешествие од Аскелад;имено Аскелад ќе го убие татко му,славниот Торс,џинот од Јомск;и се што сака Торфин е да се одмазди во име на таткото.Аскелад секогаш му дава шанса за двобој во која Аскелад победува од искуство.Но Vinland saga иако е приказна за одмазда,сепак е мала во споредба со тоа што следува.Кралството Данска ги обединува викинзите во напор да ја освои Англија,а на Аскелад му е доверена должноста да го штити принцот Кануте,еден од можните наследници на данскиот престол.И тоа е моментот кога од перспективата на Торфин навлегуваме подлабоко во светот на викизните,нивната традиција и обичаи,нивните верувања и богови,зачетокот на христијанството во Скандинавија,борбата за престолот и откривањето на ново копно кое викинзите го крстиле Винланд,а кое денес го знаеме како Америка.





Комплексниот свет на викинзите е одлично одработен,но за мене тоа што го чини Vinland saga е Аскелад.На почеток ќе помислите како Аскелад е обичен лош тип кој заслужува гушкање...со јаже...околу вратот,но поглавјата за неговата личност и минато се така добро распоредени и вклопени во дејството да Аскелад стане најдобриот антијунак во едно манга остварување.Немам намера да откривам детали,за да дознаете повеќе трк до вашиот омилен манга сајт оти оваа манга исто како и Historie можете да ја најдете само во оригинално јапонско издание.