четврток, 27 октомври 2011 г.

The left hand of God,the right hand of the devil


Манга
Левата рака на Бога,десната рака на ѓаволот
Пишува:Казујо Умезу
Црта:Казујо Умезу
Жанр:Хорор,натприроден трилер,мистерија,сеинен
















Пред да ја започнам рецензијава запознајте се со Казујо Умезу.Ова необично човече кое секогаш носи маица со црвено-бели пруги(има илјадници вакви маици и не,не е навивач на Црвена Sвезда) за лежерниот манга читател надвор од Јапонија не значи нешто,но во Јапонија ако прашате било кој ќе добиете одговор дека човеков има статус на легенда и бог.Зошто?Како што Осаму Тезука е запаметен како таткoто на мангата така и Умезу има оставено свој белег како таткото на хорор мангата.Роден на 03.08.1936 година во Префектурата Вакајама неговото семејство се сели во едно мало градче сместено длабоко на планините на Префектурата Нара,каде татко му секоја ноќ пред спиење го заплашувал со приказни од локалните легенди за змијолики жени,зли духови и метаморфозни души,нешто што ќе му послужи како главна инспирација во творењето манги.На 19 години ја објавува својата прва манга Mori no Kyodai(Деца во шумата),своеврсна верзија на Ивица и Марица.Подоцна се впушта во светот на новоформираното андерграунд движење на гекига мангите(манга која ги отфрла детските карактеристики за да ги замени со доста повозрасна содржина како noir,hard sci-fi и horror).Неговите манги со мрачна тематика и често зачинети со натприродни елементи ќе му станат препознатлив заштитен знак и на таквиот стил му останува верен дури и кога ќе почне да црта и пишува манги за shoujo публика.

Голем успех забележува во седумдесеттите со The drifting clasroom,во која се раскажува за Такамацу Шо и неговата борба за преживување откако тој со соучениците и наставниците ќе бидат отсечени од остатокот на светот после еден катастрофален земјотрес.Отворајќи си ја на овој начин вратата кон бесмртноста во манга светот и меѓу своите читатели,својот статус на легенда го зацврстува со 14 years,Reptilia,The left hand of God,the right hand of the devil,подоцна инспирирајќи многу манга автори како Ѓунѓи Ито(Gyo,Uzumaki),Хитоши Ивааки(Kiseijuu) итн.Да докаже дека неговата креативност не е ограничена само на полето на мангата во седумдесеттите го издава својот прв музички албум Yami no album(The darkness album) каде е комплетен автор изведувајќи концерти во живо низ целата држава(во моментов е пејач на 3 различни поп бендови).

Во 1995 г. мораше да се повлече од својата кариера како мангака поради теносиновитис,но тоа не го спречи својата енергија да ја канализира во музичката индустрија,телевизијата и филмот(секогаш пишува сценарија за филмски и сериски проекти базирани на негови дела и добива улоги во истите).

Неодминлив податок:Пред 2 години си изгради куќа во областа Кичиѓооѓи,Мусашино сити,предградие во Токио.Куќата е правена по негов вкус и е многу необична и се вика Makoto-chan house.Неговите комшии негодуваа за време градењето на куќата,а подоцна го тужеа пред суд поради нејзиниот вознемирувачки изглед.За голема жал на хејтерите Умезу го доби спорот.






За престојната Ноќ на вештерките во овој текст посебно внимание има Левата рака на Бога,десната рака на ѓаволот.

Приказната почнува со две деца,девојчето Изуми и нејзиниот помал брат Соу како спијат во својата соба додека надвор има јака бура.Изуми се буди со голема главоболка и почнува да плаче.Болката се засилува и од очите на Изуми и излегуваат ножици.Ова сепак е само кошмар на Соу од кој навреме се буди.После кратко време некој им тропа на прозорецот,а тоа е една од другарките на Изуми,која и кажува дека бурата ја збришала куќата на нивниот наставник Нори и ја вика да дојде за да видат што точно се случило.Кога доаѓаат на самото место гледаат како куќата ја нема,а се што останало е добро вкопаниот подрум.Изуми го тера Соу да се симне долу и да го испита теренот како казна што ги следел наместо да остане дома.Исплашен и тресејќи се од студ Соу полека навлегува во подрумот.Сопнувајќи се од еден пар зарѓани ножици ќе падне врз детски череп по што бега од местото како ѓавол од крст.Безбедно се враќа дома,како и сестра му,но тој не знае дека Изуми со себе ги носи ножиците од подрумот.Соу се враќа на спиење и сонува како го гледа новиот наставник кој ќе го замени Нори како разговара со мајка му за трансферот во новото училиште.Полека се врти кон Соу само за да види дека лицето му е деформирано и без уста,нос и очи.Следното утро Соу и Изуми одат на училиште и се однесуваат како да ништо не се случило.На првиот час директорот го запознава класот со новиот наставник.Изуми ја има честа да му врачи букет рози како знак за добредојде.И само што ги предава и се лоши и паѓа на подот.Превиткувајќи се во голем бол децата трчаат по училишниот лекар кој само што пристигнува станува сведок на нешто надвор од секаква логика-Изуми повраќа кал,толку многу што за кратко време поплавува пола училница.Децата се исплашени до смрт,а само Соу се прибира доволно за да им помогне на возрасните да ја однесат Изуми во болница.Неколку другарки на Изуми се решаваат да ја посетат,а во чекалната ги пресретнува расплачениот Соу кој им покажува дека Изуми не само што не е стабилизирана,туку нејзината состојба преминува од бизарна во надвор од овој свет кога им ги покажува седумте детски скелети што Изуми ги поврати од својата уста.До овој момент си мислев дека Умезу само си игра со читателот и кога тогаш ќе се појави некој да каже "ова е само сон" но децата,докторите и останатиот персонал не сонуваат ист сон ниту страдаат од халуциногени наркотици,ова навистина се случува.Овој кошмар излезен од вонбрачното дете на Exorcist и Alien нема крај-Изуми од системот исфрла безбол палка,безбол топче,неколку робот играчки,трицикл и весник.Една од медицинските сестри ќе ја види насловната страна на весникот каде стои вест објавена пред 30 години за сериски убиец кој користел ножици како свое оружје и грабнувал мали деца чии тела никогаш не биле пронајдени.Соу верува дека ова е знак за враќањето на убиецот и се сомнева дека новиот наставник има некаква врска со настанов;и заедно со другарките на Изуми трагаат по вистината.Ова е само почетокот...





Умезу уште од самиот старт ги отвара картите и веднаш не фрла во дувлото на sверот;нема лесен почеток,нема вообичаено запознавање на ликовите,за нивните навики и начин на живот кои по обичај се опишувани пред "почетокот на бурата" во повеќето хорор дела;едноставно нема простор и време кога ти се случуваат нешта кои веднаш би те шизнале на место.Приказната е повеќе во стил на бизарна хорор истражувачка авантура бидејќи целото дејство е гледано од очите на малиот Соу наместо вообичаениот протагонист да биде возрасна личност.Темпото е доста динамично и ослободено од филери,затоа народе немојте да прескокнувате страници ако ова ви е на read list.

Клучниот столб на кој се потпира "Левата рака на Бога" е атмосферата.Било да сте штотуку навлезени во хорор жанрот или сте веќе хард кор хорор фан на кој му е здосадено од веќе видената "црнецот секогаш го папа и плавушата се качува горе наместо да оди по колата и го папа" шема Левата рака на Бога може да ве внесе во фазон да почувствувате страв,да чувствувате тензија и напнатост како да следите високоадреналински трилер ако не сте до толку исплашени или цело време да викате WTF is this во случај ако и ова не може да ве изненади.Во секој случај нема да ве остави рамнодушни.Уште една карактеристика:секоја секција по хорор филинг варира по желба на авторот.Во една книга знае да претера со пролевањето крв и грозоморноста ала Клајв Баркер,за во друга книга драстично да го смени тонот како психолошки мајндфак а да не се пролее капка крв.





Кон сето ова одлично се вклопува цртежот.Кадрите се филмски и даваат чувство на тензија и неудобност(сцените со ножици кои распараат детски очи не можат да ви ја дигнат косата?Не грижете се,има други нешта кои можат тоа да го предизвикаат,и кришум чекаат зад секоја страна).Мала забелешка е претераната сконцентрираност на мастило на секој кадар,правејќи го цртежот доста "масен" но сепак е мал проблем кој може да се стави настрана.

Во сушниот период за хорор филмови,кога Jason,Jigsaw и Freddie Crueger се филмската верзија на рециклирањето на Super Mario игрите,а Вес Крејвен и Роб Зомби од немање идеи се повикуваат на стара слава добро е да се најде алтернатива во облиците на Kiseijuu,Gyo,Cat diary,MPD psycho и други хорор манги.Уште подобро е да се следат нивните траги кои водат до "изворот на злото" и мастермајндот позади него,нешто што ми ја врати вербата дека таму некаде сеуште постојат хорори со првобитната идеја да те исплашат,а не да заморат.

Хорорљупци,навалете!

петок, 30 септември 2011 г.

Pluto

Манга

Плутон
Пишува:Наоки Урасава,Осаму Тезука
Црта:Наоки Урасава
Жанр:Научна фантастика,детективски трилер,сеинен
Издавач:Shogakukan
Списание:Big comic original
Година на издавање:2003












Управникот:Детективу.....вие сте робот?

Гешихт:Да.
Управникот:Пффт,дојдовме до тоа да не можеме да разликуваме робот од човек.
Гешихт:Има едноставен начин да се идентификува робот.
Управникот:Стварно?По што?
Гешихт:Ние не правиме непромислени работи.


За да ја почнам оваа рецензија,морам да ги запознаам оние кои сега првпат слушаат за Осаму Тезука "богот на мангата".Тезука е првиот мангака,автор е на доста познати класици како "Black Jack","The phoenix","Kimba the white lion","Buddha" и "Astroboy".Последново испадна негова научнофантастична верзија на Пинокио за авантурите на Aтом,момче робот кое мирно коегзистира со луѓето и ги штити од зли роботи и вонземски освојувачи.Во 2003 година,најдобриот автор на психолошките/напнатите трилер манги Наоки Урасава се реши да го преаработи "Astroboy" по негов терк.Со позајмување на неколку ликови и концепти,Урасава го направи zа "Astroboy" тоа што Роналд Мур го направи за "Battlestar Galactica" или Кристофер Нолан за "Batman:The dark knight",трансформирајќи една весела детска авантура во мрачен трилер.


Созревањето на едно дете



Во Швајцарија е прогласена тридневна жалост поради свирепото убиство на Мон Блан,робот чувар на еден од националните паркови на Швајцарските Алпи.Истрагата за убиството му е доверена на инспекторот робот во хуманоидна форма Гешихт,припадник на германскиот детективски огранок на ЕУРОПОЛ.На местото на злосторството има само една трага-на главата на Мон Блан се поставени рогови.Во Шкотска,воениот робот Север #2 за првпат се вработува како цивилен работник,како батлер во служба на композиторот Пол Данкан.По некое време,недалеку од замокот се формира бура,а Север #2 насетува дека бурата е нешто повеќе од тоа и оди да провери.Од неговото тело не останува ништо,а на местото каде беше бурата стои карпа во облик на глава со рогови.Гешихт бара помош од роботот криминалец Брау 1589 кој поради убиство на човек својата казна ја издржува во посебно затворско одделение.Роботот му открива дека роговите на жртвите го симболизираат Плутон,римскиот бог на смртта и го предупредува Гешихт дека убиецот за своја цел ги има членовите на "големата седумка"(најсилните роботи на светот,учесници во 39-тата Блискоисточна војна),меѓу кои спаѓа и тој.





Се прашувате зошто го ставив зборот "убиство" наместо "уништување" кој би бил поприкладен за насилна смрт на робот.Одговорот лежи во коренитата промена која го има зафатено футуристичкото општество-роботите не се бесплатна работна сила обврзана да се покорува на трите закони на роботиката од Исак Асимов(1)Роботот не смее да повреди човек или преку недејствување да допушти повреда на човек;2)Роботот мора да ги почитува сите наредби што му ги дава човек,освен оние наредби кои се во спротивност со првиот закон;3)Роботот мора да го штити својот живот се додека таквата заштита не е во спротивност со првиот и вториот закон).Тие ги уживаат правата и слободите како и секој човек,од најосновните па се до правото за основање семејство,заработување плата за својата работа и годишен одмор.Се поголем број од нив се одлучува да добие фацијална промена која ќе му овозможи почовечки изглед,а за уште попродлабочено бришење на границата природна-вештачка свест имплантираат емотивни чипови кои им овозможуваат да чувствуваат тоа што и ние чувствуваме.





Но доста со политичко-правниот аспект.Наместо вообичаеното "роботот добива самосвест и се бунтува против своите креатори" или "човекот сурово ги експлоатира роботите" Pluto дава поинаква димензија на односот човек-робот и ретка прилика да прочитаме приказна каде роботите разбираат работи како сочуство,љубов,милост и даваат се од себе,преку алтруистички дела да го направат светот подобро место за живеење,а поголемиот дел од товарот паѓа на плеќите на дел од роботите од "големата седумка".

Учествувајќи во 39-тата Блискоисточна војна на страната на Соеднинетите Тракиски Држави под изговор дека во Персија се кршат правата на роботите и се произведуваат роботи за масовно уништување(политичката позадина нескриено алудира на Американската инвазија на Ирак во 2003 г.),"големата седумка" го искусува ужасот на војната,колку и да се трудат не можат да ги избришат спомените од илјадници нивни мртви соборци и роботи кои биле подложни на експерименти од непријателот и наместо електрични овци сонуваат кошмари.Нивното искуство со тоа што значи да си обземен во виорот на војната ги тера да направат промена од 360 степени(Мон Блан го посветува својот живот на чување на природата,Север #2 од најдобро вооружениот робот преферира да не се бори повеќе и поминува доста време усовршувајќи го свирењето клавир кај господар Данкан).




Разликите во пристапот кон Astroboy/Pluto кај Тезука и Урасава е видлива и кај цртежот-Тезука е пионер на мангата и творецот на карикираното прикажување на ликовите со големи очи,тенки вратови,преедноставен дизајн и сето тоа личи наивно и детски и веројатно за поновите генерации манга публика тоа би ги одвратило од понатамошно читање.Урасава од друга страна го тера својот стил од Monster-едноставно,но реално портретирање на ликовите,секој од нив со карактеристична црта,а стрип кадрите се флуидни и даваат филмски тон.

Додека ги пролистував страниците имав впечаток дека го читам Blade runner во стрип издание.Роботите како што наведов имаат изборено свое место под сонцето,но и понатаму се чувствува дискриминација(на секој јавен објект се поставени пунктови за раздвојување на луѓе и роботи,незадоволни и гневни граѓани создаваат анти роботски групи по урнекот на американската ККК).Приказната е детективски noir,со бавно темпо и одлична атмосфера.Признавам,Гешихт не е Декард и иако е робот не е робот во смисла да работи рамодушно како што би работела обична машина,со него ќе доживеете доста tearjerking моменти,а сцените каде вози по улиците на мегалополисите на Еврофедерацијата,испрашува сведоци,бара докази итн.,сето тоа фино надополнето со локации низ Персиските сламови,Амстердам,Токио,Истанбул,Берлин,Австралија,Грција и Швајцарија во својот футуристички лик прекрасно се вклопува со музиката на Вангелис за истоимениот филм.





Pluto пријатно ме изненади.Барајќи добра научнофантастична приказна,наидов на нешто што го разбуди топлото чувство кога ќе се потсетам на стариот добар шмек на sci-fi филмовите од осумдесеттите,вметнувајќи ретко искористени теми од манга која датира од пеесетите,но чие ехо сеуште се слуша.Дефинитивно манга која по својот успешен спој на цртеж,дијалози,дејство и ликови не можам да најдам ама баш никаква замерка.

ПС:Ако не сакате да се мачите со читање на Pluto пред компјутер,Viz Media,еден од поголемите дистрибутери на манги на западниот пазар пред една година го комплетираше Pluto во хартиено издание.Pluto брои вкупно 8 книги,сите се со врвен квалитет и во стандарден манга формат.

петок, 12 август 2011 г.

Mudazumo Naki Kaikaku


Манга

Легендата за Коизуми
Пишува:Хидеки Овада
Црта:Хидеки Овада
Жанр:Пародија,сеинен
Издавач:Takeshobo
Излегува за списанието Kindai Mahjong original
Година на издавање:2006












"На почетокот Бог ја создаде маѓонг масичката.Маѓонг плочките беа без облик и празни и мракот вирееше од длабините,а духот божји лебдеше над маѓонг масичката.И Бог рече "Нека биде светлина".Бог ги фрли коцките со целата своја моќ-и би светлина!И бидна вечер,па утро-прв ден.И Бог рече:Нека биде свод помеѓу плочките за да се раздели плочка од плочка.И Бог ги раздвои плочките на четирите страни-исток,запад,север,југ.Бог ги нарече плочките "раце".И бидна вечер,па утро-втор ден.И Бог рече:Нека плочките бидат собрани на едно место.Нека бамбусовите плочки бидат собрани,нека знаковните плочки бидат собрани.Насобраните плочки Господ ги нарече "серии".И Бог виде дека е добро.И бидна вечер,па утро-трет ден.И Бог рече:Нека бидат направени дора плочки кои ќе служат како знаци кои ќе означуваат бонус поени.Бог створи две големи дора плочки:Откриената плочка да ги чува горните плочки,неоткриената да ги чува долните плочки.И бидна вечер,па утро-четврт ден.И Бог рече:Нека масичката биде преплавена со плочките.Полека масичката се полнеше со плочки и тоа го означи почетокот на цумото.И бидна вечер,па утро-петти ден.И Бог рече:Ќе го создадам човекот по мојот лик.Со четири тројки и еден пар ќе го имитирате бог во неговата човечка креација.Ќе ја запоседнете маѓонг масичката и со неа ќе завладеете.И бидна вечер,па утро-шести ден.И на седмиот ден Бог ги заврши своите дела што ги направи.И се одмори во седмиот ден од сите свои дела,што ги направи."


"Битие" од Библијата
Маѓонг верзија



Пред некој ден ја изгледав серијата "Akagi",интересна серија која дава детален поглед на древната кинеска игра маѓонг,со добра приказна и уште подобри ликови.После "Akagi" се прашував дали има уште вакви слични наслови каде играњето маѓонг е централна тема на приказната,па после мало гуглање најдов манга со наслов "Легендата за Коизуми".Сеуште импресиониран од Акаги си мислев како ова може да биде слична приказна,со обични луѓе како се надмудруваат играјќи маѓонг.Boy,was I wrong.


Од каде да почнам?Замислете свет каде сите дипломатски односи,а под дипломатски се опфатени како билатералните така и тие што се значајни на глобално ниво се расчистуваат со партија маѓонг помеѓу светските државници.Замислете го Путин како со рон ќе ја натера Германија да увезува само руски гас,или Обама со манган ќе го доведе Ахмадинеџад на колена и со тоа го спречи Иран да ја развива својата нуклеарна програма.


Еден од ретките позитивни прикази на Џорџ Буш помладиот



Да,ова е ваква манга.Поранешниот премиер на Јапонија,Јуничиро Коизуми ја започнува приказната со тоа што го прифаќа предизвикот на претседателот на САД,Џорџ Буш јуниор да одиграат маѓонг.Ако Буш изгуби,САД ќе го платат долгот на Јапонија во износ од 20.000.000.000 јени.Ако Коизуми изгуби,Јапонија ќе мора да се задоволи со минорна компензација во вид на воени авиони,како гест дека го опростуваат долгот.Коизуми не би го прифатил предизвикот да не беше една катастрофална грешка која ја направи Таизо,несмасен и лекомислен службеник во администрацијата.Буш до последната рунда ја има предноста,и кога сите мислат дека се е решено,Коизуми го открива својот скриен адут-Изгрејсонцето,маѓонг потег со кој Буш ги губи сите поени,а на Коизуми му осигурува недостижна предност и победа.


Јас ја имам силата.....


Ова беше само првото поглавје и мислев дека мангата ќе оди во правец секое поглавје да биде посебна приказна.Уште еднаш-boy,was I wrong.Како што поминуваат поглавјата и добиваме увид во вистинскиот начин на функционирањето на политиката и дипломатијата,на земјата се случува силна експлозија од непознат проектил.Ударот е многу посилен од тој на Хирошима и Нагасаки комбинирано,а светските лидери добро знаат чие дело е.Ај ќе ви дадам шанса да погодувате од трипати кои се кривците.Северна Кореја?Не.Масоните?Не.Ајде,можете и подобро од тоа.Марсовците?Не баш,ама тука негде блиску.Проектилот е истрелан од месечината,од базата на нацистите.Да,добро прочитавте-нацистите.


Миленко не предупреди,но ние не го слушавме



Спротивно официјалната историја и во полза на теориите на заговор,Хитлер и дружината не биле скроз поразени во втората светска војна;во последните денови на војната тие веќе имале друг план-да полетаат на месечината и од таму да создадат нова држава,со нова војска спремна да го врати сјајот на рајхот и да ја покори Земјата еднаш засекогаш.За да не дојде до тоа,светот ги испраќа своите 5 најдобри маѓонг играчи-Џорџ Буш постариот(41 претседател на САД),Јуничиро Коизуми(поранешен премиер на Јапонија),Владимир Путин(актуелен премиер на Русија),Јулија Тимошенко(поранешен премиер на Украина) и папата Бенедикт Шестнаесетти како би се соочиле со најдобрите маѓонг играчи на Четвртиот Рајх на чело со Адолф Хитлер.Борбата од епски пропорции помеѓу доброто и злото само што не започнала.


Само тие можат да го спасат светот




"Koizumi" е неверојатно фасцинанта пародија.Како манга и аниме фан,и како упатен во светската политика и историја можев да најдам доста Pun ситуации и исмевања на доста манга/аниме трендови,како и на политички настани.Маѓонг дуелите не се направени down to earth,туку по теркот на Dragonball,со бомбастични извици кога играчот ја става последната плочка и ја открива својата серија;табелирањето е извадено како од Yu-Gi-Oh,само што тој што губи поени добива електро удари или пламен(зависи од стазата) и му се цепаат алиштата и плука крв(уште еден Dragonball pun);ликовите се over the top и посилни од животот и нормално зачинето со малку фансервис.

Како изгледа маѓонг борба ала Коизуми?

Путин:Ти нема да го направиш своето "изгрејсонце" навреме.Не додека јас ти упатам "БАЛТИЧКА ФЛОТА"!!
Коизуми:Не толку брзо!*Става плочка икс.*
Путин:Ама.......ова............КАКО Е ОВА МОЖНО!!!!!!!!!!!!?????
Коизуми:Додека ти правеше икс,јас превзедов ипсилон,*во меѓувреме во позадина се слуша The raising fighting spirit од Наруто*и таман да завршеше,јас си направив "изгрејсонце" и сега твојата тактика е чкљ.ИЗГРЕЈСОНЦЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Путин:ООООООООООООООООООООООО НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!
Путин ги изгуби сите поени;Путин чади.

Tек да ги видите другите борби.Ова не е ништо.

Напомена:Секој играч си го именува својот заштитен потег по одредени политички карактеристики и настани на својата држава.На пример папата Бенедикт својот супер потег го нарекува "Светото тројство",или "Апокалипса сега" на Џорџ Буш постариот односно Тато Буш.




Badass интро на папата



Како што реков,ликовите се посилни од животот,а Коизуми е тој што зрачи со најмногу енергија.На челото му е испишано нешто што Барни од How I met your mother го нарекува AWESOMENESS,а за да видите колку е Коизуми awesome,најдобро покажува оваа сцена-Коизуми се поздравува со толпата народ;некој ќе го погоди четирипати во телото;Коизуми е жив,но не дава да го носат во болница оти мора да оди на американскиот носач "Нимиц" за да игра маѓонг со Ким Јонг Ил,вечниот лидер на Северна Кореја и со победа да го одврати од плановите да ја гаѓа Јапонија со интерконтинентални балистички ракети;Коизуми доаѓа на носачот;крв му тече од слабо средените рани,но стиска заби;таман da се онесветi но на помош му доаѓа Tаро Асо(исто така поранешен премиер на Јапонија);Асо му се придружува како секундант;Коизуми го креира своето "изгрејсонце" и го прави Ил пуздер;Ил не е многу загрижен оти и така ќе пушти ракета кон Јапонија;Коизуми влегува во F15 ловец и се судира со ракетата;целата нација тагува по неговата смрт-само за да биде подоцна демантирана кога ќе го најдат во Владивосток,но има амнезија;за среќа Таизо му го враќа памтењето со маѓонг и Коизуми штотуку опоравен се враќа во Токио за да се пресмета со Путин и нормално да му го исклоца задникот,маѓонг style.

И нормално,како што секој позитивец си има негативец,така и Коизуми го има Хитлер.И морам да признаам,Хитлер има чуден приказ во мангата.


So kawaii!!!!!


Дали е можно ова лице,исполнето со среќа,мир и љубов,каде цветчиња повремено улетуваат во кадар прикажувајќи една слика на спокоен човек да му припаѓа на човекот одговорен за започнувањето на Втората светска војна и творец на најголемите трагедии во 20 век?Паааааааааааааааааааааа...........да.Но нека не ве залажува сликата-иако ова што го гледате како да испаднало од шоѓо фанфикција каде Хитлер рони и по некоја солза кога ќе изгуби некој што му е мил,Хитлер и понатаму си останува стариот добар мегаломанијакален водач на Третиот Рајх.

А да,дали заборавив да пишам дека го може ова?

Nappa:Vegeta,what does the scouter say about his aryan level!?
Vegeta:It's over 9000!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


Само да го видите кога ќе стане Супер Ариевец 3.

Во одбрана на лошите момци.Некои ќе речат "ама ги видовме нацистите во 1000000000000000000000000 филмови и што се не,мора ли и овде"?На некој начин-да.Додека ја читав не можев да замислам други негативци,а и зошто би требало кога нацистите се логичен избор овде,а се што е со нацисти е загарантиран успех(Cassablanca,Inglorious basterds итн).Патем тие се и меѓу трите најексплоатирани негативци во поп културата-другите две места се резервирани за вампирите и зомбите.Можеби факторот awesome би бил поголем ако комбинираме нацисти-зомбиевци(ама тие немаат друга работа туку да се шетаат сакато и да ти го изедат мозокот,патем оваа идеја први ја дрпнаа момците што го снимаа "Dead snow") или нацисти-вампири(ама тие се веќе искористени во "Hellsing").


Мојот заклучок за една ваква трипозна и неверојатно смешна манга,исполнета од прва до последна страна со "whats this I dont even" моменти,креирана со огромна доза на луда имагинација и халуциногени печурки?

понеделник, 1 август 2011 г.

My balls/Yuria 100 Shiki

And now something completely different.

Изминативе денови се решив да направам мала пауза од читање манги со сериозни содржини,па по препорака на еден другар посветив внимание на делата на Шигемицу Харада.Приказните му се преполни со хард кор ecchi/borderline hentai и комични елементи,поточно на две негови дела;My balls(Моите јајца) и Yuria 100 Shiki(Јулија сериски мoдел 100).

Сакав да ставам слика од My balls,но од пуст страв дека ќе добијам правни импликации се премислив,
so here's a pony

My balls е сместена во денешно Токио,место каде треба да се случи Армагедон,најголемата битка помеѓу силите на доброто и злото(хм,во Библијата пишуваше дека Армагедон ќе се случи на Блискиот Исток but nvm),а злото на чело со Кралицата на теророт Емануела е на чекор до победата.Од друга страна архангелот Михаел применува метод кој ќе ја зароби кралицата(методот е сличен како оној што го применува Роши кај Пиколо од Dragonball).Ако кралицата биде фатена,војната ќе заврши и сите ќе бидат весели и среќно ќе живеат.Or did they!!?Михаел успева во намерата,но Емануела не е затворена во шишенце или кутија или покетопка.Нејзините зандани се јајцата на Сато Коута,19 годишен работник во пиљара.За да не се ослободи кралицата Коута е присилен да не ејакулира 30 дена и мора да се воздржува од валкани мисли,порно списанија и видео клипови,било што што ќе го стимулира.На пат да ја ослободи Емануела е Елиза,демоница од најнискиот дел од хиерархијата од светот на ѓаволите.Задачата што и е доверена и е од големо значење-ако ја заврши како што треба,може да добие унапредување и да стане дел од демонската елита,па користи се што има за да го натера Коута да ја исфрли кралицата.Но тоа не е единственото нешто од што Коута мора да се пази;колешката со која работи е тешка нимфоманка(додуша тоа станува по 2-3 пива) и одамна му го има фрлено меракот,а газдата го носи во масажерски бордел салони за да го внесе во светот на возрасните(Коута е девица,па уште потешко му паѓа што разноразни девојки му се пуштаат баш во ова време).Дали Коута ќе испости доволно долго за да го спаси човештвото или ќе ја исцеди последната надеж и ќе и дозволи на Сатаната да го запали светот?Останува да видите.

Во My balls нема сцена што не смешна.Коута е доведен во многу урнебесни искушенија од демонскиот свет,но ги преварува со свои уште поурнебесни трикови,па ќе го гледаме како тој се здобива со искуство и секоја незавидна ситуација ја добива во своја полза.Во некои моменти Елиза го краде шоуто кога ќе дознаеме дека и таа е девица и се плаши од 'змијата" на Коута,често прибегнувајќи кон оригинално смешни решенија да го возбуди Коута без таа да си ги извалка рацете.My balls е една од најдобрите манга комедии кои сум ги прочитал во последно време.Detroit metal city е единствената манга која може да и парира кога станува збор за hit below the belt комедии,но My balls е класа за себе.

On second thought,to hell with censorship


Од друга страна,Yuria 100 Shiki е слична во миксот echhi-комедија,само во научнофантастична обланда.Во тајните простории на доктор Акиба се пишува историјата.Тој е првиот научник кој ќе создаде робот кој е најблиска имитација на човекот.Но роботот нема да се користи за благородни цели-освен ако под "благородни" го ставиме и давањето сексуални услуги.Др.Акиба ја создаде Јулија за да ги задоволува сите негови интимни желби и да му биде "идеалната холандска сопруга".Е сега се би му одело како подмачкано да не е оној мал проблем кој се нарекува"научникот вградува нервен систем на роботот со кој подоцна станува самосвесен" и Јулија бега од него.Бегајќи што подалеку таа ќе се судри со Шунсуке Кубо,кој сожалувајќи и се во каква состојба е,ќе и даде престој во неговиот стан.Шунсуке и Јулија се зближуваат,но Јулија која е програмирана да биде секс робот има неодолива желба да го легне Шунсуке и така да биде за него идеална холандска сопруга(Јулија е ничиј секс робот се додека не ја изгуби невиноста).Јулија користи секаква можност да го заведе и со тоа да му биде идеалната холандска сопруга(овие зборови често ќе ги среќавате),но Шунсуке и одолева оти му е страв да не го откачи вереницата.



Ѕвездата на Yuria 100 Shiki е самата Јулија.Од моментот кога е на слобода,таа многу малку знае за околината која ја опкружува,па поради тоа ќе прави работи кои го доведуваат Шунсуке во многу резил ситуации,и секако неизбежното-да го оговара друштвото и цело маало;а како што добриот глас надалеку се слуша,така и ова стигнува до ушите на неговата вереница која не го жали својот скап чадор кога го мава Шунсуке.

Иако Yuria е од истиот мангака на My balls,сепак My balls е подобра што се однесува до комичните сцени.Yuria на почеток е интересна со напорите на Јулија да го усреќи Шунсуке,но ваквата ствар се повторува со секое одминато поглавје и знае да замара.Монотонијата се разбива околу третата книга кога Харада не запознава со нови,пософтицирани и подобри модели од истата серија модели Јулија,а подоцна и со инвазијата на Луси МК,американско-европски модели создадени од еден американски доктор од Силиконската долина како одговор на неговиот јапонски колега дека амероевропските роботи можат да бидат подобри во секој смисол.

Дали My balls/Yuria се блесави?Да.Дали се некоректни?Да.Дали приказните се глупи до тој степен да се смешни?Да.Но тоа не ме спречува да земам одмор од дела со сериозни тематики и одвреме навреме да најдам некој интересен и забавен треш.