Се прикажуваат објави со етикета изложба. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета изложба. Прикажи ги сите објави

четврток, 22 мај 2008 г.

Изложбата на Маруко – почеток кој многу ветува

Иако дел од делата ги имав видено на deviant art, гледајќи ги во нивната оригинална форма во специфичната атмосфера на кафулето Чипка, се добива сосема нов впечаток и едно сосема поинакво доживување на истите. Моите впечатоци ќе ги пренесам, пред се, од аспект на љубопитен набљудувач.

Она што ми падна во очи, е начинот на кој делата комуницираат со набљудувачот. Тажниот замислен поглед на ликовите од повеќето од делата, ни открива дел од интимата на авторот, кој го бара своето место под сонцето од една страна, но од друга страна, со талент кој ја надминува неговата фактичка возраст, си го трасира патот кон успехот. Изложбата беше еден вид на автопортрет, преку кој присутниот ненаметливо открива кој всушност е авторот, и што е она со кое тој секојдневно се бори во неговиот внатрешен свет, а кое толку многу сака да излезе од него... и сето тоа пренесено преку manga style цртеж, на огромно задоволство на сите нас присутните.

Во иднина, очекувам уште поголеми успеси, на теми кои ќе зреат заедно со авторот и ќе се одразуваат на неговото творештво, а сите ние останатите ќе се гордееме и радуваме затоа што токму една ваква личност е дел од нашите редови. Во секој случај, изложбата и повеќе од доволно придонесе за разубавувавње на нашата Јапанорама.

Update: Слики од изложбата на Маруко и од членовите на групата (како и дел од авторите на блогов) може да видите тука.

недела, 18 мај 2008 г.

четврток, 15 мај 2008 г.

Изложба на Муриками

Од изложбата на Murakami.

На 5 арил Јапонскиот поп уметник Такаши Муриками ја отвори својата ретроспективна изложба во бруклинскиот музеј која ќе трае сè до 13ти Јули.

Знам дека нема да тркнете до таму да ја видите изложбата, па затоа еве некои преземени фотографии.

Тука повеќе за настанот

Тука повеќе слики од изложбата


kiki



and-then-red-and-727



flower room

Update: Една од скулптурите на Муриками „Осамениот каубој“ е продадена за 15 милиони долари.