среда, 21 март 2012 г.

Добредојдовте во саможртвувањето (Добредојдовте во НХК епизода 19)

Како што ви ветивме, за кратко време ви ја презентираме и новата епизода на Добредојдовте во НХК - Добредојдовте во саможртвувањето, уште една забавна епизода од секојдневието на нашите тинејџери полно со проблеми.

Играта на Мисаки и Сато продолжува - Сато го потпиша договорот и вети дека ќе и’ ги исполнува сите желби на Мисаки, а Мисаки е решена дека ќе му врати за неговото флертување со Кашива, па си игра со него влечејќи го насекаде за да ги исполнува сите нејзини хирови. Но до кога, или до каде, ќе оди сета таа игра? И какви се вистинските чувства на Сато?

Овде можете да ја прочитате онлајн верзијата. Pdf и cbz верзиите може да се добијат на барање во коментар.
Очекувајте не’ наскоро со нови епизоди.

вторник, 20 март 2012 г.

Манганација 0003 Кучиња (Увертира еп.01)

Во пауза од работа, воглавно, а и со желба да направиме нешто ново, ви го претставуваме новиот проект на Манганација #0003 - Кучиња (Dogs). 

Кучиња е одлична акциона манга дури и за оние кои не го сакаат многу тој жанр. Покрај флуидните и ангажирачки акциони сцени, мангата има одлична приказна и интересни и добро изградени ликови. Како за почеток ви ја презентираме Увертирата, составена од 4 приказни за 4-те главни ликови Михаи, Бадо, Наото и Хаине. Тоа е една книга од шест епизоди и епилог, кои ви ги презентираме почнувајќи од денес, се надеваме, паралелно и исто толку често како и НХК. Секоја приказна може да стои и самостојно, но сите заедно, прават еден од најбрилијантните уводи во една од најпопуларните манги - Кучиња: куршуми и кланица (Dogs: Bullets & Carnage). Инаку, Увертирата е адаптирана и во аниме од 4 епизоди, ако некој е заинтересиран да го погледне има препорака од мене.

Првата приказна која ја презентираме денес е Плачливиот стар убиец. Низ флешбекови, епизодата ја раскажува трагичната приказна на Михаи, за нас освежувачки лик, кој со оглед на годините и средината, ги нема проблемите на тинејџерите од  НХК.

Првата епизода може да ја прочитате овде. Припремени се и pdf i cbz верзија, ако некој е заинтересиран да ја добие во таков формат, нека ни пише имејл или коментар на постов. Се надеваме дека ќе уживате ,)

среда, 7 март 2012 г.

Добредојдовте во замката (Добредојдовте во НХК епизода 18)

За денес ви подготвивме изненадување, па jа објавуваме порано (или многу подоцна) од петок 18-тата глава на „Добродојдовте во НХК“. Сe’ уште во потрага на ентузијасти и редовни членови на тимот, неколкумина од нас се снаоѓаат временски да го исполнат рокот.. Моментално се припремаат и другите две глави од 4-тата книга, со што би стигнале до половина од приказната. И тие ќе бидат објавени наскоро, зашто ги работевме паралелно, а се надевам вие и понатаму ќе бидете трпеливи и ќе се радувате на секое наше издание. ;)

Мисаки не се откажува од Сато, и понатаму се обидува да го извлече од статусот „хики“. Оваа епизода раскажува дел од приказната на Мисаки, но мора да се запрашате што е вистина а што не, кога епизодата носи наслов „Добредојдовте во замката“. Како и да е, уште едно кратко уживање од нас за вас.

Онлајн верзијата како и секогаш овде, а нормално, и pdf и cbz верзиите се спремни за симнување.

петок, 10 февруари 2012 г.

НХК 17 епизода

Здраво на сите. Ви ја претставуваме новата епизода на „Добредојдовте во НХК“. Овој пат тука ги имаме Love хотелите (не го врзуваме за Валентин), кои се специфични за Јапонија и претставуваат повторно една критична точка во функционирањето на јапонското општество. Критиката тука повторно е насочена кон празнината која луѓето сакаат да ја пополнат со правењето неразумни работи и неможноста таа толку едноставно да исчезне.
Може да ја прочитате на нашиот манга читач на овој линк, или да ја симнете во pdf тука.
Оваа епизода е спремна скоро два месеци, но обично одевме со распоредот однапред, односно имавме неколку епизоди спремни за да може да го фаќаме секој петок со нова епизода во 13 часот. Но како што забележавте, не  ни оди баш најсјајно после паузата. Тимот е некако размекнат и не се турка :) 18 е преведен, исто одамна, ама ни фали тајпсетер. За 19 и натаму ни фалат преведувачи, само чистачите најдобро и најбрзо си ја завршуваат работата, па го имаме цел том ичистен.
Затоа ве повикувам сите, кои сакате сканлацијата на оваа манга да продолжи да ни се придружите во групата. Преведувачи и тајпсетери секогаш се добредојдени. Доколку не успееме, овој наш проект ќе остане недовршен. Но, ако имате желба за некој друг сканлациски проект, групата е тука. Слободно споделете ваши желби за работа. Сепак, како љубители на јапонската култура, убаво е да пробаме да се огледуваме на нив во навиките за напорна работа и постигнување на успех, и да не потпаѓаме кон македонската меланхолија и апатија на неработење и неуспех.

EDIT:
Направивме и cbz верзија, за секој случај ,)