Се прикажуваат објави со етикета ANIME. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета ANIME. Прикажи ги сите објави

четврток, 7 јули 2011 г.

Berserk:The reboot

Image and video hosting by TinyPic

За сите оние кои не се запознаени со Berserk серијалот
http://en.wikipedia.org/wiki/Berserk_%28manga%29


Пред едно 2 години на интернетот се појавија слики од Berserk во аниме форма.Фановите се радуваа на можноста да видат продолжение на оваа епска сага,но нивните надежи беа набргу срушени со веста дека анимациите се од адаптација на видео игра за Berserk.Кон крајот на септември 2010 г. како гром од ведро небо се појави првата реклама за новата Berserk серија со тогашен наслов Berserk:The saga begins.




A набрзо и преостанатите







Yup,this is the real deal.Berserk,една од најпопуларните манга серии во Јапонија со уште поголема фановска база надвор од неа,после оригиналниот аниме серијал од 1998(кој опфати само мал дел од мангата) добива нова аниме адаптација и по се изгледа нема да продолжи таму кај што застана старата серија,туку се ќе се раскажува од почеток и ќе ги опфати сите делови кои не добија можност да бидат адаптирани во претходната серија.

Во најновото издание на Young animal magazine се потврдени следните информации:
-Berserk ќе излегува како серија филмови(не се знае колку танкобони ќе содржи еден филм)
-За анимацијата е задолжена Studio 4C(Tekkon Kinkreet,Detroit metal city)
-Режисерската палка му припаѓа на Кубоока Тошијуки(Top o nerae!,Batman:Gotham knight)
-Премиерата на првиот филм е закажана за јануари 2012 г.


Шпекулации:
-Музиката ќе ја компонира Gackt
-Временскиот распоред за секој од филмовите е така направен да треба најмалку 10 години да поминат за да се покрие целата манга(барем она што е досега излезено)

Tолку за сега.Повеќе информации ќе бидат објавени на 15 јули кога е закажано отварањето на официјалниот сајт.

И за крај


Ново:Официјалниот сајт е отворен малку порано http://www.berserkfilm.com/
Првиот филм ќе биде насловен Berserk:The Golden age 1-The egg of the conqueror.

среда, 15 јуни 2011 г.

Јапанорама 21- Summer Wars

Кога станува збор за аниме посебно за оние филмови кои се наменети за целото семејство, ретко кој може да му го преземе приматот на фантастичниот Miyazaki. Но, има неколку режисери кои би можеле да се борат за неговиот трон. Во случајов, Hosoda Mamoru, кој нам ни е познат по Toki wo Kakeru Shoujo (The Girl Who Lept Through Time), а можеби и по филмовите на Dragonball и Digimon.

Оваа Јапанорама бр. 21 ви го претставуваме неговото последно дело - Летни Војни (Sama Wozu), долгометражен анимиран филм од 2009-та, кој уште од своето појавување доживеа одлични критики.
Филмот содржи доста познати елементи, но и богатсво од карактери и нивни забавни меѓуодноси. Мошне свежо ни го прикажува и имагинарниот и виртуелен свет ОЗ, чија анимација може да се спореди со уметничките дела на Murakami Takashi. Летни Војни на места е мелодраматичен, во разглобувањето на фамилијарните врски и меѓучовечките односи, но и возбудлив, во прикажувањето на позитивните страни на социјалните мрежи на глобалниот Интернет и потенцијалната опасност од погрешното користење на вештачката интелегенција и виртуелните авторитети.

Ве очекуваме, во сабота 18.06.2011 во 20.00 часот во просториите на Клуб на новинари.

P.S. Преводот е на македонски, а влезот е бесплатен. ;)

среда, 18 мај 2011 г.

Јапанорама 19 - The Sky Crawlers

Новата Јапанорама, овој пат во недела 22 мај, 20:30 часот, во Клуб на новинари ви го прикажува анимираниот филм The Sky Crawlers (Sukai Kurora スカイ・クロラ) .

Златната двојка од култниот „Ghost in the shell“, Мамору Оши (режија) и Кенџи Каваи (музика), во 2008 се споија повторно во креацијата на уште едно прекрасно уметничко дело, кое дури по две години, ние решивме да ви го прикажеме со македонски превод.


Сукаи Курора e од оние филмови, што после гледањето ве оставаат да мислите на него со недели, иако додека го гледате не ви изгледа толку моќно. Toj не е динамичен како „Ghost in the Shell“ или апстрактен како „Angel egg“, но е нешто поинакво, нешто комбинирано и во исто време длабоко и опивно. Преку една тивка атмосфера пропратена со безвременската музика на Кенџи Каваи, ставена во контрапункт со брзи борбени акции на небото, Оши ја допира нашата потсвест поттикнувајќи размислувања за смислата на животот, постоењето и бескрајниот круг на времето. Слично како и во „Ghost in the shell“ и овде се разгледуваат прашањата за идентитетот и самосвеста при создавањето на вештачки живот, само што место киборзи, овде имаме клонови.

Филмот е доста добро прифатен и од критиката. Баше во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Торонто и на 65 -тиот Венециски фестивал, каде што ја доби наградата за иновативна дигитална технологија искористена во филм (Future Film Festival Digital Award). Исто така има добиено и три награди на Каталонскиот интернационален фестивал Ситгес: награда на критиката Џозе Луис Гуарнер, најдобра музика за филм (за Кенџи Каваи) и најдобар филм за млада публика.

Подетална рецензија на филмот може да прочитате на блогот на еден наш член:
poljaff_>>manga & anime<< - The sky Crawlers

Погледнете го краткиот трејлер, колку за да ја насетите атмосферата, и се гледаме во недела.


понеделник, 11 април 2011 г.

Со Самурај X и Јапанорама 17 на Сакура 2011

Традиционално пратејќи ја Сакура, фестивалот на цветање на црешите, кој се слави на улица Максим Горки во организација на Самураj Доџото од Скопје, Јапа.нет.мк се придружува со нова проекција на Јапанорама.
Фестивалот за Ханами, традициналнo гледање на црешовите цветови, во Јапонија е поврзан со почетокот на школската и фискалната година, па така и новата Јапанорама е прва годинава, а седумнаесетта по ред воопшто. Овој пат сме во нов простор, во Клубот на новинари на 16.04.2011 (сабота) во 20.00 часот ќе уживате во драматичната, трагична и едноставно прекрасна приказна: Samurai X: Trust & Betrayal (или Rurouni Kenshin: Tsuiokuhen), оригинална видео анимација (OVA/OAV) составена од 4 полчасовни епизоди.
Ова е измислена сторија поставена во историската рамка на Bakumatsu периодот во Јапонија. Анимето раскажува за Химура Кеншин, за детето кое беше, бесчуствителниот убиец кој мораше да стане и за гревовите за кои подоцна се искупува носејќи го својот sakabatō (мечот со превртено сечило). За тоа како стана легендарниот Battōsai и како ја носи својата лузна со форма на Х на лицето (оттука, самураи Х).
Ликовите се впечатливи и привлечни елементи кои ја дополнуваат грандиозноста на целата анимација. Наспроти нивното споро градење низ текот на анимето, прикажани се крвави и брзи сцени на борби со мечеви во реалистичната техника. Ова аниме успева воодушевувачки успешно да го искомбинира насилството и динамиката на борбите со трагичните ликови и приказната која ги поврзува.

Се надеваме дека автентичниот приказ на Јапонија и историскиот период во кој се одвива дејството ќе бидат доволни интересни да ви го задржат вниманието во двочасовната проекција за отварање на новата сезона на проекции на Јапанорама.

вторник, 22 март 2011 г.

Анимираниот Tokyo Magnitude 8.0

Во 2009 година на телевизијата Фуџи од продукциската куќа Боунс во Јапонија беше промовиран аниме проектот Tokyo Magnitude 8.0 под претпоставка дека во наредните 30 години Токио може да биде погоден од земјотрес со јачина на 7.0 степени (јапонска скала). Во најавната шпица стои дека „оваа измислена приказна која ги опфаќа условите кога Токио би бил погоден од масивен земјотрес, е базирана на бројни истражувања и потврдени податоци. Целејќи кон чувство на реализам, беа разгледувани бројни симулации со цел да се создаде оригинална приказна, но сепак околностите би можеле да бидат различни од вистинскиот удар“.

Приказната се одвива во 2012 година кога две деца се затекнати од силен замјотрес. Девојчето Мираи на почетокот на летниот распуст го води своето помало братче Јуки на изложба на роботи. Пристигајќи на Одаиба, силен удар од дното на океанот го разнишува тлото, дига високи бранови, ја руши Кулата на Токио и Мостот Виножито, и пејсажот на Токио се менува во секунда. Со помош на возрасната Мари, која случајно се затекнува на истото место во истиот момент, децата се трудат да стигнат до својот дом во Сетагаја, во западен Токио.

Тие се интересна тројка: Мираи која влегува во пубертетот, со став дека светот се свртил против неа, малечкиот Јуки - постојано весел и игрив, и силната Мари која секогаш има смирувачка прегратка за двајцата. Дејствието оди полека, без да брза до крајот на малкуте епизоди, вкупно 11. Поминувајќи преку срушени згради, покрај засолништа за раселените, низ мноштво човечки трагедии, Мираи да впие дел од позитивната енергија на нејзиното братче, Јуки расте малку повеќе, по примерот на постарата прагматична сестра, a Мари открива дека, сепак, не е толку цврста и неранлива.

Токио се руши, се рамнат згради до земја, се виткаат мостови, се превртуваат бродови, избувнуваат пожари. Анимето се фокусира на деталите на една таква несреќа, на расцепите во улиците и тротораите, на извитканото железо, на распрсканото стакло. Но уште повеќе, се фокусира на човечкиот реализам, на подготвеноста да се помогне, на неподлегањето на паниката, на издржливоста, на координацијата, на стабилноста на цела една нација.

Низ анимираната приказна за патот до дома, преку трагедијата на земјотресите која е толку тесно поврзана за тлото и животот во Јапонија, дознав многу повеќе за свеста и честа на јапонците, уште пред да ја видам Јапонија каква што ја гледам во последниве 2 недели - под катастрофата која ја доживеа на 11-ти март годинава. Пред година и пол кога го гледав анимето напишав на мојот блог „Некако на крајот, не сакам ни да замислам колку би можело да е пореално, пострашно од ова...“ Деновиве, дури гледав на интернет и ТВ колку е пореално, кога читав статии и следев и споделував на twitter и Facebook, и разговарав со пријатели овде и во Јапонија, сфатив колку е многу пострашно.

Не сум обучена за итни случаеви, не сум ни волонтер во некоја глобална хуманитарна организација, немам влијание ниту социјални врски да делувам на некое повисоко ниво, и сепак не дозволувам да се чувствувам немоќно во оваа катастрофа. Добивме критика дека не правиме ништо како група. За мене лично, контактот со мојот пријател Каору во Токио, продолжувањето со работните и личните обврски, како и пишувањето на овој блог за работи (вклучително и за аниме) поврзани со Јапонија, земјата која искрено ја сакам, се’ доказ за поддршка.

Јас сум сигурна дека повеќето од нас донираа на телефонските броеви и на сметките на Црвен крст отворени за донации за Јапонија. Дека многу од нас ќе присуствуваат на добротворниот концерт утре вечер во МКЦ. И најмногу од се’ дека сите се придружуваме до глобалната поддршка што ја дава светот на Јапонија. Во моментов во Јапонија има доволно обучени домашни и странски волонтери за медицинска помош и спасување, за заштита на децата, за изградба на привремени живеалишта, за вдомување на животните и сл. Има доволно глобални сметки на кои може да се помогне со парична помош. Јапонија ќе каже што точно и’ треба од светот и ќе застане пак на нозе, како што застанала и по толку многу претходни и страшни трагедии.
Еве еден од многуте линкови: What can you do to help Japan

Конечно, секое дигање паника, секое покажување со прст и секој израз на немоќ е контра мотото „Мирно и заедно“. Едно нешто, што сигурно можеме сите ние да го направиме за Јапонија после оваа катастрофа, е да научиме да бидеме подобри во однесувањето, кон себе самите, кон непознатиот до нас и пред се’ кон нас како народ.

сабота, 22 мај 2010 г.

Jапанорама 16 - Genius Party (part 1) vs Animatrix

Како што често генијалноста на големите писатели се гледа повеќе во нивните раскази отколку романи, овој пат се одлучивме да ви ја претставиме генијалноста на кратката јапонска анимација, double feature. За среќа постојат доволно добри автори и доволно храбри продуцентски куќи - во случајов Madhouse Studios и Studio 4oC, кои често прават интересни компилации од аниме. Од многуте интересни наслови, одлучивме овој пат да пресечеме - од едната страна се Genius Party, првиот дел авторските дела посветени на Антологијата на кратката анимација, a од друга страна Animatrix, кратките анимации базирани на добропознатата приказна за Matrix, секако, повторно од значајни јапонски автори.


Genius Party (part 1) vs Animatrix


Еве го и распоредот на прикажување:
20.00h
Genius Party (Genius Party) 5min
The Second renaissance pt.1 (Animatrix) 10min
The Second renaissance pt.2 (Animatrix) 10min
Shanghai dragon (Genius Party) 15min
Kid's story (Animatrix) 10min
Program (Animatrix) 10min
Deathtic 4 (Genius Party) 15min

Пауза од 30min

21.45h
World record (Animatrix) 10min
Beyond (Animatrix) 10min
Doorbell (Genius Party) 15min
Detective story (Animatrix) 10min
Matriculated (Animatrix) 10min
Limit cycle (Genius Party) 15 min

Уживајте повторно со Јапан@мк и Ла Кања, во среда 26.05.2010 во 20.00 часот
Овој пат аниме-ата остануваат со англиски subs.

Линкови за Genius Party (2007): IMDB, ANN, MAL, Wikipedia, Official site
Линкови за Animatrix (2003): IMDB, ANN, MAL, Wikipedia, Official site

петок, 14 мај 2010 г.

Јапанорама 15 - една приказна за едно пријателство

преземено од блогот на poljaff


Место интро за претходната Јапанорама, еве еден субјективен ривју од мене. Sword of the stranger, изгледан по 4-ти. Зошто оставена 8-цата од мене на MAL? Зашто станува збор за навистина добро аниме.

Прво, и за мене лично многу битно, анимацијата на акционите сцени е неверојатно динамична и беспрекорна. Нешто што е сосема јасно кога ќе се спомене BONES и Ando Masahiro. Човекот стои зад клучните анимации на Cowboy Bebop: Knocking on heaven's door, Fullmetal Alchemist, Eureka 7, Metropolis, MS Gundam SEED Destiny, Jin-Roh the Wolfbrigade... Need I say more

Позадинската музика, во епски димензии ги доловува бескрајните пејсажи и брзите дуелите. На моменти ќе се запрашате од кој свет доаѓаат зурлите и гајдите, и дали не сме со јапонците еден народ во две земји. На моменти, јас барем го имав впечатокот, особено при изливите на чест и достоинство, дека го гледам Последниот Мохиканец со музиката на Trevor Jones и Randy Edelman.
Приказната од друга страна, не е нешто особено, односно не е нешто што не може да се раскаже во две реченици. Како што Еден дечко тоа го направи во најавата за филмот на Facebook. Битно, има логика, не е незамислива и мачна за размислување. Ликовите се доволно обработени со едноставни црти кои веднаш ви го доловуваат карактерот. А и spagetti western/real action a-la-Kurosawa самурајските сцени на припрема на дуелите. Thumbs up од овој субјективен самонаречен критичар. А според реакциите во LaKana, во Скопје, и публиката уживаше во уште едно визуелно доживување наречено Јапанорама.


вторник, 9 јуни 2009 г.

Дали аниме карактерите се стварно јапонци?

Одсекогаш ме нервирале оние глупави заклучоци на луѓето, пред се добиени од премалку податоци и размислување, дека карактерите во аниме филмовите се бели (во смисол кавказијанци, white people), и не изгледаат јапонски. Но всушност ова многу кажува колку нивниот заклучок се заснова на стереотипната слика што тие ја имаат во својата глава за тоа како изгледаат јапонците.

На некого ова му го пукнало филмот, па решил детално и визуелно да објасни колку всушност аниме ликовите се типични јапонци, креирајќи го ова видео.

Мислам дека чашата ја претекол нечиј академски труд на темава. ЛОЛ

недела, 26 април 2009 г.

Каиба

Бидејќи обично гледам повеќе анимеа паралелно и немам дупка помеѓу завршување на едно и почнување со друго никако не стигнувам да напишам пост за некое. Додуша им оставам простор на колегите тука кои имаат повеќе стаж од мене :)



И кога веќе решив да пишам, зашто го избрав Каиба? Бидејќи е едно од најоригиналните анимеа што сум ги гледала, почнувајќи од анимацијата, која со себе го повлекува целиот начин на претставување на приказната, но и специфичната нарација, оригиналните амбиенти и неповторливите ликови.

На прв поглед, токму тој оригинален цртеж може и да ве одврати од гледањето на оваа серија. Делува детски и необуздано, чудно. Но баш тоа на Каиба му дава една нова димензија која не сме навикнати да ја добиваме во никое друго аниме.

Иако таговите на anime news network се (adventure, drama, fantasy, psychological, romance, science fiction, thriller) приказната во голем дел е сајберпанк. Додека го гледав, целата атмосфера во длабочината на симболите кои можеа да се наѕрат зад чудните ликови и случувањата ме потсеќаше на книгите на Вилијам Гибсон. Но, кога ќе речам сајберпанк, не мислам на ништо од тоа што ќе ви падне прво на памет кога ќе го слушнете зборот.



Неколку главни линии на целосниот плотлајн:
Мемориски чип, чипче во кое можат да се зачуваат сите сеќавања на некој човек и дури и тој да умре (односно неговото тело) чипот може да се стави во друго тело и тој да продолжи да живее. Користејќи ја оваа можност авторот низ целата серија ни ги префрла ликовите од едно во друго тело, градејќи го нивниот карактер надвор од надворешниот изглед, па дури и независно од првите впечатоци.
Сложена нарација без многу објаснувања. Без предупредување ќе се сретнете со шифтање на хронолошкиот редослед на настаните, а кога на тоа ќе му го додадете и неконзистентниот изглед на ликовите, може да се заклучи дека се работи за типична јапонска сложена приказна, каде што работите постепено ви се откриваат, а целосно ви се разјаснуваат на крај. Јас искрено уживам во приказни кои се раскажани на начин кој ми го размрдува мозокот, така да Каиба ептен ми се погоди.
Социјална тематика. Не би го ставила во сајберпанк само поради технологијата која овозможува целосна модификација на телото, доколку не беше засегната и социјалната театика. Екстремни разлики помеѓу богатите и сиромашните, дистописка атмосфера, подгревачи на револуција...
Романса. Нема добра приказна, ако во неа нема ниту една љубовна сцена, а тек кога љубовта ќе се внесе како ултимејт причина за победа на злото, колку и да е клише ни ги задоволува потребите за здрава катарза.

Накратко да ве воведам. Каиба е момче кое се разбудува на непознато место со потполна амнезија. Единствен клу му е прврзокот што го носи околу врат со блурната слика на една девојка. Ние заедно со него го откриваме тој сосем непознат свет, барајќи го неговиот идентитет, менувајќи различни средини (планети, луѓе и сл.) низ различни тела, од различен  пол, па дури и вид. Приказната постепено ни се одвиткува низ многу различни човечки стории и трагедии во светот на изгубени сеќавања, пазар на тела  и сомнителни револуции, со поместена хронологија и помешани идентитети. Следи една сцена, која е дел од една многу потресна приказна. Воедно можеби и спојлер за тие што решија да го гледаат.



Сè на сè, доколку ја надминете чудната анимација, на која сигурно не се навикнати и на прво гледање ќе ви делува детски и забегано, ќе уживате во едно длабоко и широко патување кое вистински ќе ве однесе на една чудна авантура во еден сосем поинаков свет полн со симболи што потсеќаат на случувањата во нашиот. Топло ви препорачувам да му дозволите на ова оригинално аниме да ги освои вашите срца.

сабота, 4 април 2009 г.

MyAnimeList.net

MyAnimeList.net е еден од линковите на нашиот блог, десно, под насловот Други Јапонски Сајтови. Тоа е бесплатен портал за аниме и манга фановите. Креиран е од нула за корисниците да имаат брз и едноставен начин да ги каталогизираат своите манга и аниме колекции. Над 13.000 корисници секој ден се вклучуваат на сајтот да ја потпомогнат, дополнат или развијат најголемата социјална заедница на фанови и дата база на аниме и манга. Базата постојано се надополнува, а особено со оние кои се најавени за иднина - одлично за пополнување на Plan to watch/read листата. Базата е креирана и активно ја одржува (со исклучок на проблемите одвреме на време со хостирањето, повторно да напоменам -бесплатен портал!), значи активно ја одржува господин Garrett Gyssler, на MAL познат како Xinil, а заедницата е водена од модератори и корисници од целиот свет.


Сите корисници имаат свој профил, на кој се претставуваат себеси, своите омилени анимеа и манги, карактери од истите и личности - творци, режисери, цртачи, seiyuu (актери на гласовите), автори на музика и сл. Секој корисник има своја аниме и манга листа, во која забележува што гледал/читал, што планира, што оставил за некогаш, а што засекогаш. На листата можете да дадете своја оценка за анимето/мангата, да ставите таг/ознака, да запишете кога сте го гледале, на што сте го гледале (ТВ, ДВД), од коjа fansub група и сл. Можете да пишувате свој блог, да креирате пријателства, да ги споредувате своите аниме/манга листи и компатабилност во вкусовите со пријателите, да ги гледате нивните последни апдејти на листата; да членувате во клубови и разни клупски активности, да пишувате критики, споредби, да разменувате мислења, да читате разни новости од индустријата и светот на анимето и мангата, и секако, да читате и пишувате постови на прилично обемниот форум под најразличните теми. Дури имате и апликација на се’ попопуларниот Facebook, на која вашите пријатели можат да ги видат последните апдејти на вашата листа.

Еве на пример како изгледа страницата на популарниот Death Note

Секое аниме и манга имаат своја страница со комплетни детали за приказната, ликовите, актерите, авторите, слики, критики, препораки, линкови до оригиналните страници, AnimeDataBase, Wikipedia и AnimeNewsNetwork страниците. Секој лик, актер или автор имаат своја страница со краток опис. Вие ја имате таа слобода да додавате манга, аниме, карактери, актери и автори, до модераторите, кои по проверката на веродостојноста ги внесуваат во датотека.


Додека не ја креирате својата листа, а и откако ќе ја креирате, еве неколку примери на листи и профили на некои наши членови: Bi, poljaff, Еден дечко (Sveznajko), Marya (Astartha)... Пробајте, бесплатно е, информативно, а има навистина голем избор на податоци, па и активности. Има голема заедница на фанови од Балканот, зошто да не ја дополниме со нас од Македонија, кога очигледно не’ има многу, нели?

"Never before has it been this easy to share your anime or manga tastes and to discover new series. Welcome to MyAnimeList!"

вторник, 10 март 2009 г.

Таа и нејзината мачка

Пред повеќе од пола година, на сред работно време, еден добар пријател ми испрати линк до филмчево. Тие 5 минути се премалку за да сметаме дека би ни одзело нешто од нашето драгоцено работно време, а во случајов носат со себе толку убави моменти, за кои стварно се запрашувате дали е возможно сите да се концентрирани во тој временски период.

She and Her Cat (彼女と彼女の猫 Kanojou to kanojou no neko?)



Makoto Shinkai со својот оригинален стил, на некои познат од неговите дела "Voices of a Distant Star" (кој го пуштавме на една јапанорама), "The Place Promised in Our Early Days" и прекрасниот "5 Centimeters per Second", започнал токму со ова парче, кое е чиста поезија раскажана со филмски јазик. Носталгичноста и раскажувањето се присутни во сите негови дела, и секогаш успева со своите слики да нè вовлече во една состојба блиска на сон, но толку многу реална и полна со емоции блиски до сеќавањето на детските чисти фантазии.

Овој краток филм е уште поинтересен, зашто е изработен монохроматски и поради тоа многу потсеќа на реален неанимиран филм, а во исто време целата атмосфера, мекиот глас кој раскажува, звуците од секојдневните активности, црно белите слики што се надополнуваат една со друга оцртувајќи го целосно кругот на промената и текот на времето се исполнети со убавина, која во толкава мера може да се наоѓа само во очите на набљудувачот.

Препорачувам да ги гледате и другите негови филмови, а можеби на некоја следна јапанорама ќе го прикажуваме „5 сантиметри во секунда“. А целосниот транскрипт на овој филм, доколку ви бега титлот при гледањето, може да го прочитате тука.

недела, 7 декември 2008 г.

Безвременска музика

Моментот кога Samurai Champloo станува нешто повеќе од обично аниме.



Го имав ставено on hold долго време. Вчера му се вратив и сфатив дека сум била токму помеѓу прва и втора сезона. Многу пријатно се изненадив кога серијата стана многу посериозна од она што мислев дека е.

Овој момент, песната, анимацијата и симболите...
Сепак ќе ви препорачам да го гледате.

Музиката на клипот е во изведба на Ikue Asazaki - (јапонска Вања Лазарова). Песната може да ја најдете под две имиња: Obokuri eemui и Obokuri ee umi. Тука може да го прочитате текстот. Оваа специфична мелодија и пеење е карактеристична за Окинава (Okinawa) перфектурата, која се издвојува од другите делови на Јапонија и по својот доста карактеристичен дијалект, кој е толку различен што изгледа како да се работи за друг јазик, дури и за јапонците. Пред извесно време во Јапонија постоела опсесија, односно така наречен „Окинава бум“, кога културните специфики на етно културата на Окинава биле доста модерни и барани во поразвиените делови на Јапонија. Јапонците велат дека Окинава е интересна и специфична дури и за нив.

понеделник, 17 ноември 2008 г.

Јапанорама 10 – Анимиран хорор и реална комедија

Вторник, 18 ноември 2008, Точка, 20:30

Овој вторник ја имаме десетта јубилејна и шаренолика Јапанорама.

Сладок јапонски микс на хорор аниме, саркастична комедија и „afterparty" музика и дружба.

Прво ќе го гледаме краткиот анимиран филм Kakurenbo (Криенка)– приказна за една опасна игра, која децата по потрага за авантура, сепак ја играат под улиците на Токио. Филмот е комбинација на уникатна анимација, источна мистика и хорор акција. Најинтересното за ова аниме е тоа што е направен целосно со 3D технологија, а е постигнат ефект на многу добро изведена 2D анимација.

Во вториот половина час ќе погледнеме неколку скечеви од познатото комичарско дуо во ЈапонијаRahmensна една претходна Јапанорама го гледавме нивниот краток филм armchair theory). Овој пат ќе прикажеме дел од нивната серија пародични видеа (The Japanese tradition)за традиционалните елементи на јапонската култура, видени низ визурата на белиот човек (т.н. white man concept). Нивниот суптилен приод, кој ја трансцендира пародијата на своето, пародизирајќи го оној кој ја гледа таа пародија, ни ги подотвора вратите кон вистинско разбирање на јапонскиот хумор што неретко ни изгледа луд и несфатлив.

Третиот дел од ова наше 10-то дружење ќе го посветиме на запознавање, дискутирање, делење искуства и слушање јапонска музика.

Ве чекаме во поголем број.

Овозможено од (http://japan.mk) и К.Ц.Точка

недела, 2 ноември 2008 г.

Помеѓу сонот и траумата

Вторник, 4 ноември од 20:30 часот во Културен Центар Точка

Јапанорама 9


Можете ли да замислите вистинско остварување на сон?

Сатоши Кон, во неговиот филм Папурика, ни покажува „остварување" на сон на целиот свет со целата негова блескавост и бизарност вклопени во едно прекрасно визуелно доживување на грозоморната шареноликост на симулакрумот.

Паприка е анимиран филм за потсвеста, желбите и стравовите на човекот, претставен преку современа психотерапија, што му овозможува на терапевтот да му помогне на пациентот, навлегувајќи во неговиот сон и водејќи го во надминување на своите трауми.

Комбинацијата на живите бои на јапонската анимација со сериозноста на навлегувањето во мистериозните мрачни предели на човековата психа, создава една безмалку шизофренична атмосфера што го допира прашањето на вистинските причинители кои би можеле да доведат до загрозување на човековиот опстанок. Неодоливата анимација, која нè преплавува со зашеметувачки бои, им дозволува на надреалните случувања да навлезат длабоко во нашите мисли без при тоа да ги алармираат одбранбените механизми за возменирувачката содржина на пораките испратени во симболиката на тие случувања.

По проекцијата, може да се запрашате, колку денешните илузии, кои секојдневно сè повеќе се материјализираат околу нас се далеку од сонување со отворени очи?

Филмот бил номиниран на многу интернационални фестивали, меѓу кои и за венецискиот златен лав, а при тоа 4 пати е наградуван.

Линкови:

Паприка на IMDB: http://www.imdb.com/title/tt0851578/

Рецензија за Паприка на anime news network: http://www.animenewsnetwork.com/review/paprika

Трејлер на филмот: http://www.youtube.com/watch?v=NclRSeV4pBA


Официјален сајт на филмот:
http://www.sonypictures.com/homevideo/paprika/index.html


Овозможено од Japan@mk - http://japan.mk во соработка со К.Ц. Точка

сабота, 1 ноември 2008 г.

Ergo Proxy - Светот низ очите на квази-индивидуалноста

Кога првиот пат го прочитав насловот на ова аниме, беше напишано со маркер на пар дискови. Еден пар меѓу дузина. После неколку месеци откако ги изгледав сите останати аниме серии што ги имав, на ред стигна и Ergo Proxy.
Кога ја погледнав првата епизода, останав збунет. Неможев да сватам зашто досега не сум помислил да ја гледам серијава. Нејсе, иако сеуште не свесен за природата на авантурата во која што се впуштам, решив да ја изгледам оваа аниме серија што е можно по скоро.
Серијата започнува со класичната "film noir" основа. Престава на утопистичкиот живот на протагонистот (материјална, социјална и психофизичка благосотојба), наеднаш почнува да се руши и да си ги покажува своите трули темели. Вечното бегство и не знаењето на тоа кој ти верува т.е. на кого можеш да веруваш, го прави почетокот на оваа аниме серија безмалку возбудлив. Низ велот на енигматичноста и искуствата на Real и Igi, како и осамениот живот на имигрантот Vincent, серијава срамежливо ќе започне да ја открива насоката во која се упатува. Повеќеслојниот приказ на откривањето на човекот, како индивидуа и како алатка во поголемата машинерија на општеството, како рационално суштество и како ментален склоп кој не прави никаква смисла, е само еден од квалитетите што оваа аниме серија ги содржи.
Мрачниот амбиент е изненадувачки моќен, со оглед на тоа што добар дел од случувањата се проследени преку ден. Секогаш имаш чувство дека неволјата се крие позади следниот агол. Можеби за ова е парцијално виновна и музиката, која совршено се вклопува со сликата.
Визуелниот аспект може да разочара добар дел од потенцијалната публика. Минималистичкиот пристап најчесто се покажува доста продуктивен. Гледачот не е бомбардиран со непотребна информација и може опуштено да ја следи главната приказна, но минималистичниот пристап понекогаш и иритира.
Воглавно, Ergo Proxy е серија, пријатна за окото, увото и умот. Топло ја препорачувам на сите, особено на обожавателите на postcyberpunk и сличните на него жанрови.

четврток, 9 октомври 2008 г.

„Светот е убав затоа што не е" - Патувањето на Кино

Вторник 14.10.2008, 20:30ч. Културен Центар Точка

Овој пат Јапанорама ќе ве запознае со оној дел од аниме уметноста, кој од љубителите на аниме прави најголеми зависници – аниме сериите.

Ќе гледаме две епизоди од серијата „Kino no tabi (Kino's journey)" – Патувањето на Кино.

"Land of Adults -Natural Right-"
"Otona no Kuni" (大人の国)

"Three Men Along the Rails -On the Rails-"
"Rēru no Ue no Sannin no Otoko" (レールの上の三人の男)

Серијата го раскажува патувањето на Кино низ светот преку посета на различни замислени земји.

Секоја од непосетоечките земји всушност ни претставува еден од општетвените аспекти, различните последици на човековото здружување, социјални турбуленции, разновидни општетвени поделби и форми на човеково делување во различни историски периоди, на некој начин претставувајќи ја човековата природа и нејзиниот удел во градењето на овој неубав, но убав свет.

Една од повторуваните фрази во серијата е „Светот не е убав, затоа е". Патувањата на Кино ја изтражуваат „убавината во радикална смисла" како што кажува и самиот аниме режисер Ryutaro Nakamura, така што бруталноста, осаменоста, апсурдот, опресијата и трагедијата се често претставени во контраст со сочувството и бајковитата атмосфера на анимето.

Серијата е направена според новелата Kino's Journey: the Beautiful World (キノの旅 -the Beautiful World- Kino no Tabi -the Beautiful World-?) која, според својата прикриена длабочина многумина ја споредуваат со „Малиот принц".

Овозможено од Japan@mk и К.Ц. Точка

четврток, 26 јуни 2008 г.

Јапанорама 6!!! Не пропуштајте!!!

Летна и освежувачка Јапанорама со три кратки филмови

Петок 27 Јуни, К.Ц. Точка 21. часот

Јапанорама се враќа во летно издание со три кратки филма како вистинска свежина за летно уживање.

Комбинацијата е за сите вкусови, зачинета со хумор, естетика и фантазија.
Прво, ќе го пуштиме краткиот јапонски филм „Теорија од фотеља“ (Armchair Theory) кој не запознава со тоа како вистинските јапонски мажи им се додворуваат на девојките. Сето тоа раскажано на уникатен начин со користење на генијалниот јапонски хумор полн со паметна иронија и слатки досетки.

Вторите два пократки филмови се јапонски анимации (аниме) едниот раскажува приказна од иднината, а другиот од минатото.

„Гласови од далечната ѕвезда“ (Voices of a Distant Star) не внесува во една љубовна прикзна на далечина, која се случува во 2046г.

А филмот „Комедија“ (Kigeki) се случува во Ирска за време на војната за независност и раскажува за еден црн мечувалец кој ја знае вистинската вредност на книгите.

Траење:
• Теорија од фотеља – 30 мин
• Гласови од далечната ѕвезда – 25 мин
• Комедија – 10 мин


Се гледаме на Јапанорама 6 во Точка со почеток од 21 часот.
Организирано од Japan@mk