Сите што на некој начин се запознале со јапонската култура, односно пред сè со комуникацијата и социјалните форми на однесување на јапонците, ги сретнале овие додавки кои се користат при обраќање. Добро, и сите читачи на манга и гледачи на аниме (^_^).
За тие што не знаат, накратко, и се надевам соодветно, ќе го објаснам нивното користење и значење.
Сан
San (さん) е најпопуларно. Скоро сите го знаат и го користат понекогаш, ама не секој го знае вистинското значење на Сан. Не дека и јас го знам, но од читање ваму таму, добив некоја претстава. Со сан се искажува почитување кон оној на кој му се обраќаме. Многумина го споредуваат со господин/госпоѓа/ѓица, но не може баш да се стави еквиваленција. Бидејќи кај нас не постои баш контекстот, а сан не мора да се искажува само спрема надредени, непознати, постари и сл. малку е тешко да се долови идејата.
Сан дури и се користи при именување на животни од страна на децата (тука спаѓаат и инсектите освен лебарката). Исто така нееквивалентно со господине е тоа што сан си велат и младинци помеѓу себе, а се користи како додавка и на имиња и на презимиња.
Сан секогаш се користи кога ги ословуваме другите, но никогаш кога се претставуваме себеси. Јапонците тоа би го доживеале како неучтиво однесување.
Сама
Sama (様) Сама е поголемо почитување, помешано со восхит. Ова се користи за искажување на голем почит, па дури и покорност кон тој на кого му се обраќаме, при обраќање на шинтоистичките богови, на ројалити и сл. Денес, јапонците го употребуваат кoга се обраќаат на муштериите. :)
Кун
Kun (君) Кун често го среќаваме во аниме сериите во кои најчесто главните ликови се тинејџери. Секогаш се користи за ословување на машки и обично тоа е во некоја адолесцентска возраст. Го користат врсниците помеѓу себе, но и постарите кога им се обраќаат на младиќи :)
Чан
Chan (ちゃん) Чан е нешто како деминутив. Еден вид умилувачко ословување. Се користи при обраќање на деца, и на девојчиња. Дури и на девојки, од страна на постари лица. Јас претпоставувам дека оваа додавка доаѓа од зборот акачан (ч се чита како српското меко ч, измеѓу ч и ќ) кој значи бебе.
Доно/тоно
Dono или tono (殿) Доно е старо, традиционално ословување кое изразува поголема почит и обично се користело за обраќање на благородници. Обидувајќи се соодветно да го преведеме ова на македонски дојдовме до турцизмот „ефенди“, кој најблиску го опишува користењето на доно. Ова може да го сретнете во некое аниме или манга со самураи или слична тематика од јапонската историја.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментар:
Конечно излезе од драфт верзија :) Бери бери еџукејшанал, Би-доно (што во превод би дошло - Ефенди-Би) Без мајтап, добра споредба ;)
Објави коментар