петок, 11 март 2011 г.

Манганација растура ^ ^

Во Македонија конечно се оформи група за сканлација наречена Манганација. Сега за сега сме 12 души од различни профили кои се собравме со една цел, да преведувме манга и да го делиме задоволството на читање на манга со останатите кои досега тоа не го правеле.


Денес го објавуваме нашиот прв сканалциски проект „Кошмарот на измислиците“, кратка приказна поврзана со познатата аниме серија „Серискиот експеримент Лејн“ (Serial Experiments Lain). Таа всушност е бонус приказна во артбукот „Сеприсутноста на Лејн во Вајрд“ (Lain Omnipresence in Wired) и е прилично самостојна. Не мора да сте ја гледале серијата за да ја читате, но може да ви биде како тизер за да ја изгледате. Во оваа намера со се’ срце ве поддржуваме :)

Автор на оваа манга е Јошитоши АБе (ABe, Yoshitoshi), кој е исто така оригинален креатор на серијата. Но сосем коинцидентно АБе е и цртач на мангата „Добредојдовте во НХК“ која е всушност токму манга серијата која се зафативме да ја сканлираме и би требало наскоро редовно да почнете да ја добивате преведена епизода по епизода.

Од време на време, пак ќе имаме и по некоја ваква кратка манга за освежување. Па да се надеваме деке убаво ќе ни тргне.

Инаку, мангата е во боја и има 18 страници. фајлот за симнување е 50MB.
За симнување ја имаме во различен формат, па изберете кој ви одговара.

Кошмарот на измислиците.cbz - за оние кои се научени да читаат стрипови и имаат софтвер со кој го прават тоа
Кошмарот на измислиците.pdf - спакувана за лесно читање за сите :)

Тука пак, може да ја читате online целата манга без да ја симнувате и е помалку од 50MB :)
...

понеделник, 7 март 2011 г.

Уникатниот Јапонски Хорор




Додека Холивуд снемува идеи за хорор филмови, губи од квалитетот и оригиналноста, Јапонскиот хорор филм несомнено со години наназад стои на врвот, одземајќи и го здивот на својата публика со најморбидните и најужасните приказни за неправдата, одмаздата, проклетствата и надприродните сили, претставувајќи инспирација за снимање на американски верзии од истите.

Овој документарец открива кои се симболиките позади класиците The Ring, Audition, Suicide Club и The Grudge, и како тие го поврзуваат реалното со нереалното, живиот со мртвиот свет, и причината за тоа што најчестата форма на бесен дух кој се одмаздува е токму жена во бело, со коса преку лицето.

* Документарецот се однесува на Јапонскиот хорор филм, но опфаќа и неколку Корејски, Тајландски и Кинески филмови заради споредба и општ осврт на Азијскиот филм наспроти Американскиот и Европскиот.



1. Јапонскиот Хорор ( Discovery ) Прв дел:



2. Јапонскиот Хорор ( Discovery ) Втор дел:



3. Јапонскиот Хорор ( Discovery ) Трет дел:



Watch Asian Horror Movies Online

Download the best Asian Movies Torrents from AvistaZ

среда, 2 март 2011 г.

Seijin no Hi - празникот на зрелоста


Еве еден прекрасен празник во Јапонија. Seijin no Hi (成人の日) е празник кој ја слави зрелоста, односно е наменет да ги охрабри младите кои наполниле или ќе наполнат 20 години, во периодот од претходниот 1 Април до овој 31 Март.

Церемониите се одржуваат во Јапонија од 714 г., кога млад принц се накитил со нова облека и фризура за да ја прослави својата зрелост. Во минатото, во Едо периодот (1603-1868), на момчињата им биле отсекувани шишките, а на девојките им биле боени црни предните заби.
Поставен е како празник во 1948г, кој традиционално се слави до 2000 на 15ти јануари, а од тогаш, вториот понеделник од јануари. Ваквата промена се должи на промените во законот во Јапонија - т.н. Happy Monday System - кога голем број празници се поместени во понеделник, за да се овозможи тридневен викенд за оние кои имаат петдневна работна недела. (практично, нели?)


Во зимските ладни и врнежливи денови, прекрасно е да се види шаренилото на улиците. Девојките носат цветни furisode, kimono со многу долги џебови на ракавите, и zori сандали. Одат во салони за да направат фризури и често изнајмуваат формална облека, која вообичаено е многу скапа да се купи. Момчињата носат темно kimono со hakama, но последните години се’ почесто се среќаваат и во формални западњачки облеки.

Празникот е национален и тој понеделник е неработен. Локалната управа обично одржува церемонија за дочекување на новите „возрасни“ во заедницата, нагласувајќи дека со новите зголемени права, како возрасни имаат и зголемени одговорности. После церемонијата, младите обично се групираат и прават забави, нормално, славејќи го правото на легално пиење алкохол.

петок, 25 февруари 2011 г.

Интернационализација на мангата –САД

Со големо и неоправдано закаснување, ова е мојот текст на тема манга од третиот број на „Синдром“, со моментално изоставена рецензија на Голго 13. Уживајте.

Интернационализација на мангата –САД

Иако мангата во Јапонската уметност е присутна од XIXX век, а станува многу популарна и ја добива денешната форма непосредно по Втората светска војна, пробивањето и популизирањето на мангата на другите пазари започнува три децении подоцна. Успехот на мангата во САД, првенствено се должи на популарноста на анимето, кое веќе го имало освоено Американскиот пазар. Па така љубителите на аниме уште од 70те биле свесни за постоењето на манга и покажувале интерес за истата. Меѓутоа во тој период мангата била тешко достапна, пред сè поради јазичните разлики; додека било лесно да се најде превод за аниме на англиски, наоѓањето на преведена манга било многу потешко.

Но интересот за манга бил согледан и така во 80те години почнуваат да се појавуваат првите преведени манги на англиски јазик. Меѓу нив можеме да ги вброиме: Barefoot Gen, Golgo 13 (1986), Lone Wolf and Cub (1987), Akira (1988), Appleseed (1988), Ghost in the shell (90-те) итн. Од 90те години наваму популарноста на мангата континуирано расте, така да истата денес претставува значаен дел од пазарот на стрипови во САД, но и Канада со учество од 175 милиони долари во 2008та година.