И се случи чудо, и тоа предвремено божиќно. По пауза од речиси година дена, по 13ти пат Japan@mk во соработка со La Kaňa има задоволство да ви го претстави култното аниме “Токиските кумови” (Tokyo Godfathers), и воедно да го означи почетокот на новото дружење во рамките на оваа манифестација за 2010 година.
Ова аниме - ремек дело на Сатоши Кон, претставува своевидно соочување на гледачот со суровата реалност на токискиот бездомник, пресликана без онаа стандардна патетичност во предавањето на егзистенционалната нота со која е проткаена приказната. Напротив, авторот преку низата на случувања врзани за минатото и сегашноста на одлично извајаните ликови, јасно дава до знаење на гледачот, дека животот сам по себе е чудо, без разлика на условите во кои се егзистира. Низ приказната, која започнува, навидум наивно, кога фамозното трио го наоѓа напуштеното бебе на Божиќната вечер, гледачот суптилно патува низ нивните животи и заедно со нив се бори против сите внатрешни демони кои ги беа одвеле во бездомничкиот прогон.
Само за потсетување за оние кои веќе присуствувале на некои од проекциите на Јапанорама, Сатоши Кон е автор и на фантастичното Paprika.
Вредно да се погледа и да се ужива во секоја минута од ова дело, ве покануваме да ни се придружите на 14.04.2010 година во La Kaňa, со почеток во 19 и 15.
BTW, филмот е со јапонски dub и македонски sub, се’ благодарение на Marya-san & Влатко
линкови до imdb, ANN и MAL
4 коментари:
Закон! Одличен избор. Само некако криво ми е дека ги имам пропуштено другите 12. Ај, ќе надокнадам... :)
Искрено се надевам дека ќе не има во што поголем број, и дека ќе ја имаме Japanorama-та на regular basis, па секако дека ќе има време за надокнадување на пропуштеното :)
Се гледаме во Ла Kања во Среда :)
Супер беше.
уште еден дечко said:
Супер беше!!!11 :)
Објави коментар