сабота, 1 ноември 2008

Ergo Proxy - Светот низ очите на квази-индивидуалноста

Кога првиот пат го прочитав насловот на ова аниме, беше напишано со маркер на пар дискови. Еден пар меѓу дузина. После неколку месеци откако ги изгледав сите останати аниме серии што ги имав, на ред стигна и Ergo Proxy.
Кога ја погледнав првата епизода, останав збунет. Неможев да сватам зашто досега не сум помислил да ја гледам серијава. Нејсе, иако сеуште не свесен за природата на авантурата во која што се впуштам, решив да ја изгледам оваа аниме серија што е можно по скоро.
Серијата започнува со класичната "film noir" основа. Престава на утопистичкиот живот на протагонистот (материјална, социјална и психофизичка благосотојба), наеднаш почнува да се руши и да си ги покажува своите трули темели. Вечното бегство и не знаењето на тоа кој ти верува т.е. на кого можеш да веруваш, го прави почетокот на оваа аниме серија безмалку возбудлив. Низ велот на енигматичноста и искуствата на Real и Igi, како и осамениот живот на имигрантот Vincent, серијава срамежливо ќе започне да ја открива насоката во која се упатува. Повеќеслојниот приказ на откривањето на човекот, како индивидуа и како алатка во поголемата машинерија на општеството, како рационално суштество и како ментален склоп кој не прави никаква смисла, е само еден од квалитетите што оваа аниме серија ги содржи.
Мрачниот амбиент е изненадувачки моќен, со оглед на тоа што добар дел од случувањата се проследени преку ден. Секогаш имаш чувство дека неволјата се крие позади следниот агол. Можеби за ова е парцијално виновна и музиката, која совршено се вклопува со сликата.
Визуелниот аспект може да разочара добар дел од потенцијалната публика. Минималистичкиот пристап најчесто се покажува доста продуктивен. Гледачот не е бомбардиран со непотребна информација и може опуштено да ја следи главната приказна, но минималистичниот пристап понекогаш и иритира.
Воглавно, Ergo Proxy е серија, пријатна за окото, увото и умот. Топло ја препорачувам на сите, особено на обожавателите на postcyberpunk и сличните на него жанрови.

3 коментари:

HCL рече...

Iskreno, mene licno ne mi se dopadna, no sepak vkus e vo prasanje.

Bi рече...

Јас не го догледав цел, зашто од 13 епизода натаму ми сецкаа :)
Инаку сајберпанк моментот ме привлекува, иако анимево ми беше малку конфузно. Ми имаше некој недостаток на главна фабула и малку премногу филозофија што делува претенциозно, но сепак, бидејќи не ми е целосно изгледана серијава не можам сеуште да кажувам. Музиката ми се допадна, но во анимацијата ме нервираше некој амерички шмек, односно мислам дека американци имаат вмешано прсти во продукцијата, така што анимацијата е направена повеќе за западњачки вкус. Како и да е, глобално ми остави добар впечаток и сакам да ја догледам.

Poljaff рече...

Мене малку ме умори... не можев да гледам, на пример, две епизоди по ред во еден ден. Сепак интересно, поинакво, иако не ми се допадна начинот на цртање. Би е во право, и мене ми сметаше малку про-западњачкиот стил и во цртежот, и помалку и во приказната. Авторите целеле на конкретна публика, премногу филизофски, премногу твин-пиксовски, и во потполно мрачна атмосфера. Лично, практично воопшто не по мој вкус, иако, признавам, оригинално аниме, кое вреди да се погледне.