Се прикажуваат објави со етикета Токио. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Токио. Прикажи ги сите објави

сабота, 6 март 2010 г.

Tokyo Sky Tree

"Tokyo Sky Tree" се гради во Narihirabashi/Oshiage област во Sumida, Tokyo. Со своите 634m, кулата ќе биде една од највисоките во светот. Овој месец се завршија 300м од изградбата, а кулата треба да биде званично отворена во април 2012.



Кулата е цел на потполна дигитализација на јапонската телевизија во која се вклучени 6 големи TV станици, меѓу кои и NHK. Исто така, со неа ќе се подобри и достапноста на дигиталната ТВ емисија за мобилните апарати во Јапонија, која е започната пред скоро 4 години. Со својата висина, кулата ја надминува „шумата“ од супер-високи облакодери на Tokyo, а за нејзино непречено функционирање околу неа се гради „град“ во радиус од 400м.



Претпоставувам дека на сите ви е добро позната кулата на Tokyo, висока 333м, која моментално испраќа 14 аналогни и 10 дигитални сигнали и претставува туристичка атракција уште од 1958 година. Искрено се надевам, покрај својот помлад брат, Tokyo Tower нема да ја изгуби популарноста меѓу јапонските и странските туристи.

четврток, 23 април 2009 г.

Мали планети воТокио

Ако се чудите што ли е ова - сосема е „јасно“- метро станицата во Shinbasu, Tokyo.

Ова е еден интересен концепт на фотографија со стереографска композиција и креативно доживување на сопствениот град - во случајот со фотографот со nickname heiwa4126 на Flickr тоа е Токио


Дали можете да го замислите вистинскиот „обичен“ свет? На пример, овој прекрасен калеидоскоп може да го погледенете и вака

Како ли би изгледале планетите на Скопје?

понеделник, 1 декември 2008 г.

Токио низ калеидоскоп

Уживајте малку во видеово!



А еве и линк до сајтот на младиот јапонски режисер, па прочепкајте :)