недела, 7 декември 2008 г.

Безвременска музика

Моментот кога Samurai Champloo станува нешто повеќе од обично аниме.



Го имав ставено on hold долго време. Вчера му се вратив и сфатив дека сум била токму помеѓу прва и втора сезона. Многу пријатно се изненадив кога серијата стана многу посериозна од она што мислев дека е.

Овој момент, песната, анимацијата и симболите...
Сепак ќе ви препорачам да го гледате.

Музиката на клипот е во изведба на Ikue Asazaki - (јапонска Вања Лазарова). Песната може да ја најдете под две имиња: Obokuri eemui и Obokuri ee umi. Тука може да го прочитате текстот. Оваа специфична мелодија и пеење е карактеристична за Окинава (Okinawa) перфектурата, која се издвојува од другите делови на Јапонија и по својот доста карактеристичен дијалект, кој е толку различен што изгледа како да се работи за друг јазик, дури и за јапонците. Пред извесно време во Јапонија постоела опсесија, односно така наречен „Окинава бум“, кога културните специфики на етно културата на Окинава биле доста модерни и барани во поразвиените делови на Јапонија. Јапонците велат дека Окинава е интересна и специфична дури и за нив.

1 коментар:

Poljaff рече...

Ќе бидам пристрасна овој пат и ќе нагласам дека Champloo е на листата на моите омилени анимеа, а музиката на мојот мобилен... мене искрено ме импресионира комплет. Kако што во Окинава chanpuru e јадење, мешавина од слатко и горчливо, Champloo е микс од жанрови, настани, музика. Совршен наслов за одлично аниме, која ви доловува дел од културата и историјата на Јапонија на оригинален начин.