На пример, сте виделе некого симпатичен пред некоја продавница, сте биле срамежливи да им пријдете, па во апликацијата го запишувате времето, локацијата, и дали било момче или девојче. Да речеме дека е момче. Ако и тоа ја внесе истата информација (дека забележало згодно девојче т.е. вас), телефонот / апликацијата ќе ве извести за тоа, сте се поклопиле, па нема место за срам. Меѓутоа, пазете се, зашто апликацијата ќе ви каже и ако имате ривали за истата личност, на пример, другарката што била со вас.
Апликацијата се вика Hitomebo и е бесплатна. Името доаѓа од Hitomebore што може да се преведе како “љубов на прв поглед“, а апликацијата е дело на компанијата за развој на апликации за мобилни телефони YourMind. Наводно, идеата произлегла од личното искуство на еден од директорите кој упорно тврди дека ова не е апликација за лични контакти, односно dating site, веројатно затоа што во Јапонија постојат посебни регулативи за таквите сајтови.Момци и девојки, бидете директни! Не потпаѓајте под влијанијата на новите технологии. Секогаш е подобро личен пристап, отколку апликација да ви каже дека си одговарате со некого, верувајте :)